скопје

Неколку поенти за настаните во Ѓорче Петров: Мај 2014. Со надеж дека нема да се повтори.

Tags: 

Текстот подолу е одговор на твитот на azazelo:

па уште во СФРЈ важеше„не си АЛБ ако не носиш оруж.“,наместо АЛБ да работаат на менување на оваа лоша традиција

https://twitter.com/azazelo_s/statuses/469127107197796353

и оригинално е објавен на twitlonger. Го додавам и овде заради подобро памтење.

Мислам дека е страшно тоа што го пишуваш „важеше „не си АЛБ ако не носиш оруж.“…“ не само затоа што мислиш така, туку затоа што (ми се чини) сакаш да оставиш впечаток дека многумина мислат така. (ОК, моето искуство со bullies и ножеви секогаш било со Македонци — па можеби затоа сум толку зачуден). Но, да одиме со ред.

Прво, мислам дека одлика на разумни луѓе е да го менуваат своето мислење како што нови информации стануваат достапни. На почеток имавме една приказна во медиумите (тој бил сам, се шетал, го видел точакот, тие биле 3-4, го збуфтале…). Потоа дојде другата приказна, која е и далеку поверодостојна, т.е. дури и таткото признава дека го бркале момчето (а не го вели тоа само МВР, Курир, Фокус или кој и да е спинер). Зарем вакво сознание не треба да го смени нашето мислење за настанот? Зошто е толку тешко да се помисли на самоодбрана? Дали ти мислиш дека ако некој да те брка со возило 20 минути, ќе се чувствуваш како да *не* ти е загрозен животот? Веројатно уште детали ќе излезат во јавност и ако тие се нови и различни ние би требало повторно да ги анализираме и да донесеме поинаков заклучок ако дедукцијата не доведе до таму. На пример, ако на оружјето полицијата најде само едни отпечатоци, тогаш тоа е една приказна, ако најде два пара друга, а и уште 2-3 приказни во зависност од тоа каков е ножот (што ако е кујнски и таму има отпечатоци на мајката што останале од порано?) Дали тоа ќе значи дека таткото и синот тргнале со намера за фатална пресметка со крадецот? Ова се сериозни прашања и јавноста (ние) и секако одбраната имаат право да ги поставуваат. Секако, ако камерите од болницата покажат повеќе од 2-3 лица како се борат, тоа уште повеќе ќе ги смени заклучоците што ги носиме. Можеме да се надеваме дека за сите овие работи ќе има due process и можеме да ликуваме дека никогаш нема да се дознае што се случило (пошто МВР ќе заташка, Грујо и Али ќе се договорат итн.) Но, дури и да се случи тоа, полицајците претходно сигурно ќе ја утврдат вистината. Затоа што единствен начин вистината да се скрие е таа да се знае целосно.

Второ, тоа што родителите молчат за овие факти што до сега се знаат се движи од загрижувачки до одвратно. Веројатно и таткото на Ангел ќе дојде до сличен заклучок штом му помине шокот: Секој родител што не го осудува тоа што татко му дозволил на син да тргне во некаква си потера (имал или немал стереотипи за способноста и наоружаноста на тој по кој што тргнал) треба да си ја чукне главата. За ова нема дебата. Не сум родител и не знам — но ми се чини дека јас да сум во ситуација кога синот ќе беснее да трча по некој што сакал да му украде точак ќе му влепам шамар и добриот ќотек (што ти го спомнуваш) ќе дојде од моја страна кон моето дете затоа што се занесувало да стане некаков си филмски осветник.

Трето, молкот на јавноста кон последователното сценарио кое што очигледно е организирано од партиски центар во соработка со полициски структури е уште повеќе загрижувачки, како што е и самиот чин што тие одлучиле да го прават. Не, немаат право граѓаните на Скопје да дивеат на ваков начин и полицијата не смее да го дозволи тоа. Ако имало кражби и порано не треба да ја запалат населбата. Впрочем, знаеш, кога се искрени протестите и се затоа што јавноста е загрижена — тие се мирни и се како молба, а не се насилни и како закана. Овој молк можеби ќе не` замолчи за долго време. Нема друго што да се рече освен дека стравот сега е многу, многу поголем затоа што теоретското нема кој да те брани од насилници, сега се претвори во практично. Сети се само на легендарната „Ти нема да ми го кршиш Белград“ кога некои навивачи правеа лом кај Мекдоналдс. Деновиве властите рекоа кршете. И веројатно си направија вежба во ЃП место на Криволак. (Ми се чини дека ти не твиташе ништо на оваа тема, и извини што оди ова во одговор кон тебе, но ете имаше и такви твитови, па да го додадам ова пред да стигнам до крајната поента.)

Четврто, и последно, жалам што мислиш дека Албанците се тие што треба да се борат против стереотипите. Ако си го гледала http://www.imdb.com/title/tt0106266/ можеби се сеќаваш на „ако видиш црнец со стерео, тогаш знаеш што прави — краде“. Твоето е буквално така — „ако видиш Албанец тогаш знаеш дека има скриен нож“. Ова е стереотип што го создава доминантната група: „Циганите ќе те украдат“ — му вели мајката на дететео, „Шиптарите ќе те убијат“. Исто како во црно-белите односи во САД и во машко-женските односи (т.е. феминизмот) поголемиот дел (можеби најголемиот дел) од одговорноста за надмиување на разликите меѓу групите паѓа на доминантната група (во нашиот случај на мнозинската група — Македонците). „Ако видиш жена во канцеларија — мора да е секретарка?“ — вака можеби полесно се илустрира ова. Значи, случајов на страна (затоа што како што реков во 1 може се` уште да дознаеме нови работи) тешката работа за надминување на недовербата и стереотипите е кај Македонците. А тие само што гласаа во мнозинство за опција што барем номинално не сака да преговара со другите. Би рекол на крај — во ваква ситуација, господ нека ни е на помош. Ама не сум религиозен. Со тоа толку.

Економскиот пад и деградацијата на урбаното искуство

Tags: 

Како гледам на де-град-ацијата на Скопје и зошто сум тажен поради тоа

Во Е.Т. на Стивен Спилберг има една легендарна сцена кога децата возат со велосипеди низ соседството во обид да го спасат својот вонземски пријател.

Тоа е американско предградие. Најчестиот дом на модерното семејство составено од родители и деца. Тоа е сцена што ќе ја видиме во многу други филмови како што растевме пред екраните што пренесуваат американска продукција. Тоа е сликата на просперитетот на тој дел од светот.

Се сомневам дека некогаш сум помислил на ова додека како дете сум се возел со велосипед низ моето соседство имитирајќи ги децата од Е.Т во спасувачкиот обид. Хром. Сега, крофните, Џака и ЛД Пистолеро го ставаат на мапа, но отсекогаш беше тешко да се им се објасни на луѓе каде е воопшто тоа.

Бев сѐ уште во средно училиште кога една семејна пријателка се отсели во Белгија и на првото враќање на одмор овде раскажуваше за тоа како изгледа нејзината населба. Тоа е сликата на населба од Е.Т., сликата на населба од Хром во (можеби) 1980 г. Но, ми требаше долго време да го сфатам тоа, или повеќе пати да ја раскажам приказната за Хром, за да конечно сфатам зошто соседството повеќе не изгледа така — „европски“.

Кога луѓето ме прашуваат, секогаш почнувам со приказната така како што ја знам од тоа што некој и мене ми раскажал: Првично именувана како „Нова населба“ била започната да се гради пред земјотресот во Ѓорче Петров кое тогаш не било дел од Скопје. Всушност постарите жители на Хром сѐ уште велат дека одат „во Скопје“ кога помладите велат дека одат „во град“. Била првата планска населба. Исти куќи изградени наизменично на еднакви плацеви, паралелни улици поврзани меѓу себе. Во суштина Хром бил едно од првите (можеби и навистина првото?) предградие што се градело во повоена Македонија.

Навистина не ја знам точната историја и не знам ни дали може да се провери некаде. Но ако морам на погаѓам, не е тешко да се замисли дека потребата за вдомување на новата работна сила што била потребна на градовите се задоволувала со градење на планска населба. Повоена Македонија била земја што брзо се индустријализирала и модернизирала. Всушност, постојат голем број на референци (еве една) за тоа дека Југославија е голем проект за модернизација во овој дел од светот, веројатно во многу работи и неуспешен.

Клучното овде е што најголем дел од луѓето доаѓале во градот од село. Го менувале својот начин на живот од селото со тој од градот, или барем со тој од предградието. Мислам дека тоа е длабока промена. Веројатно во нашата култура немаме премногу референци за оваа промена. Можеби ако го гледате „Мирно лето“ ќе видите како себе си се доживувала раната граѓанска класа. Но имаме многу, премногу дури, референци од американската култура и денес токму во споредбата на нашето тукашно живеење со тоа презентирано американските филмови можеме да ја видиме разликата во градското искуство помеѓу два проекти за модернизација, од кои едниот е значително поуспешен.

Предградијата кои сме навикнати да ги гледаме се местата каде што живеат семејства (мајка-татко-дете, дефиницја и поопширно тука) кои работат во фабрики или канцеларии (во градот) и учат во училишта. Тоа е сосема поинаква слика до поширокото семејство кое што живее на село, кое типично вклучува повеќе генерации под ист кров, работа на поле и вклученост на децата во работната сила. Повторно погаѓам, но сигурен сум дека и во нашата можеби непребогата општествено-истражувачка традиција е документирана ваквата промена во годините на интензивна индустријализација и брз економски раст.

Економскиот пад на Југославија и подоцна падот и падни-стани успехот на Македонија слика сосема поинаква слика. Да се вратиме на Хром. Населбата добива сѐ повеќе селски лик и намена. Првите куќи кои од куќи за едно семејство преминаа во куќи за „пошироко“ семејство почнаа го добиваат својот облик во доцните 1980-ти години. Од тогаш до денес, во мојата улица останати се можеби 2 или 3 „оригинални“ куќи. На сите други парцели има големи зданија во кои заедно живеат и до три семејства. Ова се разбира не се случува само во Хром или само во населбите со куќи. За мене доволна е прошетка низ зградите во Карпош (тема што е обработена и од архитектонска гледна точка) за да се види како со доградбите се создаваат услови за под „ист кров“ да живее повеќе од едно семејство. Можеби сето тоа не е ни толку чудно ако се земе предвид дека голем број од оние кои го имале првото градско искуство доаѓајќи од село сѐ уште се живи и за нив моделот „еден кров“ е нешто на што се сеќаваат како решение за животните проблеми.

Така лизгањето на градските населби во помалку градски не е само прашање на архитектура. Прво, тоа е промена на урбаното искуство. Второ, тоа е одраз на економската моќ.

Се повеќе се сомневам дека носталгијата за „старо Скопје“ е носталгија за градбите срушени во земјотресот. Што ако носталгијата е за времето на напреден град и граѓани што се богатат и живеат убаво? Замислете ја сликата на град полн со млади луѓе кои имаат работа и заработуваат добро. Навечер излегуваат на корзо или во театар. Универзитетот се полни со нови луѓе кои деновите ги поминуваат во библиотеките, а ноќите во слушајќи рокенрол. Дома сите се сами, па дружењето во градот дава вистинско урбано искуство. Се чека ред за в кино? Можеби е тоа шанса да се запознаат нови луѓе.

Тоа Скопје е исчезното. Не поради земјотресот. Веројатно таква слика може да се наслика и за 1970-те. Тоа Скопје е исчезнато поради економскиот пад. Тоа е Скопје во кое живееме денес, кое и покрај симулацијата на „стариот театар“ од проектот Скопје 2014 не може да ја врати просперитетноста. Нашето Скопје е Скопје што го сакаме кога е празно. Можеби затоа што дома седиме со браќата, сестрите, родителите и дедовците и бабите, можеби и внуците. Го сакаме Скопје кога е празно затоа што тогаш конечно сме сами. Одиме надвор за да не се дружиме. По скопски — буљиме немо во пијачкта. Партизанска да беше ливада и по неа слободно да трчавме. Тоа е нашиот сон. Тоа е нашето инверзно урбано искуство.

Економскиот пад и враќањето назад на процесот на модернизација е втората катастрофална последица на изминатите 30 години. Токму денес се појави The Social Life of Small Urban Spaces каде воведната реченица е: „Начинот на кој луѓето користат некое место е огледало на очекувањата.“ Можеби очекуваш валкана улица и фрлаш искористена автобуска карта. Но, можеби очекуваш сиромаштија и ја ѕидаш терасата или правиш лепенка на бараката за да има место за сите.

Дали градењето или доградувањето е разумно од аспект на статиката или безбедноста на зградата не може да биде пресудно прашање кога се бара уште една топла постела. Реакциите на привелегираните, оние што можат да си дозволат да не ја преградат терасата или да го одржат тревникот наместо да му фрлат бетон за доградба, се исто така реакции на луѓе кои се навраќаат на село. Сликата од селото не е комплетна без богатиот феудалец што зад високите огради и порти ужива во луксуз, се потпира на оние што му работат на имотот и се жали на нивната мрзлива појава.

Се случи така во последниве неколку дена интензивно да бидам изложен на темата „град“. Се прави нов TEDxSkopje и темата е град. Зборував со пријатели за некои случувања во нашите животи и темата беше животот во Скопје. Пробував еднаш да објаснам и како се стигнува до Хром. Сѐ погоре е некаква синтеза на тие разговори.

По вакво размислување станувам тажен што моите улички повеќе не можат да се споредат со западно предградие. Не затоа што едно такво предградие е најдоброто место за живеење. Туку затоа што е индикатор за богатството на луѓето. А нашите соседи стануваат сѐ посиромашни секој ден. Не гледам никаков, дури ни имплицитен, можен позитивен ефект од ова. Хром веројатно е еден од поочигледните примери на неуспехот на модернизацијата и за економскиот пад, макар и гледано така тесно, во Скопје.

Се прашувам кои приказни ги имитираат децата што сега се возат по уличките.

Јавниот превоз и редистрибуцијата

Tags: 

Со дозволувањето пензионираните граѓани бесплатно да ги користат услугите на ЈСП Скопје во вторник и петок, градските власти создадоа индиректни субвенции за приватните автобуски превозници.

Пред оваа интервенција патниците го бирале автобусот по одредени критериуми. Сега тие критериуми се променети. Имено, патниците треба да го засметуваат и дополнителниот број на патници што исклучиво го користат превозот од ЈСП.

Поради ова некои од оние патници кои плаќаат можат да се одлучат да се возат со приватните превозници, и со тоа ним да им го зголемат приходот. Под претпоставка дека ова не би се случило инаку, со интервенцијата на градот всушност се случила двојна редистрибуција: прво од градската каса кон ЈСП и второ од граѓаните кои плаќаат за превоз кон приватните превозници.

Уште две (кратки) поенти за градот

Tags: 

1. Градот е избор

Градовите, како што вели Вилијам Гибсон во повеќе пати цитираниот текст од Scientific American, даваат повеќе избор од малите места, и постојано, со зголемување на бројот на рандомизации на можните човечки и културни контакти. Градовите, вели тој, беа огромни, повеќеслојни мотори на избор, олуѓени воглавно со странци.

Помислете на ова секој пат кога на ѕид еден до друг ќе видите два постера: еден што најавува концерт на прославена српска турбо-фолк ѕвезда и друг што најавува концерт на култен бенд од Англија.

Исто така помислете на ова кога темата е Скопје 2014. И покрај своите (очигледни?) проблематични точки (корупција, губење на заедничкото, идеолошка поставеност), и вкусовите на страна, проектот, штом ќе заврши, ќе го остави градот воглавно со повеќе опции од порано.

2. Градот е трпение

Ако градовите се олуѓени со странци, тогаш секој мора да има трпение кон сите други различни и други луѓе што ги среќава. Некои одат бавно, некои брзо. Ако сте на село, тогаш можете да скокнете преку други патеки и патчиња да стигнете побрзо некаде, ако сте во град тогаш мора да чекате во ред, на улица, во супермаркет.... секаде.

Помислете на ова секој пат кога раката ви оди кон сирената на автомобилот со брзина на револвераш од дивиот запад.

Исто така помислете на ова, кога темата се дијалектите што ги слушате на улица, гужвата што ја доживувате во вторник и петок во автобус и слично.

Од фиоката: Идеологијата и градот

Tags: 

(tl;dr Ако правиш либерал-демократска држава по кројот на последната мода од ЕУ, зошто да не правиш и она што мислиш дека треба за таков град? Што ако либерал-демократското наследство доаѓа периодот што го гледаш како ропство? Дали можеш од него да ја извлечеш само архитектурата и што ако таа веќе не се вклопува во рамката за нормализација?)

Во својот текст „Деца на посткомунизмот“ Борис Буден зборува за однапред одредената транзиција и губењето на сеќавањето за комунистичкото минато кај земјите од поранешниот источен блок. Кога го читате текстот се чини како тој да зборува за земјите како Полска, Чешка и Словачка кои мирно и демократски го сменија системот во кој живееја до 1990 г. Патронизирањето на наднационалните институции како ЕУ за тоа што е демократија над овие држави се чини апсурдно, бидејќи нивните граѓани точно покажаа во тие времиња дека знаат што е тоа. Сепак, заборавањето на тоа и прифаќањето на транзицијата кон либерален-капитализам како единствено нешто кон кое една држава / општество може да се стреми е дел од европската нормализација. Исто така, ваквата одреденост кон некоја цел не е непозната за држави од овој блок, бидејќи и пред 1990 тие знаеја дека целта однапред се знае – комунизам.

Велам се чини дека тој зборува за овие источноевропски земји затоа што не знам до која мера истата анализа може да се примени на Македонија. Секако, Македонија најмирно ја напушти СФРЈ. Можеби и најдемократски. Но, дури и ова да не е така, Македонија сепак е дел од наративот за транзиција и нормализација кон вредностите на Европа: демократија, човекови права, слободен пазар итн. Нема да навлегуваме во тоа дали ова е добро или лошо. Само ќе го нотираме отсуството на избор. Или како што вели Буден: „[порано] политичката наука секогаш ја разгледуваше промената на режим откако ќе се случи. Се трудеше да извлече историски лекции екс-пост. Не беше заинтересирана за иднината, бидејќи исходот од ваков тип на транзиција, повеќе или помалку, беше отворен. Тој не завршуваше нужно во демократија.“

Ако нашата иднина е предодредена за либерална-демократија, тогаш кое е либерал-демократско наследство на Македонија, ако воопшто го има?
За ова се вртиме кон Дејан Јовиќ и неговата „Југославија: државата која одумре“. Јовиќ вели дека првата (или уставно гледано, првите две) Југославија – таа од пред II СВ е проект за градење на нација: „Југословенската нација не постоеше, но аргументот беше дека Србите, Хрватите и Словенците беа на пат да станат една нација на сличен начин на кој Италјанците во Италија го направија тоа.“ Ова е важно затоа што таа Југославија е либерал-демократска држава (до степенот до кој таа може да се смета за таква во (духот на) времето кога е формирана – види либерален цајтгајст во светот пред II СВ преку идеите на Вудроу Вилсон, Лигата на народите итн.)

Во тоа време територијата на денешна Р. Македонија е дел од (условно речено) српскиот влог во новата држава. Како што градењето на Југословенската нација започнува, архитектурата си ја зема својата (вообичаена?) улога. Токарев вели дека: „на конкурсот за градскиот центар [во Скопје] отворен во 1930, беше одбрано решение што одговараше на вкусот на тогашната влада“. „Тогашната влада“ е владата на (каква-таква) либерал-демократска Југославија. А објектите кои се градат во тој период се денешните симболи на старо-ново-2014 Скопје: банката, театарот итн. Се чини дека „градењето на нацијата“ во секое доба се случува со градењето на исти објекти. Но, тоа што е интересно за Македонија е дека овие објекти често се поврзуваат и со колонијалното владение на Србија.

Да споиме сѐ заедно. Денес, Македонија во ист период има „градење на нацијата“, „транзицијата кон демократија“, „нормализација кон Европа“ и исполнување на предодредената либерал-демократска иднина. Што се однесува до Македонија (владата, мејнстримот, како и да е) сите овие одат заедно. Бришење на отоманското минато, правењето градот да изгледа како другите европски градови е нормализирање на градот, исто како што приватизацијата, бришењето на работнички права типични за социјалистички држави е нормализирање на економијата, а Охридскиот договор, граѓанските права и мирните изборите нормализирање на демократијата итн.

Сепак, (немаше да го пишувам ова ако на крај нема „сепак“) „нормализаторите“ не мислат исто. На пример, последниот извештај на Европската комисија вели дека новиот урбан план за Скопје 2014 се чини како да создава поделби помеѓу во интер-етничките односи. Прашањата за правата на етничките заедници и стабилни односи помеѓу нив (Орхидски договор) секако се дел од нормализацијата, исто како што се добрососедските односи и регионалната соработка (ова секако се однесува на Грција).

Можеби нормализацијата кон либерал демократска Европа е преодредена, но можеби, исто така, може да биде одложувана. Среќен 8ми септември, по втор пат.

***

Фиоката е празна.

Имам уште 2-3 идеи кои за клучни зборови ги имаат „Македонија“ и/или „Скопје“, но колку и работите да изгледале појасни од било кога, истовремено никогаш не изгледале подалечни.

Блогот за Кинотека

Tags: 

Веќе 3 години блогот Кинотека дневно ја објавувва програмата на Кинотеката на Македонија, притоа користејќи повеќе сервиси на интернет: blogger (за блог запис), twitter (за кратко инфо), upcoming (за календар).

Кога во 2008 година го започнав целта беше програмата да биде подостапна на „интернетски“ начин. Во тоа време, единствено беше достапна на хартија и на форумот кој тогаш го одржуваше кинотеката, кој по многу нешта беше непрактичен.

Немам податоци, но ми се чини дека сервисот што го изградив(ме) е корисен.

Изминатиот месец тековниот уредник Андријана го најави своето повлекување од блогот, па местото е отворено за кој било што сака да продолжи да го уредува овој кино сервис.

Процесот на објавување помеѓу различните интернет сервиси е речиси целосно автоматизиран, а и содржината како таква доаѓа готова од селекторот од Кинотека. Треба само да се објавуваат информации со неколку клика, но веројатно не е толку лесно колку што звучи. :-)

Можеби веќе блог + твитер + слично не е штос во Македонија откако сите се на фејсбук. Но, еве да не остане ненапишано.

Скопје 2014 низ очите на економисти

Tags: 

Не е прв пат да референцирам кон „Маргинална револуција“, блог на двајца професори - економисти од САД. Денешниот текст е “When and where do great feats of architecture come about?” и тој води до истоимениот текст на Аџај Шах.

Еве два цитати од таму:

Transparency

You only need to impress someone when there is asymmetric information, where that someone does not know how great you are. Shah Jahan needed to build big because the targets of his attention did not know the GDP of his dominion and his tax/GDP ratio. In this age of Forbes league tables, Mukesh Ambani does not need to build a fabulous structure for you to know he's the richest guy in India. A merely functional house suffices; a great feat of architecture is not undertaken.

Accountability

The incremental expense of going from a merely functional structure to a great feat of architecture is generally hard to justify. Hence, one might expect to see more interesting architecture from autocratic places+periods, where decision makers wield discretionary power with weak checks and balances. As an example, I think that Britain had the greatest empire, but the architecture of the European continent is superior: this may have to do with the early flowering of democracy in the UK.

Авторот продолжува со анализа споредувајќи ја архитектура на денешна Кина и Индија со овие критериуми, но секој од нас може истото да го направи и за Македонија.

TEDxSkopje - една година потоа

Tags: 

Вчера се случи објавата на последните три видеа од TEDxSkopje 2010. Скоро една година откако разговарав за идејата за TEDx со Илина (поздрав!), TEDxSkopje 2010 е завршен (или ќе заврши во следниве 24 часа со качувањето на остатокот на видео материјалите на интернет). Тоа е добра временска дистанца да видиме (со препознатливите зборови на Мисирков): „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“

Мојата лична мотивација да се зафатам со TEDx беше да видам дали може да се направи, се разбира, во Македонија. Под „да се направи“ мислам на тоа да се организира настан што ќе ја постави сцената за поинаков (пред сѐ квалититативно) говор во јавната сфера. Денес, додека ги средувам впечатоците од вчерашните видеа, мислам дека тоа сме го постигнале. Ми требаше оволку време да го заклучам ова бидејќи јас на овие презентации всушност и прв пат ги гледам говорите на 12-те TEDx-совци. Затоа посебно мили ми е што вчера видов дека Небојша Вилиќ во својот говор ја допрел темата за јавниот настап.

Уште еден говор, оној на Клајд Масгрејв, прекрасно се надоврзува на тоа што се случуваше околу TEDxSkopje, почнувајќи од првите средби со идеи, па до последниот кадар што се монтираше. Идејата дека треба да им се помага на луѓето без да се бара нешто за возврат совршено се вклопува во приказната на триесетина луѓе кои одвоија од своето време, знаење, вештини и пари за да го смислат, спроведат и овозможат TEDxSkopje. Причините? Забава и задоволство. И овие две прецизно сумираат една од поентите на говорот на Никос Чаусидис.

Очигледно овие три говори имаат поголемо лично значење за мене. Не ги издвојувам како „објективно најдобри“, ниту пак ова е некаков заеднички став на целиот тим на TEDxSkopje. Ова нека биде мало појаснување, за некој од другите говорници да не се најде погоден. Патем, почнувањето и завршувањето по распоред беше уште еден личен приоритет.

Па, што следи?

Најлесно би било да се каже дека следи потрагата по говорниците за TEDxSkopje 2011. Но, за мене поважно е ширењето на квалитетот на јавниот говор и настап што TEDxSkopje помогна да се создаде, било тоа на интернет или во физички простор. Вторава работа секако е и поголем предизвик, па се надевам дека ќе причинува и поголемо задоволство.

За крај, ќе се вратам на Небојша Вилиќ, кој во својата завршна мисла, згодно, исто како и Роп Гронгрип на 27c3, ја цитираше Маргарет Мид: „Never doubt that a small group of thoughtful, committed citizens can change the world. Indeed, it is the only thing that ever has.“

Јавниот превоз и новите автобуси

Tags: 

Новите скопски автобуси се вообичаени на линијата бр. 4, која пак е мојата најблиска линија за да стигнам во „град“.

Вчера автобусот доцнеше 10 минути. Фактот што беше нов не помогна во почитувањето на возниот ред.

Всушност квалитетот на јавниот градски превоз најмалку зависи од амортизираноста на автобусите што се користат.

Во случајов, за на крај сепак да стигне во Кисела Вода на време, возачот мораше да вози брзо, да не застанува доволно долго на автобуските станици и воглавно да создаде непријатно патничко искуство.

Се разбира, за ова можеби најмалку е виновен возачот, бидејќи во градот нема или не се почитуваат посебните ленти за јавен сообраќај, има големи гужви на определени крстосници и така натаму.

Новите автобуси во оваа смисла се само шминка за, во секоја друга смисла, лошиот јавен превоз.

Не дека ова не можеше да се заклучи и порано, но сега, кога споредбата со другите е поедноставена, сето е поочигледно.

Во потрага по новата КИКА

Tags: 

Клучниот збор е grassroot.

Без да бидеме премногу емотивни, сакаме да направиме простор што ќе зависи само од нас (колку и широко тоа да испадне).

Скоро една и пол година траеше КИКА, првиот хаклаб во градов, пред да биде ставен „на чекање“ поради проблеми со електричната енергија.

Го имаме прегледот на долгот на вики. Не знаеме што ќе се случува понатаму со ова, но чувството што преовладува е дека треба да најдеме друго место каде што хаклабот би продолжил да функционира.

И додека разгледуваме опции и се растрчуваме да видиме каде би можеле да се преселиме, сакаме да видиме дали во Скопје има други групи, организации или луѓе што сакаат да учествуваат во потфат за создавање на нов физички протор што ќе служи како хаклаб, или всушност било каква друга лабораторија за активности.

На 12 март (сабота) СподелиЗнаење продолжува во кафе Опера (детали ќе има навремено на блогот), и сакаме тој ден да го искористиме и за муабет со било кој што е заинтересиран за оваа идеја.

Случајни и неслучајни сурфери на овој блог, молам проширете го муабетот.

Пешачки белешки

Tags: 

Пред некој ден се движев од Центар кон Карпош по ул. „Орце Николов“.

Сега кога изгледот на плоштадот се приближува кон својата конечна форма, корисно е да се забележи дека истовремено со враќањето (макар и било декларативно) на стариот (предземјотресен, несоцијалистички) изглед на плоштадот и околината, се случува и комплетно изменување на изгледот на Дебар Маало (стари, ниски, семејни куќи со нови, високи, колективни згради) и тоа сѐ помалку изгледа на „старо Скопје“.

Дваесет и првиот

Tags: 

Додека ми е блогов во книжевен режим да пишам и за романот на годината според Утрински весник.

Го набавив по препорака, но не можам да кажам дека сум задоволен од читањето.

Можеби навистина бил најдобар од пријавените, но јас сум со впечаток на ефтина приказна и неуверливи ликови.

Низ текстот провејуваат реченици кои можат да бидат интересни цитати. На пример:

Кај што има насмевка, таму има и човечко лице.

или

Не плашете се од призраците и привиденијата во човечки облик; тие немаат никаква сила. Плашете се, меѓутоа, од покојните идеи... Тие денес го владеат светот.

Тешко, нели, добри цитати да заменат добра книга, или што знам можеби не сум јас доволно литературно шлифуван.

На крај заклучокот што ми се наметна, како порака од книгата, е - сите гомна смрдат, само на своето човек си е навикнат.

Гоце и Кирил

Tags: 

Денес поминав по Камениот мост. Таму изникнале нови споменици. Пораката што ја испраќаат сите заедно не ми се допаѓа.

На десната страна на Вардар, Гемиџиите и Даме Груев и Гоце Делчев воинствени на коњи (ништо од учителот Гоце).

На левата Св. Кирил и Методиј и Св. Наум и Климент, православно-свештени и учителски лица.

Колку различни начини да се прочита ова постојат?

Cinedays и авторските права (2)

Tags: 

Не сум некој експерт, но ми се чини дека акцијата на Cinedays, освен ако не е договорена со полиција/обвинителство или пак некако(?) со носителите на правата, е повреда на член 157 став 1 и 4 од Кривичниот закон:

Член 157

(1) Тој којшто во свое име или во име на друг неовластено ќе објави, прикаже, репродуцира, дистрибуира, изведе,емитува или на друг начин неовластено ќе посегне по туѓо авторско право иди сродно право, односно авторско дело, изведба или предмет на сродно право, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Тој којшто со делото од став 1 прибавил поголема имотна корист, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(3) Тој којшто со делото од став 1 прибавил значителна имотна корист, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.

(4) Обидот е казнив.

Она што во суштина се случува е продажба на пиратски дискови по цена од 100,00 денари од страна на индивидуални продавачи на организаторот на Cinedays.

Види и: Cinedays и авторските права

Cinedays и авторските права

Tags: 

Денес почнува фестивалот на европски филм Cinedays. Покрај другите активности во врска со овој фестивал, на втората страница на програмата ќе прочитате и за нивната борба против пиратеријата.

CINEDAYS СЕ БОРИ СО ПИРАТЕРИЈАТА!
Со секое донирано пиратско ДВД на билетарниците на кино салите во кои се одржува фестивалот, наместо регуларните 150 денари вашиот билет ќе ве чини само 50 денари.

Сега, има повеќе прашања што се интересни за разгледување од оваа кампања, но првото што мене ми падна на памет е кому е таа насочена?

Одам на Cinedays секоја година и таму доминира млада публика - публика што е доволно вична во технологија за да набави пиратска копија од некој филм и доволно храбра за да не мисли премногу за законските импликации од тоа. Па која би била мотивацијата тогаш?

Пари.

Ако сакам да гледам 10 филма на овогодинешниот фестивал, ми требаат 1500,00 денари по нормални цени. Но ако донесам 10 дискови со нарежан филм, тогаш ми требаат само 500,00 денари. Не ги знам цените на дисковите, но да речеме дека може да се купат 10 дискови за цена од 20,00 ден еден. Да речеме исто така дека филмови веќе имам на дискот на компјутерот, или дека ако треба да симнувам нови тогаш тоа е во фиксниот трошок за интерент што секако ќе го платам.

Крајниот резулатат: 10 филмови за цена од 700,00 денари или заштеда од 800,00 денари со истовремено поттикнување токму на активноста што кампањата сака да ја намали.

Arrrrrghhhhhhhhh Cinedays и добредојдовте во пиратските води.

Брод за кукли

Tags: 

По пофалбите што ги прочитав за претставата „Брод за кукли“, бев да ја гледам пред некој ден.

Мојо коментар е: речиси добра.

Два дена размислувам која компонента на квалитет прави некое дело да биде едноставно „добро“, но некако без успех. Во претставата нешто ми фали за да кажам дека е едноставно добра.

Идејата да се користат приказни за деца за да се истражуваат женски прашања е одлична. Во играта беше видлив напорот да се направи добра претстава. Од друга страна, викањето секој пат кога треба да се направи поента е напорно и досадно, а да се каже кур на сцена не е некое табу.

Дефинитивно нешто ми фалеше во претставата - или - сите курови беа вишок.

Скопје2014 == Bikeshed

Tags: 

Painting the Bikeshed е еден од незаборавните моменти од историјата на интернетот, иако корените се всушност во книга за јавната администрација (колку згодно!). Да не преведувам:

Parkinson shows how you can go in to the board of directors and get approval for building a multi-million or even billion dollar atomic power plant, but if you want to build a bike shed you will be tangled up in endless discussions.

Parkinson explains that this is because an atomic plant is so vast, so expensive and so complicated that people cannot grasp it, and rather than try, they fall back on the assumption that somebody
else checked all the details before it got this far. Richard P. Feynmann gives a couple of interesting, and very much to the point, examples relating to Los Alamos in his books.

A bike shed on the other hand. Anyone can build one of those over a weekend, and still have time to watch the game on TV. So no matter how well prepared, no matter how reasonable you are with
your proposal, somebody will seize the chance to show that he is doing his job, that he is paying attention, that he is *here*.

Цитирано од Painting the Bikeshed.

Воопштена верзија од овој закон има во закоот на Сајр (политички научник, универзитет Колумбија): "In any dispute the intensity of feeling is inversely proportional to the value of the stakes at issue."

Ми се чини дека ова одлично ја илустрира дебатата за Скопје2014. Проектот чини ситни пари во однос на најголемиот буџет во историјата на Македонија, а сепак дебатите за буџетот се ограничени и всушност никој не може да мобилизира граѓани да протестираат против тоа.

Во однос на големината и сложеноста на државата/економијата/општеството, плоштадот на Скопје е шупа. И, како што Паркинсон вели погоре, секој знае да направи шупа.

Скопје2014

Tags: 

I. Зошто е важно?

Кога министерката за култура ќе рече дека „Бранко Црвенковски во својата 20-годишна политичка кариера не изгради апсолутно ништо во Македонија и зачудува од каде тој се доживува како авторитет кој може да коментира дали е нешто кич или не.“, таму ќе видите слабо формулирана политичка изјава, и тоа поради неколку причини.

Очигледното е: зошто би очекувале некој кој не е стручен во архитектура и уметност воопшто да го дожувуваме како авторитет? Се разбира не очекуваме. Но, би очекувале сепак да се земат предвид мислењата на стучните лица, а токму за нив Владата е глува. Но, можеби во Владата сметаат дека само тие што „градат“ се авторитети?!?

И ако е така, и ако Бранко Црвенковски воопшто нема никаков кредибилитет бидејќи тој „не изгради апсолутно ништо“, тогаш во ова има повеќе вистина одошто може да изгледа на прв поглед, бидејќи навистина Црвенковски не „изгради“ ништо: ниту независно судство, ниту квалитетно образование, ниту Вашето омилено што недостасува од јавниот сектор. Но, ваквото „градење“ всушност го руши кредибилитетот на сите политичари во последните 20 години во Македонија, бидејќи никој ништо нема изградено.

Третото е буквалното читање на изјавата, дека Црвенковски не изградил ништо од бетон и стакло. И ова можеби е најмалиот негов грев. Од каде па потребата Владата да гради нешто повеќе од патишта во капитализам и парламентарна демократија? Чинам, големите градења на разно-разни објекти беа симбол на комунистичките (но и другите авторитарни системи)?

И поради последново, Скопје 2014 е важно. Важно е затоа што и покрај сите спорни активности на Владите до сега, било тоа биле ТАТ и Микрософт, ОКТА и Телеком, или нешто трето, Скопје2014 единствено ќе остави траен белег во Македонија. Тоа ќе ги погоди сите граѓани без разлика дали живеат во Скопје или доаѓат во главниот град повремено, без разлика дали се млекари и ги извисил Сведмилк, или се лозари и ги извисил Тиквеш.

А знаејќи го досегашниот „успех“ на политичарите (и тоа не само македонските), на едно нешто може да сметаме: парите секогаш се тука некаде во врвот на приоритетите. И највозвишените идеи за градење на државите и пумпање на идентитетот криеле дебели туциња пари.

II. Зошто не ми е гајле?

Лани во ноември имав здравствен проблем кој бараше трчање на дежурен лекар. Кога стигнав, ми рекоа дека не може да ме снимат бидејќи апаратот не работел. Гоце може ќе ми замери, но тоа што следеше беше трчање по луѓе и вртење телефони за да стигнам на снимање пред тие што закажале во септември, но што може човек да прави во таква сутиација? Моралните дилеми на страна, она што главно ме загрижува е зошто сум воопшто во таква сутиација кога и јас и моите родители редовно цел работен век плаќаме придонеси?

Но, можеби тоа било моја лоша среќа и реформите во здравството навистина ќе донесат подобри услуги за сите? Да се потсетам тогаш на патешествието постдиплмоски студии. Последното пријавување ме соочи со тоа дека македонските судски и нотарски печати не се признаваат во странство. А зошто? Зошто дипломата што ја издава македонскиот водечки универзитет, факултетот што е во водечките 1000 бизнис школи во светот не вреди ни колку празен лист од книжарница надвор од границите на РМ? (Некој со право ќе рече дека истава диплома често не вреди ништо ни во РМ, бидејќи партиските книшки се подобра референца).

На крај, тука се решенијата за извршување за радиодифузна и комунална такса што ги пратија МРТ и Градот. Правна сигурност некој ќе рече? Џабе правобранителот вели дека МРТ греши кога извршителите ги љуштат парите директно од банкарска сметка. Слично е и со застарените комуналните такси од градот што пред 10 дена блокираа илјадници фирми. А банките, верните чувари на пари, наместо да ги заштитат своите клиенти сепак се одлучија да подлегнат под уште еден политички притисок, често одбивајќи воопшто да дадат информација за тоа кај отидоа париве од жиро-сметката.

Па зошто да ми биде гајле дали на плоштадот ќе има еден или десет коња кога ништо друго не функционира? Каков план можам да правам за иднината?

Да ја оправувам работата во државата немам ниту намера ниту желба. Ми останува само да бегам. Ако не успеам, тогаш ќе го гледам Скопје во 2014 и ќе тонам во просечност.

Пушење

Tags: 

ВМРО-ДПМНЕ омекна, на летните тераси ќе се пуши:

На тераса и во летни бавчи на угостителските објекти, односно ресторани, кафулиња, кафе-барови, отворени летни дискотеки и плажи во периодот од 1 март до 31 октомври ќе биде дозволено пушење. Ова го предвидува предлог- законот за измени и дополнување на Законот за заштита од пушењето, кој вчера на Собранието му го предложија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во делот каде што ќе биде дозволено пушењето, терасите и летните бавчи нема да смеат да имаат покриви ниту дополнителна опрема која на објектот ќе му дава затворен карактер“, изјави вчера претставникот на пратеничката група на владеачката партија, Влатко Ѓорчев.

Вистинска чистка на нелегалните тераси на кеј:

Како никогаш досега општинската инспекција од Центар вчера ги уриваше незаконски заградените тераси на кејот на Вардар. Педесетина ангажирани извршители од рано изутрина почнаа со демонтирање на најлоните, подовите и воопшто на сите делови од конструкциите од нелегалните градби. Безмилосна чистка истовремено се вршеше на терасите на сите седум локали на шеталиштето. Освен општинските работници во акцијата се вклучија и дел од сопствениците на кафулињата со свои работници. Иако револтирани, сепак, кафеанџиите не даваа отпор.

Добро, само мене ли ми изгледа ова на местенка?! Се чини дека општината, со пари од граѓаните, експресно пред измените на законот за пушење на газдите во центарот им ги претвори просторите од „затворен карактер“ во „отворени летни тераси“.

Одоворност каква што сака Годин на скопските улици

Tags: 

Се сеќавам на еден текст од Сет Годин (не можам да го најдам баш сега на интернет), во кој тој се жали на некоја незгода во сообраќајот што ја имал тој со службено возило на некоја компанија, и на возилото немало информација каде може да се обратат учесниците во сообраќајот ако сметаат дека возачот се однесувал непримерно или ја загрозил безбедноста во сообраќајот.

Па, добри вести од Скопје. Возилата на Мако Маркет на задната страна имаат лепенка која им сугерира на другите учесници да се јават во дирекцијата на компанијата доколку сметаат дека возилото се однесувало непримерно во сообраќајот.

За жал не можев да го фотографирам возилото. Сепак возев и ќе беше несовесно јас некако да ја загрозувам безбедноста.

Берлин, Германија

ПрилогГолемина
Audio icon tura-berlin-juli-2009.mp33.23 MB

Tags: 

Се вратив од Берлин. Некои пробрани фотографии има на Фликр.

Кројцберг

За оние што сакаат и аудио дожување, на записов закачувам и една аудио снимка од раскажувањето на професионалниот водич кој ги објаснуваше сите главни места низ центарот на градот.

Мојот впечаток е „вау“. Не само градот како место за дружење, журките, пивото и луѓето, туку исто така и контекстот во кој се развива Берлин и целото обмислување што се случува со градењето и симболите со цел да градот да испраќа одредена порака на граѓаните и гостите.

Повеќе за тоа можеби во следното пишување.

Пуста патека на културата

Tags: 

Се сеќавате на ова:

Суперхикс на концерт

Не мислам на концертот, туку на многу извиканиот настан „Реоткривање на патеката културата“, што се одржа во Старата чаршија мината сабота (и каде посетеноста била осум илјади луѓе).

Затоа денес, една недела по тој настан, решив да поминам и да видам што се случи со патекава на културата. Еве ја празна:

Чаршијата - празна

Со мал исклучок веднаш под Св. Спас каде се случува некоја летна скопска шема.

Моите 2 денари за „Форум Скопје“

Tags: 

Деновиве се одржа вториот по ред „Форум Скопје“.

Не бев присутен на сите вечери, туку само вчера (сабота) и завчера па моите впечатоци овде се само од тие два дена.

Општиот впечаток ми е дека на форумот недостасуваше опозиција. Сите присутни, вклучувајќи ги и гостите од странство кои се искажаа на темата „Скопје“, беа на иста линија во врска со сета нова архитектура и споменици кои се градат во градов - дека тоа не е добро, не е убава архитектура, дека е нетранспаренто и сл. Недостасуваше некој од оние што се одговорни за сета градба да каже како и зошто мисли (а според тоа и спроведува) на таков начин. Недостасуваше некој што ако ништо друго барем се сложува со ова што се гради и начинот на кој тоа се прави. Освен еден испад дека Лумикс личи на змија што е симбол на злото и оттука треба црква до него што е симбол на доброто и некаков повик за македонска гордост други реакции на „одбрана“ немаше. На крајот и модераторката на настанот искажа жалење за ваквата ситуација. Но, и недостатокот на опозиција на форумот сепак носи своја порака, а тоа е дека на одговорните лица веројатно не им е многу гајле за тоа што некој таму дебатира. Се разбира, ова за нас отвара прашање поврзани со отвореноста, демократичноста и транспарентноста на овие процеси, но ми се чини дека тоа не се нови прашања исто како што не е ни недостатоткот на дијалог.

Јас учествував со две забелешки. Во петокот беше отворено прашањето за консензус од страна на еден архитект од Италија. Во неговото обраќање тој објасни дека градежни апсурди се случуваат и во Италија, но Берлускони, кој владее популистички, ја има поддршката од граѓаните и таму постои консензус во врска со тие проекти. Се разбира има некои обични луѓе и архитекти кои се против, но нивниот број е незначаен. На крај, тој постави прашање дали има консензус во Македонија.

Откако никој не одговори, јас се јавив со коментар дека според владата и мнозинството граѓани консензус е постигнат и кај нас (конкретно за градбата на црквата на плоштад). Владеачката партија го црпи своето одобрение од изборите кои ги доби со масивна победа, а во програмата за тие избори има црква на плоштадот. Се разбира и кај нас има луѓе кои што не мислат дека тоа е добра идеја, но паралелата со Италија е премногу очигледна и неизбежна.

Вчера, посебен впечаток ми остави презентацијата на Елизабета Аврамовска која е професор по ликовна уметност. Таа преку примери од други градови се обиде да објасни дека на други места се гради со некаков концепт, со некаква идеја и дека градбите на крајот носат некаква порака. Нејзината поента беше дека тоа не е случајот кај нас. Присетувајќи се на една изјава на Небојша Вилиќ, реков дека очигледно постои некаква идеја зад објектите кои се градат. Плоштадот на кој доминираа поштата и телекомот, важни симболи на комуникација особено во пред-интернет времето, и трговскиот центар и стоковната куќа кои може да се гледаат како некакви центри за конзумеризам, а градската кафана и сите кафулиња за хедонизам, се изменува и сега таму ќе има нови симболи „ на општественото уредување на Кралството на СХС или, подоцна, Кралството на Југославија значи (воз)обновување на нејзините три столба: војската, капиталот и религијата“.

И овде го имаме прашањето за тоа дали на мнозинството тоа му се допаѓа или не, и што можат да прават оние на кои не им се допаѓа, што ме враќа назад на прашањето за непостоење на дијалог и транспарентност во процесите, и тоа како што рече еден млад архитект од Скопје (чие име не го запамтив), посебно за оние градби кои се дел од идеологијата на власта.

Оттука, не мислам дека може нешто посебно да се направи во врска со новата архитектура во градот само со архитектонски дебати. Ми се чини дека е потребен поширок политички (или ако сакате општествен) ангажман за да се постигне нешто повеќео од само дебати на маргините на вниманието на пошироката јавност.

Моите 2 денари за „Форум Скопје“

Tags: 

Деновиве се одржа вториот по ред „Форум Скопје“.

Не бев присутен на сите вечери, туку само вчера (сабота) и завчера па моите впечатоци овде се само од тие два дена.

Општиот впечаток ми е дека на форумот недостасуваше опзиција. Сите присутни, вклучувајќи ги и гостите од странство кои се искажаа на темата „Скопје“, беа на иста линија во врска со сета нова архитектура и споменици кои се градат во градов - дека тоа не е добро, не е убава архитектура, дека е нетранспаренто и сл. Недостасуваше некој од оние што се одговорни за сета градба да каже како и зошто мисли (а според тоа и спроведува) на таков начин. Недостасуваше некој што ако ништо друго барем се сложува со ова што се гради и начинот на кој тоа се прави. Освен еден испад дека Лумикс личи на змија што е симбол на злото и оттука треба црква до него што е симбол на доброто и некаков повик за македонска гордост други реакции на „одбрана“ немаше. На крајот и модераторката на настанот искажа жалење за ваквата ситуација. Но, и недостатокот на опозиција на форумот сепак носи своја порака, а тоа е дека на одговорните лица веројатно не им е многу гајле за тоа што некој таму дебатира. Се разбира, ова за нас отвара прашање поврзани со отвореноста, демократичноста и транспарентноста на овие процеси, но ми се чини дека тоа не се нови прашања исто како што не е ни недостатоткот на дијалог.

Јас учествував со две забелешки. Во петокот беше отворено прашањето за консензус од страна на еден архитект од Италија. Во неговото обраќање тој објасни дека градежни апсурди се случуваат и во Италија, но Берлускони, кој владее популистички, ја има поддршката од граѓаните и таму постои консензус во врска со тие проекти. Се разбира има некои обични луѓе и архитекти кои се против, но нивниот број е незначаен. На крај, тој постави прашање дали има консензус во Македонија.

Откако никој не одговори, јас се јавив со коментар дека според владата и мнозинството граѓани консензус е постигнат и кај нас (конкретно за градбата на црквата на плоштад). Владеачката партија го црпи своето одобрение од изборите кои ги доби со масивна победа, а во програмата за тие избори има црква на плоштадот. Се разбира и кај нас има луѓе кои што не мислат дека тоа е добра идеја, но паралелата со Италија е премногу очигледна и неизбежна.

Вчера, посебен впечаток ми остави презентацијата на Елизабета Аврамовска која е професор по ликовна уметност. Таа преку примери од други градови се обиде да објасни дека на други места се гради со некаков концепт, со некаква идеја и дека градбите на крајот носат некаква порака. Нејзината поента беше дека тоа не е случајот кај нас. Присетувајќи се на една изјава на Небојша Вилиќ, реков дека очигледно пости некаква идеја зад објектите кои се градат. Плоштадот на кој доминираа поштата и телекомот, важни симболи на комуникација особено во пред-интернет времето, и трговскиот центар и стоковната куќа кои може да се гледаат како некакви центри за конзумеризам, а градската кафана и сите кафулиња за хедонизам, се изменува и сега таму ќе има нови симболи „ на општественото уредување на Кралството на СХС или, подоцна, Кралството на Југославија значи (воз)обновување на нејзините три столба: војската, капиталот и религијата“.

И овде го имаме прашањето за тоа дали на мнозинството тоа му се допаѓа или не, и што можат да прават оние на кои не им се допаѓа, што ме враќа назад на прашањето за непостоење на дијалоги и транспарентност во процесите, и тоа како што рече еден млад архитект од Скопје (чие име не го запамтив), посебно за оние градби кои се дел од идеологијата на власта.

Оттука, не мислам дека може нешто посебно да се направи во врска со новата архитектура во градот само со архитектонски дебати. Ми се чини дека е потребен поширок политички (или ако сакате општествен) ангажман за да се постигне нешто повеќео од само дебати на маргините на вниманието на пошироката јавност.

Домувањето во транзицијата во Скопје

Tags: 

Во презентација што беше најблиску до TED од она што сум видел во Скопје, во средата 06.05.2009 год. на Архитектонскиот факултет, Јован Ивановски објаснуваше како се гради денешно Скопје.

Фокусот беше станбената изградба од 1990 па до денес. Презентацијата започна со објаснување на околностите во кои се случува оваа архитектура, имено распадот на СФРЈ и преминот од социјализам во капитализам. Аргументацијата што беше презентиран тука: тоа дека развојот што се случува е неминовен исход од појавата на приватната сопственост и развојот на претприемништвото за мене беше најмалку убедливиот дел од целата презентација. Но, можеби каузалноста за која говореше Јован е подобро објаснета во неговиот труд.

Истражувањето на станбената изградба се однесуваше на 4 примери од Скопје: Карпош 2, Буњаковец, Расадник и Злокуќани. Изградбата целосно е фокусирана на парцелите, т.е. речиси сѐ се гради на имот на 1 сопственик.

Во Карпош, како што вели Јован, настанува задебелување на зградите (замислете пример со реклама за слабеење, само обратно). Зградите се изменуваат со ѕидање на терасите и кревање на поткровје, при што некои добиваат и нови фасади. Оваа постапка има два посредни ефекти: зголемување на цена на становите и шаренило во изгледот онаму каде што сите станари не можат да си дозволат доградување.

Во Буњаковец, пак преовладува некаков концепт на билдање. Таму старите мали куќи се заменуваат со огромни згради кои ја исполнуваат парцелата во целост, т.е. не остануваат дворови. Има обиди лошата архитектура да се замаскира со боја. Сите ги користат до максимум дозволите од урбанистичкиот план и населбата во целост расте нагоре до 3-4 кат.

Расадиник има масивна изградба на згради секоја на своја парцела, иако можеби поправилно би било да се прави некакво комбинирање на парцелите. Карактеристично за таму било преголемата употреба на симетрија. Да бидам искрен не ја фатив поентата на ова во целост.

Злокуќањи е македонската верзија на „Slumdog Millionaire“... ако никогаш не сте биле натаму, присетете се на сцените од ѓубришта и стокатница сместени едно до друго во Мумбаи. Во Злокуќањи нема стокатница, туку елтина населба, а резот е поочигледен, со ѕид кој ги дели двете населби на македонската елита и македонската сиромаштија. Со интересна поента, Јован обајсни, дека таму она што едните го сметаат за отпад од своите вили, другите го користат за да ги изградат своите куќи.

Меѓу интересните податоци што беа споменати се дека и: вложените пари во станбена изграда во транзицискиот период се најголемите инвестиции во земјава. Тие секоја година се повисоки од странските директни инвестиции. Потоа, додека во изградба на станови се вложуваат стотици милиони евра, во училишта се вложени само 300.000 (и ми се чини ова е податок за последната година, не сум сигурен, не успеав да запамтам). (Баш ме интересира дали има податоци за учеството на изградбата во раст на БДП или пак во однос на другите економски активности).

Конечно, од сите станбени згради што се изградени речиси ниту една не учествувала на некоја архитектноска изложба. Речиси ниту еден од архитектите не сметал дека направил доволно добро архитектонско дело за да го пријави на биеналето што се одржува во Скопје.

Јован Ивановски не зазеде став во врска со тоа дали ова што му се случува на Скопје е добро или лошо. Кон крајот рече дека ова што се случува сега е одлично за секој истражува и со тоа целосно се сложувам. Македонија и во архитектурата е една голема лабораторија.

За оние заинтересирани за темата: ми се чини дека предавањето беше снимано, па можеби ќе се појави некаде на Интернет.

Протестот не им припаѓа на политичарите!

Tags: 

Фрчкоски, Костовски, Милчин и другите македонски ѕвезди што денес присуствуваа на плоштад би требало да се засрамат и да се извинат за тоа што го узурпираа медиумскиот простор и се наредија да се сликаат. Новинарите би требало да се засрамат што им придадоа значење.

Но, бидејќи малку е веројатно дека било што од ова ќе се случи, останува на нас да пратиме јасна и недвосмислена порака на сите нив, дека за нив, на овие настани, има место само како обични граѓани и ништо повеќе.

Мислам дека е доста од вакви профитери. Доста е. Коге веќе не правите добро, барем не правете штета.

Зошто ми пречи концертот што ќе биде по протестот утре?

Tags: 

Во една реченица:

Затоа што го релативизира целиот настан.

Протестот трае значително помалку од журката по него. Пораката што ја испраќа е дека сакаме само да постоиме на плоштад и потоа ќе одиме да се забавуваме. Го дише балонот, бидејќи слободата тешко ќе ја одбраниме со еден час поминат на плоштад. Објаснувањата дека музиката, овде кај нас, е некако важна во целата приказна се наивни. Постои шанса ваквиот распоред на настани да ги отуѓи граѓаните кои чувствуваат дека нивните права се загрозени, но не се дел организаторско-музичката сцена. Сѐ на сѐ сликата што ја добивам е дека ова ќе биде само една забава која се шлепа на некоја идеја за слобода што можеби ја има, а можеби и ја нема.

Толку.

Ретроградниот развој на Скопје

Tags: 

По текстовите на Крстева и Вилиќ, уште еден интересен текст кој многу прецизно ги открива пораките на новото градење во Скопје. Текстот во целост е објавен на блогот Скопје2803, блог на македонски и странски архитекти кои го следат настанот од плоштадот од повеќе различни аспекти.

Текстот е на архитектот Блаж Крижник и антропологот Горан Јанев. (on-line тука.)

Накратко, она штого објаснуваат овие двајца е дека Скопје се трансформира од отворен град во национален главен град, што е спроти моменталните тежнеења на големите градови и што е прилично зад времето, а дека истот се прави од позиција на политичка моќ.

Можеби сликата што е ставена како илустрација најдобро го објаснува ова ова:
Скопје - поранешен отворен град

Скопје се враќа назад во 19 и ран 20 век, кога сите други важни градови одат напред. Ако по земјотресот бил пред времето, сега ќе биде зад времето, а се чини дека мнозинството скопјани се океј со ваквиот развој на настаните.

Па покрај Поранешна Југословенска Република Македонија сега ќе имаме и Поранешен отворен град Скопје.

Зошто да закажувам кога и така чекам 1 час?

Tags: 

Октомври е месец кога одам на редовна годишна контрола за видот. Ординацијата каде одам работи на закажување. Пред две седмици ми закажаа за 14.10.2008 во 13:30 часот.

Вчера стигнав во ординацијата во 13:28 и видов 4-5 луѓе како исто така чекаат. Се пријавив дека јас сум тој од еден и пол и дека сум дојден. Ми рекоа да почекам. Веднаш ќе било.

Не беше. Дојдов на ред околу 14:20, завршив во 14:35. Добив извинување за тоа што сум почекал малку.

Во меѓувреме успеав да чујам пар приказни за гужвата. На пример, дојдена беше една мајка на мало бебе. Дошла и сакаше да се прегледа веднаш (за да не доаѓа пак, да не го остава малото). Иако ова е релативно разумна причина, жената сепак потроши многу повеќе време одошто ќе потрошеше доколку си закажеше, и истовремено потроши време на други луѓе, меѓу кои и јас.

Доколку си закажела и дошла на време, ќе ѝ требале 15-тина минути да заврши, а вака чекаше речиси 1 час.

Претпоставувам дека и другите непланирани чекачи имаат некоја ваква за нив доволна причина да прават турканица, но сакајќи да завршат работа на брзина, сепак чекаа повеќе одошто би чекале доколку играле според правилата.

Дали стоите на тротоар пред амбасади?

Tags: 

Вечерва требаше да се сретнам со девојка ми кај Aрапска куќа. Поминувајќи по тоа уличето, покрај Капитал банка, видов шпанско знаме како виси и табла покрај вратата на зградата на ќошот и си реков да видам што е тоа, бидејќи не знаев дека Шпанците имале дипломатско претставништво тука.

И бидејќи не читам од далеку, морав ептен да се доближам за да прочитам кога работат тие со странки. Во тој момент од внатре излезе некој чувар.

Тој: Повелете господине.

Јас: Ништо, си чекам.

Тој: Не можете овде да чекате.

Јас: Зошто?

Тој: Забрането е.

Јас: Не гледам никаде да пишува.

Тој: Не мора да пишува. Јас така викам.

Јас: Хех...

И му свртев грб. Стоев така неколку минути и потоа си седнав на клупите кај Шведската амбасада. Не знам што точно правеше типот додека му бев свртен со грб.

Сакав да ги гњавам Шпанците на мејл дека нивните службеници малтретираат граѓани кои поминуваат и застануваат на тротоарот кај амбасадата, ама брзото гугл пребарување вика дека амбасадата за Македонија им е во Софијa (ова кај нас е конзулат ли?), а и не можам да најдам контакт, па еве вака да си пишам на Интернет.

Овој 11 Октомври

Tags: 

Денес имам посебна радост поради тоа што конечно имам парно дома. Но тоа не е сѐ.

Денес на плоштадот во Скопје имаше мал настан за прашањата за приватност во времево во кое живееме.

Постерот за кампањата „Слобода или страв“

Додека бев присутен голем број на минувачи застанаа да видат што е работата, па можеби тоа е добар чекор во запознавање на јавноста со овие проблематични и осетливи теми.

Потоа, следеше дебата во Точка на тема „Зошто востанието го кренале комунисти?“

Револуционерно знаме

Претпоставувам дека на други места ќе се појават подолги текстови за дебатава. Јас сакам само да речам секоја чест за академикот Коле Чашуле и едно благодарам за приказната што ја раскажа на почетокот за тоа како се готвело востанието.

На крај, Спин монстер е повторно во акција (на некој начин :-)).

Економија на чекањето на семафор за државни колони

Tags: 

Денес бил ден без автомобили. За ова дознав прилично доцна во текот на денот, но тоа не ја смени мојата рутина, бидејќи и немам автомобил. Тоа, исто така, не ја смени рутината на еден државен функционер кој брзаше по Иво Лола Рибар кон ценарот на градот, во црното службено возило.

Поминувањето на овој автомобил исто така е дел од мојата дневна рутина. Дали на пешачки премин или на семафор во автобус, секој ден треба да чекам по невообичаено долго време за да помине некоја ваква брза кола. (Во ред, кога станува збор за ист правец, возачите на автобусите се необично вешти да го искористат за побрзо возење од што корист имаат повеќето патници.)

Сепак, бидејќи речиси секоја крстосница има четири правци, очигледно е дека додека едните брзаат, останатите чекаат. Колку чини тоа годишно?

Математиката е проста. Претпоставувам дека во просек се чека 5 дополнителни (непредвидени) минути на крстосница и дека од секоја страна има по 10 возила со 2 патници. Значи, 60 патници трошат по пет (работни) минути, а тоа се 300 минути по крстосница.

Сега да речеме дека брзиот службеник треба да помине 4 крстосници (Тафталиџе - Центар), тоа се веќе 1.200 минути (или 20 часа) дневно.

Колку е тоа годишно?

52 недели во годината по пет работни дена е еднакво на 260 дена. Ако секој ден поминува барем една таква кола, тогаш тоа се 5.200 часа (поделено со 8, тоа се 650 дена).

Ако дневницата во државава е 700 денари (15.000 денари поделено на 21 ден), тогаш тоа се вкупно 455.000 денари.

А ако поминат две коли..?

Македонски килт на кеј :)

Tags: 

За време на мечот Македонија - Шкотска, јас им правев конкуренција на гостинските навивачи со оригинален македонски килт.

Јас во македонски килт :)

Фотографирано на кеј, каде што имаше одлична забава.

Приказни од ЈСП

Tags: 

„Државна“ 22-ка. Се качувам, а зад мене се врткаат двајца тинејџери - Роми по етничка припадност. Конечно едниот го прашува шоферот дали можеле да се повозат една станица. Возачот им дозволува, коментирајќи - имате пари за цигари, ама не за автобус. Неволно ама загрижено...

Веќе на следната станица етнички Македонец - тинејџер пристапува до вратата на автобусот со истото барање. Возачот овој пат не покажува никакво разбирање. Момчето понижено останува на автобуската станица.

Кога, две станици подолу, во автобусот влегува 3 члена контрола на ЈСП. Во истиот момент си помислувам дали е можно, возачот знаејќи за контролата, да ги намести едните, а да го спаси другиот. Се вртам кон едното дете и гледам како наеднаш му се менува расположението - и тој гледа дека влегува контрола.

Едниот контролор стигнува до него. Му бара карта. Детето одговара дека нема, дека само една станица се вози. Контролорот му објаснува дека ако е таква работата тогаш треба да се пријави кај возачот. Детото одговара дека токму тоа и го направило. Возачот, по мала проверка на идентитетот, ја потврдува приказната на детето.

Во моментот пред да го пуштат да си оди, од задниот дел на автобусот се слуша: - „Оставете го ајде, празник е денес. Љубе го ослободија“. На ова, еден од контролорите кој беше Албанец, коментира нешто на албански, детето слободно истрчува од автобус.

Јас се симнувам на следната станица. Се прашувам дали приказнава ќе имаше некакво поинакво значење ако не се знаеше етничката припадност на граѓаните вклучени во неа?

Други приказни од ЈСП.

Мојата фотографија на en.wikipedia

Tags: 

Слушајќи го Робин Хаман од БиБиСи на Gloca2.0, го посетив и неговиот блог и видов дека го ставил Скопје со врска до Википедија на англиски.

http://en.wikipedia.org/wiki/Skopje

И таму, мојата фотографија од Скопје, сликана од видиковецот на Водно, лани за време на МОТ.

Кул. :)

Блог за Скопје

Tags: 

Пред многу време на Фликр групата за Скопје зборувавме за блог за Скопје по примерот на http://www.metblogs.com/. Од тоа не излезе ништо посебно освен што пред неколку месеци регистрирав блог на блогспот за таа цел.

И до сега си седеше тоа така, а денес некако најдов доволна причина да почнам да пишувам таму. Па ете го: http://gradotskopje.blogspot.com/

Некои мисли за црквата на плоштадот

Tags: 

(Лична забелешка: Јас сум против градењето на црква на плоштадот и трошење на пари од даноци за црковни/религиозни цели. Сметам дека црквата е еден од главните генератори на поларизацијата на нашето општество и сум pro-brain-drain ако Македонија продолжи да се движи кон средниот век.)

Во моментот кога почнувам да го пишувам ова петицијата на Интернет против градењето на црква на плоштадот во Скопје има 1976 потписи: врска.

Пред некое време слична акција имаше во Загреб: врска. Па првото прашање што ми падна на памет е дали овие луѓе ќе го дадат својот потпис и на хартија доколку иницијативата од Интернет се пресели на улиците (и плоштадот) на Скопје?

Значи треба да видиме дали со градењето на црква со пари од даноци се нарушува некако нашето „право на град“ и дали сето ова има некакви пошироки импликации.

Првото прашање е дали владата треба да дава пари за градење на црквата, а одговорот би требало да е не. Ова вееќе е добро образложено на други места. Сепак, ми се чини дека ако денес има референдум во Скопје или општина Центар за тоа дали треба да се гради црквата со пари од буџетот, ќе победи опцијата „за црквата“. Мислам дека црквата добро си ја врши својата работа во однос на привлекување верници, а соработката со другите конзервативни центри во Македонија дополнително придонесува за нивниот успех. Тажно е што поголемиот дел од поддршката за овие доаѓа од младите граѓани на Македонија, но како и се друго и ова е наопаку во земјава. Толку од изненадувањето.

Второто е поврзано со односот влада-град-општина и дуп, маркичка и сл. Спорниот момент на локацијата на објектот, мислењата на експертите за урбаниазам, архитектите и другите релевантни лица скоро и да не одекнува во јавноста. А и зошто би, кога најголем дел од тие луѓе некогаш биле во некоја општина, влада, комисија и таму пренамениле маркичка и некој Петко и Станко наличиле потоа зграда. Урбана мафија и сето тоа. Па ако може секој со малку повеќе пари да си среди услови за градење на најневеројатните места низ градов, зошто да не може Владата да направи црква (и џамија) на плоштадот (и карши него)? Баш се надевам дека некој од експертите ќе даде одговор на ова прашање.

Ова е точката каде што се гледа дека нашето „право на град“ одамна е нарушено. Секаде се гради без план, новите згради често се вселени а уште немаат фасада, се уриваат и окупираат тротоари и други заеднички површини, се паркира кој каде ќе стигне... итн. Како уште една градба, макар била на плоштадот - до и така спорниот „Лумикс“, ќе смени нешто во целата слика?

Ми се чини дека дебатата за црквата на плоштат набрзо ќе биде стеснета, дури и можеби ќе исчезне од јавноста. Малку има за дискусија кога Македонија веќе подолго време само на хартија е секуларна држава.

Интересно во Загреб, зад барањето на „правото на град“ застанале некои невладини организации. Не можам да видам кои би биле тие што во Скопје би го направиле истото.

Мислам дека на плоштадот на Скопје нема да има потпишување на петиција и протести, туку осветување на црква.

Освен ако Фуере не ни каже дека таа ќе биде пречка за ЕУ.

Бојкот за пазарите

Tags: 

Денеска поголем дел од патот акав пешки кон работа. Кога стигнав таму ми кажаа дека блокадите биле затоа што пазарџиите не сакале да стават фискални каси.

Не ги знам деталите (update: ги знам деталите, ги најдов сите вести на http://najdi.org.mk ама ме мрзи да блогирам за тоа), не знам кој е во право, ама преку глава ми е од тоа 15 луѓе да се соберат и да го блокираат цел град за што и да е.

Мислам дека треба да им вратиме. Бојкотирајте ги пазарите. Како што пазарџиите не ни даваат да стигнеме на работа, така ние треба да направиме тие да немаат работа. Купувајте во Веро, Рамстор, Тинекс и сл. Јас денес купив домати од продавница.

П.С. До Владата или кој и да е задолжен за фискализацијата: не им попуштајте!

П.П.С. Кај и да е и зеленчукот од бавча ќе ми созрее. :)

Среќа што сум во Белград кога ќе штрајкуваат овие од ЈСП

Tags: 

Повеќе медиуми известија за планот на ЈСП за штрајк на 4-ти април, како и нивните барања откако им е блокирана сметката заради долг: врска (Утрински).

Јас мислам:

1. Кретени;

2. Градот/Владата (кој и да е) да го продаде ЈСП, макар и да ги загуби парите;

3. Градот да определи минимални услови кои возилата треба да ги исполнуваат за да возат на улица (да, и „приватниците“ ќе мора да си купат нови автобуси);

4. Градот да определи возен ред за сите линии: годишно време, месец, ден, час, минута...;

5. Градот да пресмета колку автобуси се потребни за да се почитува тој возен ред;

6. Градот да издаде точно толку лиценци (и ниту една повеќе) и да ги продаде на било кој што сака да ги купи (парите од лиценци да ги искористи за правење на тоа автоматско/електронско следење на автобусите;

7. Градот да определи максимална цена за билет;

8. Градот да определи единствен изглед на сите автобуски билети - сите да можат секаде да се користат;

9. Градот да обезбеди механички поништувачи на билети (види Белград).

Јас знам: нема шанси ништо од ова да се случи. Ако е убаво времето, спремете си го велосипедот за да стигнете на време кај и да одите на 4-ти април.

Турбо ѕвезда?!

Tags: 

Не ми се верува(ше) дека цел град е излепен со овие:

A star?

И мојата првична реакција беше: ај другите радија и телевизии што се никакви, ама мислев дека Равел и Телма колку-толку се држат понастрана од кичот. А сега се чини, се придружиле на мнозинството.

После читам Национална галерија, па некаков проект, па изложба... ух, уште полошо си мислам турбо-фолк во Националната галерија.

Ама ќе се воздржам од конечна пресуда до 13 февруари. Може ќе излезе видно уметничко дело.

Уште вести за Скопје

Tags: 

Во Шпиц прочитав (мртва врска) дека:

Санос“ нуди проект според кој старите возила во јавниот сообраќај би се заменувале сукцесивно во наредните две години со месечно повлекување на 15 дотраени автобуси, а би се вовеле и нови линии за кои има потреба, но досега биле оценувани како нерентабилни.

Јас сакам нови автобуси во Скопје.

Како Скопје да стане метропола? (1)

Tags: 

Мора да си признаеме дека нашиов град т.е. Скопје (едниот од редакцијата е од Куманово, но многу добро го емитира скопскиот акцент и важи за скопјанец за сите оние кои немаат искусно фонолошко уво) не е метропола. Не да не е, него ич не е!!! Далеку е од метропола колку што е далеку Битола од главен град.

Појди-зајди ќе се поплачат ова интелекуалциве по колумни демек низок ни бил стандардот, корумпирани ни биле политичарите, кучињата ни сереле кај ќе им текне. Се тоа, еби му мајката, е точно. (Синтагмата „еби му мајката“ во оваа реченица служи за експресивно засилување на нејзиниот емотивен набој, а не е само обична скопска вулгарност. Да не рече после некој…)

Луѓе, имаме проблем со приоритетите. Не можеме да очекуваме се да ни падне од небо. Не можеме туку така да очекуваме да ни се дигне стандардот, да се зголеми личниот доход per-capita, да дојдат чесни луѓе на власт итн. итн. итн… Се разбира, сите овие работи се суштинска одлика на една метропола. Но, до суштината се стига преку низа формални обележја. Да го појасниме ова со еден пример од животот: момчето и девојката прво се држат за рака, па следи првиот бакнеж, одењето во кино на некој досаден филм, мешање на јазиците во темната кино-сала, мастурбирањето на средновечниот универзитетски професор од редот зад нив ((фрка-фрка, шљак-шљак, фрка-фрка, шљак-шљак, фрка-фрка, шљак-шљак) повторно се работи за една стилска фигура, овојпат ономатопеја), сензитивното опипавање на теренот и да не должиме многу - ебење! Се се ова формални, речиси механички постапки, за да се стигне до суштината, атемпорално поврзување на две души во една симбиоза. Патот до ова блаженство е макотрпен, потребни се сите тие претходно споменати формални маневри за да стигне до главната цел - ЉУБОФ!

Како што рекол нашиот Марко Цепенков: „Зрно по зрно - погача“.

Значи, до погачата, мили наши читатели, треба да се стигне преку низа зрна. Така е и со нашето влегување во ЕУ, со нашето метрополизирање. Тоа е, метафорично кажано, погачата, иако таму се вика кроасан. Овој наш текст е само скромен придонес во собирањето на зрната што ЕУ значат.

Е па, да започнеме!

Зрно1: СЕРИСКИ УБИЕЦ

Прелистувајќи ја црната хроника од последниве 10-тина години (од осамостојувањето наваму) заклучокот до кој што дојдовме е навистина поразувачки. Секири во глава заради пречекорена меѓа, убиства од страст, силување на баби… И сите до еден по извршеното злодело сами се пријавуваат во полиција. Па до кога вака?! Дајте малку концепт, малку умисла и системско работење. Ни треба класичен сериски убиец со разработена шема и методологија. Нешто од типот на Ханибал Лектор, (Анчевски Ректор), Џек Мевосек или барем Чарлс Менсон. Луѓе, ангажирајте се! „Од нас зависи“ - Како што тоа убаво го испеа Каролина. Ако ви фали инспирација појдете до блиската видеотека и погледајте ги класиците: „Седум“, „Ангелско срце“, „Петок 13“ (било кој дел), „Halloween“ (Ноч вештица) . Секоја метропола која барем маклу држи до себе мора да има дузина сериски убијци. Помислете само: прес-конференции, медиумски кампањи „Stop the violence“, маички со фото-робот, страв во коските на граѓаните, но и покачено ниво на адреналин во крвта - нешто конечно се случува! Соочени со смртта, нашите животи повторно ќе добијат смисла. Тензијата расте, прес-конференција, шефот на полицијата не дава изјави, а во последен момент градоначалникот триумфално извикува: „Најдовме отпечаток!“. Исти Њу Јорк!

Зрно2: СИДА (Омилено зрно на претходно споменатиот кумановец.)

Заради недоволната агилност на младата генерација, имаме загрижувачки мал процент на заболени од СИДА. Не сме ни меѓу првите сто. Срамота! Камо среќа QUEEN да имаа концерт овде, па Фреди Меркјури да се ангажираше по скопските калдрми. Овие нашиве педери (да не речеме хомосексуалци) премногу се моногамни, не баре ако имаат помалку партнери нема да горат во пеколот.

Замислете си само: хуманитарни здруженија, анти-aids фондови, губење часови, рекламен материјал, дузина емисии од типот на „Вртелешка“… На кратко, приклучување на нашата земја кон современите светски текови на декаденција и морална ерозија.

Зрно3: СУПЕР-ХЕРОЈ

За волја на вистината Љубе Бошковски има некои атрибути на супер-херој, но неговата рустикална верзија на Елиот Нес имиџот не ги задоволува во потполност постомодернистичките критериуми на Европската Унија. Нас ни треба нешто од калибарот на Кларк Кент, но со дискретен Латас шмек („дискретен Латас“, како што веќе и самите забележавте е стилската фигура - оксиморон).

Зрно4: ГОЛЕМ СПОМЕНИК НА ПЛОШТАДОТ

Секој голем град има голем бронзен коњ на плоштадот. И кај нас има големи коњи, но тие имаат дипломатски имунитет. Ни треба еден коњ на плоштадот. На пример, огромна биста на Букефал! Па кој е машко - нека се качи!

Зрно5: ОБЛАКОДЕР

Сто до двеста ката, некде Топаана, Скопје-Север, па нека биде и во Пинтија и тие се луѓе, иако на прв поглед не делува така. Користа за вработеноста и намалувањето на сиромаштијата е повеќе од очигледна: ќе вработиме еден куп перачи на прозори, 2000 хаус-мајстори, 300 одржувачи на лифтови, 600 лифт-момоци ((по два момока од лифт) „По можност машко и женско“ - предлага кумановецот, „Абе кумановац…“ му велиме ние и шеретски се потсмевнуваме).

То бе континуед…

Забелешка: Овој текст го објавив на 18 мај 2002 год. И овој текст е дел е од купче текстови кои требаше да се појават во магазин со работно име „Дрнч“. Магазинот никогаш не ја виде светлината на денот. Текстов е авторство на група луѓе (меѓу нив и јас) која требаше да ја претставува редакцијата на магазинот.

ЈСП...

Tags: 

Сакав да го насловам записов „Кој мава рекет во автобусите на ЈСП?“, ама си велам, ај да не звучам како А1 вести.

Се разбира ја следев дебатата за инцидентот во ЈСП со фискалните, контролата и полицијата.

И неколку дена после тоа, јас си се возам лежерно во 24-ка. Кога оп, на Рекорд се качуваат некои типци, онакви тепачки фаци, бараат билети, мафтаат со некои бели ливчиња демек биле контрола.

Едниот мене: Дечко билет.

Јас: Ама вашата легитимација не е како таа на соопштението. (Белешка за неупатените: во автобусите на ЈСП има залепени некои ливчиња на кои пишува како изгледа легитимација на контролор - за жал не успеав да сликам.)

Едниот: Дај бе билет.

Јас: ----- || -----

Едниот: Што мислиш ова дека е фалсификат. (И ми се испречи пред врата, а јас немав време за расправање - морав да се симнам на Градска, па покажав карта и се симнав.)

А-у, тече денот се качувам во некоја 15-ка мислам беше, кога после две-три станици (се возам од Центар кон Карпош) се качуваат пак 2-ца типци, мафтаат пак со некои безвезни ливчиња. До мене во автобусот стои еден момак од Комета или некоја таква служба. Доаѓаат прво до него и бараат билет. Овој не ги рецка ни 2%. После неколку прашања кон типов, јас прашувам зошто немаат картички како тие на сликата. „Контролорот“ ми се врти и ми вели да си прашам тоа во градот, тој само си вршел работа, и сега да му покажам билет. После овие се симнаа со тој од Комета (или од кај и да беше), а јас се упатив дома да се јавам „во градот“.

За оние кои не знаат ЈСП има свој (бесплатен) hot-line. Па вртам прво таму: 0800-15-115, ама тоа работело само до 16h и ми се јави говорна пошта или така нешто, па си реков батали телефон ај мејл да пишам.

Пак за оние кои не знаат ЈСП има своја страница на Интернет: http://www.jsp.com.mk и таму може да се види возен ред, што (понекогаш) е корисно. Било како било, пишав мејл до правната служба таму, бидејќи ми се чини таа ареса беше без име и презиме, па си реков можеби другите се стари, кој знае дали воопшто редовно ја одржуваат страницата... Пораката ја пратив на 19 декември, и како што очекував не добив одговор еве до 23 декември.

Сепак, бидејќи очекувано беше тоа дека нема да добијам електронски одговор, во петокот сабајлечки вртев на 0800 и таму ги запознав со моите случки. Службеничката која разговараше ме извести дека разговорот се снима (заради контрола на квалитет на услуга - веројатно) и ќе биде евидентиран, ама јас за секој случај да сум се јавел во Внатрешна контрола на ЈСП која можам да ја добијам на 3174264.

Па после некое време успеав да ја добијам службата на тој број, и таму убаво ми објаснија дека легитимациите на контролорите се тие што се залепни во автобусите, жолти, со слика, со логото на ЈСП и дека тие се единствените валидни. Логично овие луѓе што се качуваа по автобусите - не биле контрола на ЈСП. Не знам дали некој друг има право да контролира автобуси на ЈСП.

Вака ми се чини останува тоа дека секои двајца-тројца тепачи можат да влетаат во автобус и да се надеваат дека од сите патници ќе начекаат некој без карта и со 200 денари во џеб кои ќе си ги приберат од уплашениот и под закана од тепање патник. Полесна заработувачка - здравје! Кој знае дали возачите воопшто можат да интервенираат, ама со оглед на тоа дека не можат да ги смират средношколците од кршење на автобусот, тешко дека ќе се спротистават на 2-3 насилници.

Ми текнува сега и теорија на заговор, дека можеби овие што влетуваат се знаат со возачите... ама ај да не одам натаму.

Урбани гомна

Tags: 

Во топлите месеци во мое маало транзитираат запрежни коли од типот „Старо купујем“ и „Бостан благ“. Вториве се особено корисни за човек да не ака до пазар по лубеница. Лошата страна на коливе е што коњот што ги влече знае да направи куп гомна на улицата. Така, во лето на пример, пожелно е човек кога оди, комотен во влечки, често да гледа кон земјата, за да не се зашлапа во коњски измет. Ова особено важи пред оние комшиски дворови чии газди не се заинтересирани за тоа што смрди од улица.

За да стигнам на работа се симнувам на Ким. После низ зградите кај Бизар, до булевар и надоле (или нагоре) кон театар Центар. Вчера имаше гужва и автобусот застана кај пешачкиот премин. Се симнав и продолжив право по тротоарот, покрај Амбасадата/Канцеларијата на Р. Грција.

И така си одам, и во еден момент погледнувам надолу и пред мене куп гомна - пред големата црна грчка врата. Ако ја исклучам можноста коњ да шетал пред зградата ноќта, тогаш ако било куче, било некое куче големо колку Скуби-ду. За други опции воопшто не ми се зборува.

Рамстор рулз!

Tags: 

Се сеќавате на приказната што беше на Он.нет за писоарите што имаат нацртана мува на нив, за припадниците на машкиот пол да се занимаваат (т.е. да не прават беља) додека уринираат? Епа, такви писоари има во Рамстор. Што да пишувам уште? Одете на мо***е. :)

Зошто не го сакам Скопје?

Tags: 

Денес (т.е. вчера) бев на концерт на Т.Б. Трачери на програма на Скопско лето. Цената на билетот беше 150 денари. Стигам пред врата и таму некој тип бара дали е на список. Не е на список. Типот се оддалечува, ѕвони на мобилен и моли некого таму да го стават на список.

Почнува концерот, озвучувањето (пак) е срање. Ова чувство особено ми се засилува вака после Exit. Едноставно не ми е јасно како во толку години „независна Македонија“ никој во земјава не научи да поставува асално озвучување. Публиката мртва, ја мрзи да аплаудира. Трачери не знаат асално да го измешаат репертоарот и мрчат што публиката е мртва. Негде кон крајот озвучувањето тотално се заебува. Општа оцена од 1 до 5, 3 на стаклени нозе.

Во центарот на градот пак, е општа калакурница. Тие луѓето до кафаните (кафулињата) дури и клупите ги разместиле за да стават маси. Она што е особено интересно овде е што масите, зафаќајќи ја улицата, зафаќаат дел од шахтите. Шахтите, логично, мирисаат лошо (смрдат!). А луѓево сепак седат во кафаниве и плаќаат фини пари за пијачка.

Ај доста е. Ако продолжам да пишувам ептен ќе се изнервирам.