блог

Undefined

airborne во 2012

Tags: 

Без намера ова да стане традиција, еве што сѐ се појавило на местово оваа година.

Во 2012 на блогов оживеале 54 (педесет и четири) написи - вклучувајќи го и овој. Тоа е за повеќе од половина помалку текстови од лани. Во август немало ниту еден запис. А најмногу се во октомври - 8, повторно за половина помалку од ланскиот месечн максимум од 16 записи.

Голем дел од текстовите всушност беа наменети за други „издавачи“ - ако може така да се каже. Во почетокот на 2012 текстови прво се објавуваа на it.com.mk, а во втората половина на годинава на Радио Слободна Европа. Темите што доминираат се: интернет, јавноста и законите.

Во контекст на објавување на „други места“, мора да го забележам и објавувањето на „За серењето“ како и рецензијата за хипстерите на Букбокс, додека со различен интензитет продолжија да функционираат и http://mudrec.tumblr.com/ и http://understandortodraw.tumblr.com/.

Ако треба да одберам еден текст што е би го носел епитетот „нај“ од оваа година од блогов, тогаш таа несреќна заслуга ќе му ја доделам на Приватизација на јавното од јуни.

По месеци најзначајните моменти на блогов во 2012 се:
Законите и интернет во јануари.
ACTA не е само за нас и Холивуд во февруари.
Алчност, поплаки и архитектура три години по 28.03 во март.
Скопје, ремиксан, брат во арпил.
Штуро во мај, но затоа ќе извојам сѐ од јуни:
Јавниот превоз и редистрибуцијата,
Уште две (кратки) поенти за градот и
Приватизација на јавното.
Поп-културата и новинарството во јули.
Ништо (онлајн) во август.
Универзитетска независност и волшепства во септември.
Политиката на изразувањето, Пред затемнувањето | #член16 и Граѓанството како јавна функција [или уште неколку идеи за навредата и клеветата] во октомври.
Јавно соопштување против преголемото регулирање на јавното соопштување во ноември.
И, Рационалниот избор на политичките партии во декември.

Годината најверојатно ја затворам со овој преглед. Благодарам што читате. СНГ и успешно хакирање.

Награда за airborne

Tags: 

Цитирано од diversitymedia.mk:

Диверзити Медиа Продакшн, денеска 29 февруари, во 12 часот во просториите на Клубот на Новинари во Скопје ги објави наградите за млади блогери „Биди NEWS BLOGER“.

Првото место му припадна на Новица Наков за текстот „(Не)познато (не)знаење“

Второто на Фатлуме Дервиши за блогот “Концептот за демократија во земјите во транзиција” и Третото место на Моника Петровска и Маја Пероска за текстот „Демократија - слобода да си ги избереме нашите сопствени диктатори“.

Прес сѐ чинам дека е потребно да искажам пофалба за Diversity Media што одлучија да прават ваков конкурс. Потоа, благодарност од Елена Игнатова од Метаморфозис што ми кажа дека постои конкурост. Потоа, мал дел од овој успех е и за сите луѓе со кои разговараме на разни теми и од кои разговори произлегуваат многу од текстовите овде.

Текстот што ја освојува наградата е достапен тука: (Не)познато (не)знаење . За мене, тоа не е највредниот текст на ова место изминатава година, но тоа никако не ја намалува вредноста на ова признание.

На крај, благодарност за наградата и искрено жалење што не можев да присуствувам. Работните обврски натежнаа токму околу пладне.

airborne во 2011

Tags: 

Во 2011 на блогов оживеале 116 (сто и шестнаесет) написи - вклучувајќи го и овој. Во просек тоа е еден напис секои три дена.

Најмногу во месец јуни - шестанесет. Тоа беше месецот во кој се случуваше протестот против полициска бруталност. Текстовите од тој период се со лепенка протестирам. Мене најопишувачки, иако со доза на цинизам, на сета работа околу случајот и понатаму ми останува текстот, т.е. цитатот од Неколку добри луѓе, објавен кога сѐ уште многу малку се знаеше за целиот случај: Неколку добри луѓе vs. #daniel.

Но, најистакнат на темава помеѓу сите е текстот што го пишувавме заедно јас и Миша Поповиќ: Полициската бруталност и општествената класа - текст што се појави во август.

Јануари беше одбележан со два текста што ми се многу драги и кон кои често се навраќам:
Отворен повик за хакери и Ширење на хакерскиот дух: говор по повод 10 години Википедија.

Во февруари дебата и интерес предизвика текстот Правните прашања зад дебатата за андроид апликацијата за Златна книга.

Март е шарен со неколку текстови што ми се чини се доволно интересни да бидат споменати: Суперхероите и новинарството, Неколку белешки за филмовите на Билјана Гарванлиева, TEDxSkopje - една година потоа.

Април и мај испаднаа некако окупирани со теми за изборите: За изборот и изборите, Репринт: Маестралната уметност на владеење на Груевски, Избори 2011 (уште еден репринт), Колиер, па Рузвелт, Буџетски белешки за изборите.

Јуни експлодираше со текстови за протестите, полициската бруталност и идеи поврзани со тоа. Веројатно најзначаен до сите е За Мартин Нешковски, кој преработен, дополнет, дообјаснет, беше и платформа за многу од активностите што се случија. Секако, ги препорачувам сите написи од тој период.

Јули ја имаше малата анализа на текстовите од огласите за Законот за амнестија и хашките случаи.

Август, покрај тоа погоре наведениот Полициската бруталност и општествената класа, освртот кон Седмата република ми е мил и поради книгата и темата што ја обработува.

Септември ми изгледа штуро, но да го издвојам Идеологијата и градот.

Октомври е враќање на некои вообичаени теми: Поглед кон „Патенталија и Тентелина“ од Матеј Богдановски, од фронтот на војната за авторски права и Behind enemy lines: Белешки од webit '11

Во ноември блогот доби и нова важна лепенка it.com.mk, заради текстовите што почнав да ја пишувам за тој сајт. Од тој месец би го издвоил Ретвитај за музика, иако сѐ што е под таа лепенка е интересно за читање. Настрана од тоа тука е (Не)познато (не)знаење.

Декември го отворив со Објаснување за системот на електронска здравствена картичка од гледна точка на зависност од еден понудувач, а во него се и Кон „Изгубената република“ од Лоренс Лесиг и некои идеи поврзани со неа по настанот „Стратегии на отпорот - од културен активизам до нови модели на општествено дејствување“ и Јавната дебата и слободата на говор.

На крај, најзабавна и најпрониклива ми беше колекцијата „македонскиот народен мудрец“ која почна овде, но продолжи на mudrec.tumblr.com.

Годината најверојатно ја затворам со овој преглед, освен ако нешто многу интересно не ме предизвика од 28c3.

СНГ и Happy Hacking.

Drupal 7

Tags: 

airborne (конечно) работи на drupal 7.x. Недостасуваат уште неколку работи што ги имав на претходната верзија, но барем има нова тема.

\m/

Благодарност до Дамјан за помошта во миграцијата.

Zemanta конечно на блогов...

Tags: 

Drupal

Image via Wikipedia

После неколко часовно ловење на проблемот зошто Zemanta не се појавува на мојов Drupal, конечно открив дека работата била во различните теми во администраторскиот дел и овој главнот што се гледа додека се суфра на блогот.

Како и да е, ова конечно работи и еве ќе залепам неколку сликички да видиме како изгледа ова.

Reblog this post [with Zemanta]

airborne во ново руво

Tags: 

По долг период на тестирање, хакирање, копирање, конфигурирање и генерално трошење на време за една зезалица како што е блог, мојот блог конечно е префрлен на нова платформа и ново URL.

Сега работи на Друпал и има неколку интересни можности и трикови, меѓу кои и можноста за коментирање. :)

Сите работи сѐ уште не функционираат под конец, но се надевам дека со уште неколку кликнувања сѐ ќе биде во најдобар ред.

Содржината од стариот блог е речиси целосно мигрирана и каналите од feedburner исто така се пренасочени. Фалат две-три страници кои намерно ги изоставив, а можеби и нешто што случајно сум превидел во сето тоа копирање. Како и да е, стариот блог останува да живее на истото место, па истото важи и за содржините. А доколку некој пронајде нешто што фали, секогаш може да ме извести за тоа. :)

Патем, се надевам дека блогов ќе биде и добар пример (showcase) за Друпал.

Благодарам на сите што на различни начини ми помогнаа во миграцијата.

Блог запис бр. 343 и мигрирање на друга платформа?

Tags: 

Пред некој ден со Игор паднавме на муабет за DotClear - потенцијално најдобриот софтвер за блог и сл., само што е на француски... :)

Така решив да проверам до кај е развојот на ова стинат и изненадувачки последниот rc кандидат за верзијата 2 има можност за увоз од rss/atom.

Увозот беше успешен во ситуација кога има само еден запис кој доаѓа на atom-от од ова место, но кога го поместувам на сите 342 ми вика дека нема содржина за увоз.

За малку. :)

спика - хрватско-веб2.0 место и идеја за негова употреба

Tags: 

Не видов никој до сега во македонскиот блогосвет да пише нешто за спика.

За оние кои се прашуваат како може да се користи, еве една идеја:

Коментирање на блогови кои немаат можност за коментари (како овој мојов блог).

Правите тема, и си пишувате. :)

Пример: блог коментари и спика.

Страници