Submitted by Новица on
Tags:
Вечерва требаше да се сретнам со девојка ми кај Aрапска куќа. Поминувајќи по тоа уличето, покрај Капитал банка, видов шпанско знаме како виси и табла покрај вратата на зградата на ќошот и си реков да видам што е тоа, бидејќи не знаев дека Шпанците имале дипломатско претставништво тука.
И бидејќи не читам од далеку, морав ептен да се доближам за да прочитам кога работат тие со странки. Во тој момент од внатре излезе некој чувар.
Тој: Повелете господине.
Јас: Ништо, си чекам.
Тој: Не можете овде да чекате.
Јас: Зошто?
Тој: Забрането е.
Јас: Не гледам никаде да пишува.
Тој: Не мора да пишува. Јас така викам.
Јас: Хех...
И му свртев грб. Стоев така неколку минути и потоа си седнав на клупите кај Шведската амбасада. Не знам што точно правеше типот додека му бев свртен со грб.
Сакав да ги гњавам Шпанците на мејл дека нивните службеници малтретираат граѓани кои поминуваат и застануваат на тротоарот кај амбасадата, ама брзото гугл пребарување вика дека амбасадата за Македонија им е во Софијa (ова кај нас е конзулат ли?), а и не можам да најдам контакт, па еве вака да си пишам на Интернет.
6 Comments
Bratu, vo nasava Makedonska
Submitted by blagoj (не е верификувано) on
Bratu, vo nasava Makedonska drzava site imaat povekje prava od "Makedoncite". Interesno ova sto ti se slucilo. Ako nemas popametna rabota i si za toa da gi maltretiras Spancite samo kazi ili pisi kaj mene na email, imas poddrska od mene pa i ja ke gi maltretiram zaedno so tebe.
Pozzz....
Toa e...
Submitted by Zlochko (не е верификувано) on
Објектот од кој што те избркале е новата Шпанска амбасада. Како и секоја друга амбасада, територијата зад вратата е територија на туѓа држава. Не го оправдувам чуварот, но знам зошто те избркал... подобро да се спречи, отколку да се лечи. Според него - можеби си имал кашикара во раката. :)
Тоа порано беше Конзуларно
Submitted by Тони (не е верификувано) on
Тоа порано беше Конзуларно претставништво на Кралството Шпанија, а сега е веќе амбасада на Шпанија... Повеќе инфо на http://www.mfa.gov.mk//Upload%5CContentManagement%5CFiles%5CDiplomaticLi... на 57 страна.
А, што се однесува до постапката на чуварот - тотално селски. Не може да пишува дека не смееш да поминеш пред амбасадата, ниту пак да стоиш пред неа. Не постои такво нешто. Сепак, ако чуварот смета дека си сомнителен, може да се јави во македонска полиција и да и ги повика да те легитимираат. И толку...
Просто речено
Submitted by Новица on
Просто речено, ако типот (или амбасадата) има надлежност над тротоарот, тоа ќе го пишува и ревносно ќе го спроведуваат. Мене ми се чини дека типот сакаше само да се цепа малку демек ете чувар а-у...
@Тони, ептен ми е сомнителен тој мелјот за амбасадата во линканиот документ.
Abe kjuti, arno ne ti m'snal
Submitted by blagoj (не е верификувано) on
Abe kjuti, arno ne ti m'snal i nekoj zavratnik. :)
Не е грешен мејлот, тој е,
Submitted by oksimoron (не е верификувано) on
Не е грешен мејлот, тој е, проверено во службена документација. Немаат свој сајт, затоа се на МТ.НЕТ.
И да, одскоро се АМБАСАДА.
А чувар ко чувар, не е џабе тоа што е, ама па и има право да опомене а не да забрани.
P.S.
Грешка грешка, кометирав на кајмакот наместо овде, sorry