airborne во ново руво

Tags: 

По долг период на тестирање, хакирање, копирање, конфигурирање и генерално трошење на време за една зезалица како што е блог, мојот блог конечно е префрлен на нова платформа и ново URL.

Сега работи на Друпал и има неколку интересни можности и трикови, меѓу кои и можноста за коментирање. :)

Сите работи сѐ уште не функционираат под конец, но се надевам дека со уште неколку кликнувања сѐ ќе биде во најдобар ред.

Содржината од стариот блог е речиси целосно мигрирана и каналите од feedburner исто така се пренасочени. Фалат две-три страници кои намерно ги изоставив, а можеби и нешто што случајно сум превидел во сето тоа копирање. Како и да е, стариот блог останува да живее на истото место, па истото важи и за содржините. А доколку некој пронајде нешто што фали, секогаш може да ме извести за тоа. :)

Патем, се надевам дека блогов ќе биде и добар пример (showcase) за Друпал.

Благодарам на сите што на различни начини ми помогнаа во миграцијата.

6 Comments

еве одма и по некој совет.

еве одма и по некој совет. тргни го полето за наслов на коментар, непотребно е. и смени го редоследот, освен ако не си направил така со умисла. најновиот коментар се појавува најгоре, наместо најдоле, мене барем така би ми било подобро :)

Благодарам за поздравите и честитките

@darko156: Да, намерно се така подредени коментарите. Полето може е вишак, ама не задолжително, па стои за евентуално некому да не му притреба.

@Калина: Сега има директ Зачувај. Што е проблемот со Captcha? Нема тоа овде? Спам заштита правам со http://mollom.com, иако не знам како работи.