трикови

Undefined

Wikipedia Art

Tags: 

Група уметници се обиделе да направат мудар трик (и не знам дали ова е добар опис) на Википедија, со тоа што ќе направат само-референцирачки текст за Википедија уметност...

Нивниот обид завршил со брзо бришење од еден администратор, и сега покрај дебатата дали текстот е таков каков што треба да биде за на Википедија, има и дебата дали се испочитувани правилата за бришење на статии на енциклопедијата.

Исто така интересно е што на википедија страницата за концептуална уметност е додадена референца за овој обид, но и таа е брзо избришана.

Целата работа ја имааат документирано детално:

http://wikipediaart.org/

http://wikipediaart.org/brief-history/

http://wikipediaart.org/wiki/index.php?title=Main_Page

Прљави трикови во KMail

Tags: 

KMail, веројатно како и сите други клиентски апликации за е-пошта, има опција Compact Folder. Откако ќе ја прими оваа наредба, KMail фактички ги брише и преместува и средува пораките во папката што сте ја избрале. Ова всушност е и основното (default) однесување на KMail и без корисникот да ја даде оваа наредба.

Сепак, сето ова не важи за влезното сандаче (inbox-от). Пораката која KMail ја враќа е дека „компактирањето“ не може да се изврши од безбедносни причини. Кај мене inbox-от е единствената папка (датотека) на која реално и треба „компактирање“. Спамот стига таму и се друго.

Така, за да го средам inbox-от, го ископирав во датотека со ново име, заедно со се .inbox.index* датотеките, и ја „компактирав“ новата датотека. Потоа го избришав стариот, а новата датотека стана нов inbox. Вчера inbox-от беше 75MB, а денес е 27MB. Ќарив 50 мегабајти... јухууууу!

И, не знам дали ова е bug или feature, ама ова е начинот да се заобиколи. :)

П.С. Дамјан вика дека овој проблем го нема ако си изберете пораките да ги чувате во maildir, наместо во mbox.

Линукс.нет.мк: upgrading...

Tags: 

Пошто Томе (мртва врска) одлучил да спомне нешто, еве јас да појаснам. Сабејлечки кликам на linux.net.mk обележувачот, и оп, гледам албански знамиња и други обележја на страната. Си мислам некој да не се зезал, му ѕвонам на Стојмир и констатираме дека станува збор за the real thing.

Испаѓа дека извесен mhz искористил некој (додуше прилично стар) exploit и го рокнал сајтот. Пото брзо, брзо се пофалил (затворен форум) кај другарите. Таму ќе видите и кој се друг бил жртва на малата вжештена глава.

Искрено не верувам дека mhz е од Македонија, но кога би дознале дека е, радо би му стегнале една тужба. И така новиот кривичен закон е добро среден за ваквиот криминал.

А да, и две слики од кракот: