слободен софтвер

Undefined

Упатство за GRUB

Tags: 

Познавам неколку луѓе кои имаат чести проблеми со бутирањето на својот компјутер, затоа што често, на некои магични начини, си го заебуваат boot-loader-от. Затоа еве корисна врска: упатсво за GRUB, и за оние што не ги познавам, а имаат слични проблеми.

Аха, ми текна. Уште еден одличен текст на истава тема.

Firefox != слободен софтвер?

Tags: 

Изненадување, изненадување... Читам некои докуметни за trademarks политиката на Мозила, и од линк до линк, стигам до блогот на Гервасе, еден од поглавните баџовци во Мозила.

Цитирам:

Free Binaries of Firefox

Six weeks ago, RMS emailed the Foundation to politely point out that the builds of Firefox we ship are not Free-as-in-speech. He's quite correct in this assertion. We ship Talkback, a non-free crash-reporting tool, and there are also some provisions in the Firefox EULA which he suggested are non-Free as well, such as the restriction on removing the trademarks, and the requirement to follow US export regulations.

Да бидам искрен, до овој момент не знаев дека Firefox се дистрибуира под друга лиценца, а не под триото MPL/GPL/LGPL. Колку проблематично може да биде ова? Едно е сигурно, прво правам преинсталација за да ја тргнам non-free-crash-reporting алатката.

Е сега, да продолжам да куцам во ослободениот ФФ. Трејдмарк политиката на фондацијата правеше полно проблеми до сега дури и за нас. Пример процесот на локализаиција е значајно отежнат (искомплициран) заради тие причини. Но вистинските проблеми почнаа (или почнале) да се јавуваат кога луѓето од Дебиан почнаа да думаат дали ваквата политика на Мозила е во согласност со DFSG (Правилата на Дебиан за слободен софтвер). Муабетот кој се врти околку тоа каков точно Firefox ќе дистрибуира Дебиан, но и што ќе се случи со другите ГНУ/Линукс дистрибуции.

Стварно не ми е јасно зошто Мозила толку многу ги комплицира работите. (Можеби бидејќи има полно proprietary лошотии останато од времето на Нетскејп во смисла на начин на размислување и човечки кадар?!?)

Сепак едно е јасно, а тоа е дека светската ФЛОСС заедница ќе се подели и по ова прашање, што ќе значи трошење на ресурси на преправање работи, наместо на правење нови (подобри). Така, ако е точно тоа на блогот на Гервасе, Мозила ќе вложи време и луѓе во правење на слободни бинарни датотеки кои, пазете, нема да ги промовира.

Ќе има ли сето ова некакво влијание на локализацијата на Фајрфокс? Сосема возможно... ќе почекаме да видиме што ќе се случи.

Слободен софтвер, слободно општество

Tags: 

Денес, јас и Дамјан (и неговиот лаптоп :)), како претставници на Слободен софтвер Македонија, одржавме две предавања за слободниот софтвер на студентите на новинарство на правниот факултет. Предавањата траеа од 12 до 16 часот, т.е. во стандардниот термин за часови по информатика на овие студии. Предавањата се концентрираа пред се на филозовските и етичките прашања кои се основа на слободниот софтвер, но и на ширењето на овие идеи во другиот дигитален свет: филмовите, музиката, текстовите на интернет и сл.

Слободата секако беше главната тема.

Покрај освртот кон слободната како главно прашање зборувавме и за заедницата, за луѓето кои работат на и со слободен софтвер, за creative commons, за авторските права и патентите. Зборувавме и за софтверот и неговата практична употреба, и за тоа каде можете да најдете слободен софтвер и како можете да го користите: дали е лесен за употреба? Да секако! Секако, направивме и осврт кон позитивните влијанија и користи кои општеството во целина може да ги има од користењето и поддржувањето на слободниот софтвер, со посебен акцент на образованието, економијата и јавните служби или државата.

Предавањата всушност траеја по еден час (60-тина минути -- значи две предавања, едно за студентите од втора и едно за студентите од трета година) по што следеше кратка пауза и можност студентите да поставуваат прашања, или пак да отпочнат некоја дискусија. Ова за жал не се случи баш онака како што се надевавме, но сепак неколку студенти си поиграа со лаптопот на Дамјан кој работи на слободен софтвер. Исто така поделивме околу 40-тина дискови TheOpenCD. Искрено се надевам дека оние кои ги земаа дисковите ќе го искористат и софтверот кој се наоѓа на нив.

Ова е втора година како студентите на новинарство слушаат предавања за слободен софтвер, и мислам дека би било добро оваа тема да стане постојан дел од нивната настава -- или се надевам дека и другата година ќе правиме вакво предавање. Секако би било добро вакви предавања да има и на другите факултети од општествените науки (не ги споменувам ПМФ-информатика и ЕТФ, бидејќи сметам дека таму секако слободниот софтвер мора да се употребува и учи) каде информатиката е дел од наставата, па ако некој одлучи да поведе ваква иницијатива, јас, Дамјан и лаптопот сме спремни и чекаме. :)

И конечно, благодарност до професорот Ѓорѓе Иванов и Миша Поповиќ кои се грижат за организирањето на овие предавања.

Забелешка:

Овие предавања на Правниот факултет се одржуваат веќе две години по ред (2003 и 2004), некаде во ноември, на часовите по информатика на студиите за новинарство има предавања за слободниот софтвер.

Презентациите што се приложени овде се дел од тие предавање. Тие се прилично обемни и се добра рамка за секој кој би сакал да зборува на историјата на слободниот софтвер и неговото општествено значење.

Колку чини Линукс кернелот?

Tags: 

Приказнава започнува навистина интересно. Извесен Jeff V. Merkey на 7ми октомври понудил 50.000 долари на линукс кернел мејлинг листата за да добие копија од кернелот под БСД лиценца (која што подоцна може да ја направи неслободна - хехе). Неговата понуда била веднаш одбиена, и за тоа нема што повеќе да се зборува. Интересното е што понудава била повод да се пресмета колку навистина чини кернелот.

Првичната пресметка е дека чинел некаде околу 176 милиони долари. Но, Дејвид Вилер се помачил и пресметал дека за да се направи 2.6 линукс кернелот во овој момент во еден затворен систем потребни се 612 милиони долари. Така вистинската вредност на кернелот е некаде во милијарди. (Логично нели, бидејќи за да се исплати да го правиш цената на чинење треба да биде поголема од вредноста која ќе ја оствари производот на пазарот.)

И сега, замислете, вие си возите такво кернелче за беспари. Добра ли е слободата или не?

Текстот е тука. И ако по некоја случајност ви се чита уште нешто од Вилер ова не смеете да го пропуштите.

Малку новости...

Tags: 

  1. Mozilla наскоро ќе работи со QT и KDE „natively“ -- како и да се преведува ова. Кратката вест е ова. Очигледно ова е сѐ уште свежо, прво издание. Повеќе информации има на блогот на типчето (мртва врска).
  2. Нова германска студија од Soeren Research кажува дека софтверот со отворен код ги намалува TCO за 30%, при што заштедите се поголеми за поголемите корисници. Веста ја има на многу места, па и тука, ама не успеав да го најдам и самото истражување на Soeren.

Линукс.нет.мк: upgrading...

Tags: 

Пошто Томе (мртва врска) одлучил да спомне нешто, еве јас да појаснам. Сабејлечки кликам на linux.net.mk обележувачот, и оп, гледам албански знамиња и други обележја на страната. Си мислам некој да не се зезал, му ѕвонам на Стојмир и констатираме дека станува збор за the real thing.

Испаѓа дека извесен mhz искористил некој (додуше прилично стар) exploit и го рокнал сајтот. Пото брзо, брзо се пофалил (затворен форум) кај другарите. Таму ќе видите и кој се друг бил жртва на малата вжештена глава.

Искрено не верувам дека mhz е од Македонија, но кога би дознале дека е, радо би му стегнале една тужба. И така новиот кривичен закон е добро среден за ваквиот криминал.

А да, и две слики од кракот:

Словенија ја наградува својата FLOSS заедница

Tags: 

Словенечкото министерство за информациско општество (да, да, словенците имаат вакво министерство) објавува дека со вкупен фонд од 5 милиони толари (ух, не знам колку евра се ова), наградува повеќе проекти од областа на слободниот софтвер/софтверот со отворен код. Баш и не можам се да преведем од словенечки, па можете да го следите линкот и да видите што точно пишува.

Добро, ако прочепкате по документите и старите вести ќе видите дека словенците имаат и други интересни работи на оваа тема. Еве линкови, да не се мачите во барање.... еден и уште еден.

Патентите и слободниот софтвер

Tags: 

После толку многу муабети за тоа дека патентите можат да му нанесат силен удар на слободниот софтвер, еве малку олеснувачки вести. Daniel B. Ravicher од
Public Patent Foundation, се обидува да го исчисти воздухот со малку логика. Заклучокот е дека неслободниот софтвер треба повеќе да се плаши од патентите, а слободниот помалку. Прочитајте тука.

Pages