Скопје, ремиксан, брат

Tags: 

Дисклејмер: не сум некој филмски зналац. Ама, ете, сум гледал многу филмови. Исто така, предупредување да не читаат тие што не гледале.

Па го гледав „Скопје ремиксан“. Велам не сум некој филмски зналац, ама можам да кажам еј добар филм - кога ќе гледам добар филм, и едноставно по 2 часа во кино, тоа не можам да го кажам за овој филм.

Сега, не се разбирам во тоа каква се работа со камерата е правена или некои други такви технички детали. Но, мислам и дека тоа не е задолжително за чесен коментар. Од сите филмчиња што се во омнибусот само 2-3 ми оставија чувство на целосен филм, со приказна и слично. Тука се (ги користам насловите од Маклабас го брани Бит-пазар) „Скопски љубовџии“ на Ѓорче Ставревски, кој ми се чини и како најавтентичен од сите, потоа Свиркачот" на Вардан Тозија, кој е фин, но сепак само реинтерпретација на „V for Vendetta“ и до некаде "Опера" на Даријан Пејовски. Сѐ друго, јеби га. Не знам дали би добило и искрени 20 лајка на јутјуб.

Тоа околу филмското доживување.

Сега за уште две работи кои нужно некако одат рака под рака со филмов, бидјеќи, ми се чини, и авторите така сакале.

Прво, тоа е постојаното референцирање на „изгубеното Скопје“. Многу ми е тажно што, ете на некој начин, скопската уметничка оштрица во градов не може да излезе од таа рамка што е наметната од политичката оштрица, а тоа е инсистирање на единственото читање и разбирање на градот. Едните плачат за Скопје од пред-земјотресот, другите за Скопје на Танге, трети... како да не може да има повеќе Скопјиња, повеќе приказни што го идентификуваат градот и неговите жители (што би било и баш постмодерно, ако веќе баш сакате). Така што таа цела „ни го земаа градот“ реторика ми е бљак и мислам дека е прилично надвор од хм, современите текови, ако може така да се рече. Дека таа реторика постои во филмот пак, не е спорно, од постојаното потсетување, речиси документарно, на некои настани и/или времиња што се дел од историјата на градот. Што значи, не можеме да заклучиме дека тоа е дел од фикцијата која филмот (би) ја претставува(л).

Второ, а повразно со првото - секако, се импликациите кон политиката од ваквото презентирање во филмот. Колку и авторите да сакале да покажат среден прст кон политичарите и да испаднат фраери во Скопје со тој свој чин, сепак неспорно и на очиглед е дека филмот е снимен со пари од Македонскиот филмски фонд, кој што пак е во рацете на Владата на РМ, истата Влада што „ни го краде Скопје“. Сега, можеби личи субверзивно што ете македонските млади режисери направиле филм со пари од истата кофа од која се црпи за спомениците или што знам што, но со оглед на тоа дека (веројатно) се дале пари за сценарија кои требало да бидат видени претходно, заклучокот што може да се донесе е дека моќниците и не мислеле дека има нешто страшно во тоа што се кажува - за на пример да треба да се поправи или замолчи.

Ова ме потсети на Асанж-Жижек дебатата од лани, и за дискусијата за цензура. И да го цитирам Асанж: „Секогаш треба да гледаме на цензурата, всушност, како позитивен знак, и обидите за цензура како знак дека општеството не е целосно сошиено, сѐ уште не комплетно фискализирано, туку дека има сѐ уште некоја политичка димензија во него. Односно, дека тоа што луѓето го мислат, веруваат и чувствуваат и зборовите што ги слушаат всушност значи нешто“. Оттука, заклучокот е дека што се однесува до македонските политичари, ова филмско бунтување не значи ништо.

3 Comments

Не сум го гледала филмот, ама

Не сум го гледала филмот, ама „непослушна сум“ - го прочитав текстот. Пред неколку денови, за време на една прошетка со мојот пријател Иван констатиравме дека мора да престанеме да го гледаме Скопје како украдено, како изгубено. Да престанеме да го гледаме со туѓите очи. И така почнавме наизменично да си кажуваме по една реченица што почнува со “Го сакам Скопје ..зошто или кога...“. Цел пат тоа го правевме. Освен што беше забавно, се потсетивме на нашите најлични, најинтимни Скопјиња - затрупани под секојдневното инертно мелење за украденото од Другите Скопје.

Конечно некој да пише нешто

Конечно некој да пише нешто за филмот. Трејлерот го отепаат од споделување насекаде (читај ФБ и твитер), сите се испофалија дека ќе одат да го гледаат, и никој не сподели што видел. Изгледа тешко е да пишат дека не е добар, или дека не им се свиѓа, или еве дека не го разбрале :)

relevant: http:/

relevant: http://kitchenchicken.blogspot.com/2012/05/both-skopje-and-remixed.html
Радомир Константиновиќ има една книга во која зборува за духот на паланката и карактеристиките на паланечкото, малограѓанско гледиште на светот. Ме мрзи да ја барам и да препишувам цитати, зашто она што мене ме интересира е само еден мал момент за кој тој зборува - а тоа е стравот од промени. Паланечкиот менталитет (и тука паланечки го сфаќам во широка смисла на зборот), кој не е секогаш одлика на малите градови и вешто се промолкнува и во големите, за свој најголем непријател ја гледа промената. Паланчанецот сака да ги знае сите, да знае што се случува, да има контрола, да биде на свое, на познато, на фиксно, без странци, без закани, без продори од надвор, без напад на Другоста и идеално би било кога светот околу него би останал таков каков што е, засекогаш. Токму затоа, паланчанецот и не го ни сака големиот град, и одбира да остане во мало место, каде што е заштитен од промени.