блог

Undefined

Планетата вели добре дојде за уште еден нов жител

Tags: 

Од денес, Билјана е жител на нашата планета заради нејзиниот придонес во кревањето на свеста на блогерската заедница за прашањата проврзани со авторските права, слободата, културата, слободниот софтвер итн. Доказен материјал: мојот прв пост на Ubuntu и слобода за Мики Маус.

Ова серизно. :)

Билјана - добре дојде!

Баш и не ми текнува наслов

Tags: 

Човек оди офлајн и почнуваат на Интернет (добро де, и по весници) манифести некакви да се пишуваат... гад-дем.

Дамјан ми раскажува опасна калакурница се десила во блогосферата.

Тоа ме натера да се потсетам на една стара порака, испратена на nettime-l, како одговор на еден манифест испратен таму:

The truth is, no one really gives a fuck about manifesting on nettime. Publishing here is free and gives you near-zero stature. Don't waste your time and my time pretending that you're publishing in highbrow magazine with "influence". If I want to read that I'll buy one.

Nettime used to have a good "have something to say/pathological impulse to publish" ratio. Generic "capitalism bad something else good" essays are FUCKING BORING. NO ONE READS THAT. MAKES YOU LOOK DUMB AND NOT BEING LAID IN MONTHS.

Заменете, nettime so блогови - и нешто друго ако треба. :)

П.С. Начекав интернет и се распишав малку изгледа...

Априлска одјава '06

Tags: 

Мислев да напишам некоја мудра мисла за тоа дека ќе го вадам модемот и дека ќе одам офлајн, ама си реков заеби: одам офлајн - и тоа е тоа.

До некои подобри времиња (или случаен Интернет :)), блогов мирува.

ЦИСИП: интелектуална сопственост на англиски јазик...?

Tags: 

Си мислев дека мојата загриженост ќе чмае на врвот на блогов некое време и дека ќе спијам. Ама сурфав малку по блогосферата и најдов некој блог за интелектуална сопственост со име ЦИСИП. И во прв момент ми се причини добро што некои македонски блогери одлучиле да зборуваат за вакви прашања, плус блогериве правници, што е за прв пат да пронајдам правник во земјава што се интересира за вакви прашања. Ама...!

1. Претежно текстовите се на англиски јазик. Ова е проблематично само по себе. Ако некој се сака да научи нешто, а англискиот не го владее многу-многу, особено кога е полн со правни термини, нема да може да научи многу на овој блог.

2. Намерно или ненамерно, блогот го користи терминот интелектуална сопственост. Ова е проблематичен термин заради својата повеќесмисленост. Било кој извор на информации кој нема да се погрижи да своите корисници да им објасни кај се разликите меѓу сите видови ИС е лош филм и точка. Треба да има банер, врска или нешто друго со големи букви на првата страница каде ќе можат лаиците да кликнат и да одат до текст што ќе ги објаснува разликите.

3. Последниот запис ми фати око: "The words “free” and “freedom” have many different connotations... Ајде, ајде... на македонски и на англиски се разликуваат различните конотации. Зошто да не се објасни ова така убаво секој да разбере?

Што има?

Tags: 

Пред некое време на некој странски блог (на англиски јазик), не се сеќавам точно каде, прочитав нешто што одеше отприлика вака:

Добрата работа да имаш блог е тоа што сите твои пријатели знаат што има, што се случува со тебе.

Лошата работа да имаш блог е тоа што сите твои пријатели знаат што има, што се случува со тебе.

Не знам колку е ова точно за македонските блогови воопшто, или конкретно за мојов блог, ама добро е да се има на памет.

Ефектот Дворак

Tags: 

Џон Дворак пишува колумни некаде на Интернет. Често тие колумни завршуваат како вест на Слешдот. Кога ќе завршат таму коментарите што се под тие вести во доминантен број се негативни. Слешдотерите не мислат добро за Дворак. Мислат дека пишува глупости. Мислат дека намерно го прави тоа за да привлекува посетители. Многу коментари, многу кликови до местото каде е колумната, многу промет, многу пари за Дворак. Некои слешдотери предлагаат вести за колумните на Дворак да не се појавуваат на Слешдот.

На македонските блогови актуелна е некоја песна од Неделно време од 05.03.2006 г. Го разгледував весникот кога излезе и не се сеќавам дека ја видов песната. Денес пак го разгледував весникот. Сега ја видов песната и ми текна дека и првиот пат сум ја видел, но во дел од секундата сум ја шкртнал како нешто нерелевантно. И, и денес не ја прочитав.

На македонските блогови во голема мера се дискутира со негативен тон за песната. (Може негде и со позитивен тон, ама ми се чини не видов такво место.) И додека сите дискусии за шовинизмот или правото на слободен говор се легитимни, не можам да не помислам на приказната за Дворак.

Ако е шунд, срање, лошо, зошто по ѓаволите му посветувате внимание и го правите релевантно во медиумската сфера?

Блогови

Tags: 

Бев на blog.com.mk, колку да видам што се случува. Видов еден наслов „Мета-утопија“, го кликнав. Тоа е блогот на некој со име schizochronia. (Да можев да поседам повеќе на Интернет, веројатно ќе искоментирав нешто таму...) Од таму стигнав до makondo и Pattern Recognition. Додуше ги кликнав онака, името дека ми фати око. Некако тиња ми се чини што не најдов на ниеден од трите барем некаква информација или хинт за тоа кој човек стои зад блоговите.

Pattern Recognition... мислев ќе најдам нешто за Гибсон таму. Добро, не прочепкав по архивите. Некој ден ќе мора да напишам нешто повеќе за оваа одлична книга.

И додека го пишувам ова ја видов врската „наши блогови“ во моево мени која води до македонската гну/линукс планета. Ја имам додадено кога планетата беше голем дел од нашите т.е. македонските блогови. Сега е мал дел. :) Пркнаа работите со блоговите. Го менувам името на врската.

Страници