фотографии

Undefined

Успешен фотограф

Tags: 

Само што добив е-пошта дека мојата фотографија од Потсдам објавена по CC-BY-SA на Flickr:

Универзитетот во Потсдам

е употребена од електронскиот (за iPhone) водич за Берлин - Шмап.

Како тоа изгледа при користење на iPhone може да се види овде.

Мојата фотографија на en.wikipedia

Tags: 

Слушајќи го Робин Хаман од БиБиСи на Gloca2.0, го посетив и неговиот блог и видов дека го ставил Скопје со врска до Википедија на англиски.

http://en.wikipedia.org/wiki/Skopje

И таму, мојата фотографија од Скопје, сликана од видиковецот на Водно, лани за време на МОТ.

Кул. :)

Дигиталните технологии и обезличувањето на искуството

Tags: 

Од Дубровник се вратив со околу 1GB фотографии во мојот апарат. Мене ме има на 2-3 слики (5-8MB).

Толку од семејните албуми кои, листајќи ги низ годините, можат да откријат кои и какви сме биле во минатото. Сега дигиталните албуми откриваат само каде сме биле и како изгледало местото.

П.С. Се уште немам кај да ги качувам сликиве. Flickr-от ми е полн. ;-)

Wishlist: уште место на flickr со pro сметка

Tags: 

По ѓаволите... ова веб2.0 е полно со изненадувања. Еве што ми вели мојата flickr сметка:

Hey Novica! About your photos...

You've run into one of the limits of a free account. Your free account will only display the most recent 200 photos you've uploaded. All of your photos beyond 200 will remain hidden from view until you either delete newer photos, or upgrade to a Pro account.

None of your photos have been deleted, and if you upgrade, they'll all come back unharmed.

Па ако некој си мисли да ми подари нешто, дали за роденден или за 1ви мај, има некои долгови кај мене, или пак само сака да ме почасти, еве опција: flickr pro сметка. :)

Хм, а може и да си отворам друга сметка за следните 200 слики.

Индустријата е мртва, да живее индустријата

Tags: 

Велигденските празници ги поминав во еден планинарски дом близу селото и рудникот „Тајмиште“ во кичевско. Рудникот што бил таму сега е само рушевина. Кој што успеал да украде - украл. Тоа што не може дома да се носи останало да зјае така празно.

Некои слики за илустрација има на http://www.flickr.com/photos/novica/tags/индустрија.

Било како било, останува да видиме дали иднината ќе донесе замена на тешката метална со лесна туристичка индустрија, бидејќи местото сепак е поубаво за шетање, отколку за копање.

:)

Мостот на Дрина

Tags: 

Да завршам некако со фото-приказните од патот до Сараево и назад (и така ја пополнив месечната квота на Flickr), ова подолу е еден мост.

Мостот на Дрина

Што со тоа? Миша на враќање од Сараево ме разбуди од дремката за да ми раскаже дека мостот покрај кој застанавме (овој од сликава) бил истиот мост од книгата „Мостот на Дрина“ на Иво Андриќ. Јас брзо-брзо направив пар невешти фотографии од кои оваа колку-толку личи на нешто. Барем се гледа мост на неа. :)

Страници