web2.0

Повеќе од беџ

Tags: 

Собирањето на значки не е ново хоби, но дали овој пат може да има и некои поголеми екстерни ефекти?

Сега кога знаеме дека двеста и деведетесет луѓе може да се соберат на едно место во Скопје заради искористување на попусти, можеме да се запрашаме дали социјалните мрежи како Foursquare може во нашава средина да се искористат и за нешто друго покрај бизнисот и забавата?

Во јануари 2011, за време на револуцијата во Тунис, тамошниот блогер Slim Amamou го искористи Foursquare за да се пријави во тамошното МВР откако беше уапсен. Во ноември 2010 апликацијата се користише планирано и организирано за време на изборите за конгресот на САД, а и есенва за време на Occupy Wall Street, масовната употреба на сервисот помогна да се добие појасна слика за големината на протестите. Покрај тоа што оваа употреба на социјалната мрежа може да биде корисна и за активистите и за новинарите, кои можат полесно да најдат нови случувања преку пријавите на сервисот, не треба да ја заборавиме и мрачната анализа на Евгени Морозов за тоа дека авторитарните режими можат да го користат интернет сосема комонто за да ја зголемат контролата над граѓаните во државата.

Можеби никогаш нема да знаеме дали последново е причина за неупотребата на Foursquare од страна на граѓаните што учестуваа(т) во граѓанскиот активизам против полициската бруталност што трае скоро половина година, или пак причините некои други, помалку загрижувачки, како на пример Web 2.0 неписменост. Сепак, останува тоа дека во текот на целиот период Foursquare не се користеше ни за да се прикаже масовноста, ниту за да се објави посетувањето на институциите на државата каде што се носе документи за официјална комуникација. Но, колку што ми е познато, дури и славеничките активности како просалвите за кошаркарските победи, или добротворните активности како собирањето на стара облека или државно организираните акции за пошумување не го користат сервисот за да ја зголемат својата присутност на интернет и настаните да ги прикажат како попривлечни преку бројот на луѓе што се присутни таму.

Деновиве Дана Бојд во соработка со Microsoft Research одлучи да отвори некои посериозни прашања во врска со технологиите и социјалните мрежи – нивната улога во трговијата со луѓе. Ова е горливо прашање и во Македонија. Не знам дали и како Foursquare (или било која друга социјална мрежа) може да помогне, но знам дека нема причина да се сомневаме во иновативноста на луѓето.

Во очекување на нов настан каде фокусот нема да биде потрошувачкиот дух, се потсетуваме дека по затворското пријавување тунишанецот Слим се пријави од министерската канцеларија во новата влада на Тунис.

Текстот е објавен на it.com.mk: Повеќе од беџ.

Zemanta конечно на блогов...

Tags: 

Drupal

Image via Wikipedia

После неколко часовно ловење на проблемот зошто Zemanta не се појавува на мојов Drupal, конечно открив дека работата била во различните теми во администраторскиот дел и овој главнот што се гледа додека се суфра на блогот.

Како и да е, ова конечно работи и еве ќе залепам неколку сликички да видиме како изгледа ова.

Reblog this post [with Zemanta]

Feedburner се сели

Tags: 

Белешка за оние кои пржат канали преку Feedburner:

Само што приметив дека сите Feedburner сметки се селат на Google, т.е. се интегрираат со основната Google сметка. Рокот за преселба е крај на февруари. По овој датум веќе нема да важат старите Feedburner сметки.

Јас моите канали веќе ги преселив. :)

RE: Култура онлајн/офлајн - пример за ползување на web2.0 светот

Tags: 

Вчера бев на работилницата/дебатата за блогирање на ONLINE/OFFLINE фестивал за интернет и култура во Македонија. (Ќе закачев фотографија, но не најдов ниту една објавена.)

Дебора Хустиќ имаше предавање кое може да им биде од корист на оние што уште не се качиле на web2.0 возот. (Дамјан вели дека веќе е дојдено време да се симнуваме од тој воз, но тоа е друга приказна.)

Една од поентите на Дебора е дека сите културно-уметнички институции или поединци (мој впечаток е дека на настанов кога ќе се кажеше култура и уметност тоа го имаше традиоцналното школско значење на овие...) можат многу лесно да го промовираат она што го работат со помош на блогови, твитер, фејсбук, гугл и сл.

Таква традицонална културна институција е Кинотеката на Македонија. Таа информациите за филмовите ги објавува на форум (http://www.maccinema.com/forum/) што е прилично непрегледен, нема rss, па дури од некоја гледна точка на згодност, мора човек да памети да го посети за да види што таму се прикажува.

Бидејќи јас сакам да гледам филмови на платно, но не памтев секогаш да го посетувам форумот, претпоставив дека има и други како мене, па го започнав блогот Кинотека, каде ја бележев програмата на Кинотеката и други некои филмски настани кои немаат соодветна интернет презентација.

Блогот користеше содржини до Википедија на англиски за презентаирање на филмовите и за секој филм преведената содржина одеше и на Википедија на македонски. По ова вестите за филмовите се прошируваа и преку Твитер, Фејсбук, Календарот на Гугл и испораката по е-пошта на Фидбрнер, а имавме и мали експерименти со Апкаминг и др.

Во текот на 12-те месеци во кои беше активен блогот тимот порасна од 1 на 4 луѓе, a бројот на луѓе кои ги следеа сервисите постојано се зголемуваше. Немам некои посебни статистички податоци освен оние од Google Analytics за блогот... но, не сум баш некој експерт во толкување на тие податоци. Како и да е, целиот беше добро разработен и освен некои мали проблеми со автоматските ажурирања работеше како подмачкан.

Но бидејќи времето е толку, од пред некое време блогот и сите други ресурси со кориснички имиња и лозинки ги предадовме на луѓе кои работат во Кинотеката. Се надевам тие ќе продолжат во ист стил.

Исто така се надевам дека приказнава беше доволно поучна за сите кои сакаат да експериментираат со web2.0 за својата културно уметничка работа.

Зошто да го избришете Вашиот Myspace профил?

Tags: 

Да беше друг ден веројатно ќе напишев некој збор повеќе за ова. Денес само цитати:

I actually care about my friends, and don’t want to screw them over my making them a “friend” on Myspace. By using myspace, I’m forcing my friends to sign up for a corporate owned, ad ridden, heteronormative web service if they want to stay in touch with me.

од: http://bang.calit2.net/tts/2008/12/31/why-i-am-deleting-my-myspace-accou...

We consider network services that are Free Software and which share Free Data as a good starting-point for ensuring users’ freedom. Although we have not yet formally defined what might constitute a ‘Free Service’, we do have suggestions that developers, service providers, and users should consider

од: http://autonomo.us/2008/07/franklin-street-statement/

А да, и среќна Нова година!

Ново:
ACCESSING THE DATABASE
Once you have your application written and it has gotten quite large (100,000 users is a modest Facebook application, these things really do have a tendency to go quite viral), it is time to start the information digging. Each Facebook application can access many many stats on each user including but not limited to Name, username, Gender, Sexual Preference, Religion, Political Preference, Age, Geographic Location, Interests, Facebook networks and a list of their Facebook friends. How would one do this you might ask? Just a few simple lines of code:

<code>
/*This is the magic line! This line gets all the info we need, as you can see right here I am
only getting the birthday, gender, geographic location and education level of the user, but I could
get all of the things mentioned above just as easily). This assumes that the user ID has been
already stored in the variable $user.*/

$foo=$Facebook->api_client->sql_query(“SELECT birthday, sex, current_location, education_history
FROM user WHERE uid = $user”);

// Start the query

$query = “INSERT INTO users_information (uid, sex, city, state, country, school, birthday) VALUES
(‘$uid’, ‘$sex’, ‘$city’, ‘$state’, ‘$country’, ‘$school’, ‘$birthday’) ;

mysql_query($query);
</code>

Just those simple lines of code was all it took me to get all the data on 100,000 Facebook users. Of course being a responsible citizen I promptly deleted the data after I collected it, removed my application and deleted my Facebook account. But what if I was not a responsible citizen?

Од: http://www.hackbloc.org/etc/zine/6/zine6.pdf, стр. 31.

Обележување на „Комунистичка интима“

Tags: 

Веќе неколку дена ја читам „Комунистичка интима“ од Јасна Котеска.

Многу возбудлива книга, но повеќе за тоа можеби друг пат.

Книгата е полна со цитати, врски до статии на интернет, референци до други текстови и слично и ми се виде интересно да ги прибележам тие некаде на интернет за понатамошно читање. Затоа направив група на diigo: http://groups.diigo.com/groups/komunistichka-intima

Diigo e како delicious, само што овозможува заедничко обележување на содржина и дискутирање (хм, не сум проверил одамна може тоа го има и на delicious).

Како и да е. Ја креирав групата и додавам некоја содржина, па ако има некој друг што ја чита книгата и сака да додаде некоја страница, текст, коментар или што и да е, може да се приклучи.

Голема работа на подкаст

Tags: 

Деновиве промовирам нови интернет места.

Бидејќи веќе предложив на Багра, емисијата „Голема работа“ да оди на подкаст, еве и да кажам дека емисијата има подкаст.

Попладнево го потрошив на тоа и со помош на Игор, подкастерскиот блог е на интернет (но некаде во 2011 е предаден на оригиналните автори и затворен).

Уживајте. :)

За „Доаѓаат сите“ на Клеј Ширки

Tags: 

Тамам се спремав да ја купам, кога ете ти рецензија на неттајм (поточно Мјут) од Феликс Сталдер. Според она што го прочитав, Ширки прилично еднострано ја третира целата оваа тема за Web2.0. Многу неотворени прашања:

Clay Shirky's Here Comes Everybody is reputed to be the best book ever written on Web 2.0. By why the strange silence on questions of copyright, privacy and ownership?

И додека сигурно е интересна за читање:

‘Communication tools don't get socially interesting until they get technologically boring.’ If a single sentence can represent the entire book, it must be this one. For one, it's great writing.

Ми се чини дека недостатокот на разговор за некои клучни теми е недопустливо. Штета.

Yet, there are a lot of things that are less cute about the newly boring technologies which Shirky chooses to ignore. Shirky stresses the decentralised, ad-hoc mode of new organisations, yet they are based on very complex infrastructures that are highly centralised and that create near infinite potential to manipulate the social interactions that take place through them. These are not neutral enabling devices.

Оние кои беа на Glocal2.0, се сеќаваат, а оние кои не беа можат сега да дознаат, дека едно од клучните прашања кои беа поставени (Марсел зборуваше на долго за ова) и можеби едно од прашањата кои беа најизбегнувани беше токму контролата над корисниците што ја имаат големите Web2.0 сервиси.

Thus, there is a tension at the core of the Web2.0 phenomenon created by the uneasy (mis)match of the commercial interests of the companies and social interests of their users. All this social interaction takes place within privately owned spaces so that users are basically faced with a take-it-or-leave-it decision that few of them are really aware of. There is a structural imbalance between the service providers who have a tangible incentive to expand their manipulative capacities and the average users who will barely notice what's going on, since it would require a lot of effort to find out. To believe that competitive pressures will lead providers to offer more freedoms is like expecting the commercialisation of news to improve the quality of reporting.

Ми се чини ова се доволно цитати за кој и да е да стане заинтересиран за рецензијата на Феликс (кој барем за мене бил доста корисен во изминативе години со своите проникливи коментари).

Можете да ја прочитате на страниците на Мјут: врска. (А можете да си земете и pdf.)

Дискусијата на неттајм исто така е интересна. Ловинк напишал еден горе-долу оправдувачки текст за Ширки. Интересно да се прочита во секој случај.

Ова е првичната порака. Другите изгледа сѐ уште не се архивирани. Ако одлучите да ја ѕирнете архивата не го пропуштајте и Patrice Riemens на тема Flickr vs Maartin Dors (многу поврзано со контрола на корисниците).

По ова, не знам дали уште сакам да ја купувам книгата, уште повеќе поради тоа што Феликс вели дека видеото е доволно. Ех... :)

PDF-а на scribd.com

Tags: 

Сабајлево ги средував pdf документите на компјутеров. Пронајдов некои документи за кои не сум знаел дека постојат (и повеќето од нив завршија во ѓубре). :)

Сепак, нешто заврши и на Интернет. Отворив сметка на scribd.com и таму ги закачив сите документи од извиканиот дигитален архив кој се здоби со популарност во последно време. За жал, со некои од неговите pdf-а има проблеми, па не се прикажуваат сите во e-paper-от на scribd.

Исто така закачив и еден свој документ.

(Патем, мала одјава за летово. До крајот на месецот не читам пошта. Не знам кому би му вредела оваа информација, но ете да ја има.)

спика - хрватско-веб2.0 место и идеја за негова употреба

Tags: 

Не видов никој до сега во македонскиот блогосвет да пише нешто за спика.

За оние кои се прашуваат како може да се користи, еве една идеја:

Коментирање на блогови кои немаат можност за коментари (како овој мојов блог).

Правите тема, и си пишувате. :)

Пример: блог коментари и спика.

Web 2.0, податоците и новите (неслободни) технологии

Tags: 

Пред некое време го читав Тим О'Рајли како во интервју за Wired.com објаснува дека Web 2.0 всушност е за тоа кој ќе ги контролира податоците: врска.

Сега неговиот муабет повеќе ми држи вода. Погледајте.

Врската меѓу О'Рајли и Blaise Aguera y Arcas (како ли се чита ова) од Мајкрософт е следнава:
О'рајли вели дека Веб 2.0 е за тоа кој ги контролира подаотоците. Луѓето ќе качат милиони слики на фликр и после фликр може да прави што сака со нив. А Мајкрософт ги користат сликите за технологијата што ја прават. Таа нема да биде слободна.

Нешто слично со нашето културно наследство, само што содржините на Интернет не се толку стари.

Блогери на конференција

Tags: 

Не можам да стигнам на конференцијата... обврски по дома нешто. Хм, a може и ќе стигнам за последниот дел - „мрежно општество“... Нејсе, штом не сум таму да пишам збор-два за она што и така ќе го кажев. Дарко ќе пренесе. :)

Слободен софтвер. Многу малку блогери (забелешка: луѓево од планета не ги бројам за блогери освен можеби Би) зборуваат, пишуваат и работат со/за слободен софтвер. Дали тоа се должи на нивната неинформираност, незаинтересираност или нешто трето - не знам. Сепак, чувствувам обврска да кажам неколку очигледни работи.

Најголемиот дел од софтверот кој се користи за блогирање е слободен софтвер: http://blog.com.mk работи на Drupal што е слободен софтвер. Wordpress една од најпопуларните самостојни платформи за блогирање исто така е слободен софтвер. Без овие блогирањето ќе беше многу потешко, а за некого можеби и невозможно. Но, тоа не е се. Дури и за блогирање да користите неслободен софтвер, големи се шансите се дека серверот и базата на кои тој ќе работи се слободни. Впрочем, Интернет работи на слободен софтвер - а без така лесно достапната мрежа тешко дека ќе имаше кој да чита што блогираат блогерите.

Заедницата на програмери и други луѓе кои работат со слободниот софтвер во голема мера е заслужна за ова што денес го имаме на Интернет. Затоа размислете и вие да придонесете кон таа заедница. Напишете по некој текст или пак ако софтверот не ви е баш омилена тема, размислете да придонесете на link Википедија , да нацртате, насликате или дизајнирате нешто за слободниот софтвер, или пак само да им раскажете што е слободен софтвер на вашите пријатели.

Се разбира, почнете да користите слободен софтвер на вашиот декстоп. Веќе го користите на Интернет и веројатно до сега се уверивте дека е најдобар.

Најдобрите презентации на светот

Tags: 

Натпреварот за најдобра презентација заврши(л). Победниците се објавени.

Гај Кавасаки со свој коментар:

The commonality you’ll see in these winners is big fonts, big graphics, and a “storytelling” orientation. These are three crucial qualities of a good presentation.

Врска.

Јубиту на ер-ес-ес :)

Tags: 

Откако имав некои проблеми со листите со клипчина на YouTube, особено со листата за оној бројот, ги обележав сите клипчиња на htttp://ma.gnolia.com, ги тагував со „јубиту“.

Сите клипчиња на едно место. :)

plagij.at имале rss!

Tags: 

Алелуја!

Утрово си велам да ѕирнам што има на plagij.at, ме интересираше нешто да не има за албумот на Pikolomini (поздрав Давид - честитки :)), кога гледам прв наличена текст: Neal Stephenson - At the Beginning was the Command Line. Си велам, ај middle click на ова да оди во ново јазиче, дур скролам јас надолу по информацијата што иницијално ми требаше.

После тоа му се навраќам на јазичето со Нил и кога гледам URL со /index.php... и познатата портокалова иконка во ќошот.

Еве го RSS-то на plagij.at: http://www.plagij.at/rss/rss.xml - абе RSS владее! Зошто не се гледа на главната страница останува мала мистерија. ;-)

П.С. За оние среќни корисници на Firefox кои користат Flash Block: на plagij.at има и мени за навигација - само во флеш е. Ај, не ми се пишува и за ова.

Wishlist: уште место на flickr со pro сметка

Tags: 

По ѓаволите... ова веб2.0 е полно со изненадувања. Еве што ми вели мојата flickr сметка:

Hey Novica! About your photos...

You've run into one of the limits of a free account. Your free account will only display the most recent 200 photos you've uploaded. All of your photos beyond 200 will remain hidden from view until you either delete newer photos, or upgrade to a Pro account.

None of your photos have been deleted, and if you upgrade, they'll all come back unharmed.

Па ако некој си мисли да ми подари нешто, дали за роденден или за 1ви мај, има некои долгови кај мене, или пак само сака да ме почасти, еве опција: flickr pro сметка. :)

Хм, а може и да си отворам друга сметка за следните 200 слики.

Што читам на Интернет?

Tags: 

Од пред некој ден ставив една страница (хм, која што не е баш валидна според W3C) со оние вести кои ми стигаат на rss и кои ги сметам за поинтересни. Па може некому ќе му се види тоа корисно.

Сите (Web2.0) сервиси (што ги користам?)

Tags: 

Денес открив уште еден Web2.0 сервис: stikkit.com, па си реков да пребројам на колку всушност вакви 2.0 (или не баш 2.0) сервиси сум се зачленил во последно време.

1. stikkit.com - белешки на Интернет, веројатно нема да го користам за ништо,

2. ma.gnolia.com - сервис сличен на del.icio.us што работи со OpenID, што значи дека имам и

3. OpenID сметка кај myopenid.com,

4. YouTube - тоа сите веќе знаат што е,

5. Digg - и ова исто така,

6. Flikr - таму сликички си ставам,

7. Orkut - што не знам за што точно служи (веројатно некој сервис за среќавање другарчиња на Интернет) и каде што има огромни обрасци за пополнување (кои нема шанси да ги пополнувам), ама членството таму доаѓа со

8. GMail сметка, што му доаѓа нешто како кумот/кумата на Web2.0 и која ја користам и за пишување на Сподели знаење,

9. Hi5 - што е нешто слично на Orkut (ми се чини) за кој добив покана од една пријателка, ама и таму се ми чмае без активност,

10. Upcoming.org што е Web2.0 верзија на македонскиот Каде вечер,

11. eurocv.eu - место каде што можете да си направите CV по теркот на ЕУ,

12. LinkedIn - а овде да се вмрежите со колеги, партнери, бизниси и сл. и

13. изгледа толку освен ако не ги додадам оние не баш Web2.0 места како Wikipedia (en и mk), Багра, Linuxpackages, Freshmeat, Linux.net.mk, NationStates, сметката кај On.net, околу 20 поштенски листи и неколку форуми. (Толку?)

Од сите до точка 12 редовно ги користам GMail и Flickr, а на Ма.gnolia бутам се и сешто и одамна не сум проверил каква е состојбата. На LinkedIn и EuroCV веројатно ќе пополнам некоја информација повеќе, а на другите веројатно само стојам пријавен заради запаметени колачиња. На овие од точка 13 изгледа нешто почесто сум активен. И ако го додадам кон сето ова пишувањето на блогов (и на некои други места), тогаш сето ова почнува да заличува на прилично обемна активност. (По ѓаволите!)

П.С. Скоро си направив и Wish List на Amazon.com. Не знам во која верзија се вбројува ова, ама ако сакате нешто да ми купите, од време на време гледајте што има таму. ;-)

investinmacedonia.com и web2.0

Tags: 

Па, страницата е крената на Интернет. Инвестирајте во Македонија. Сепак мислам дека утнале барем една работа. Интернет е во Web2.0 и потребни се разни банерчиња, налепници, светкави копчиња и слични џиџи-миџи. Па блогерите ќе ги земат тие, па ќе изповрзат и а-у со помош на општественото вмрежување ќе ги доведеме Google во Македонија. :)

Web 2.0 continued...

Tags: 

Значи, од вчера блогов (softver.org.mk/novica) ми е OpenID. Со OpenID се пријавувам на Ma.gnolia и имам и таму сметка. (Видете сликиче лево на блогов :))

И така викам да зачувам некоја врска таму, па инсталирав екстензија во Фајрфокс, па ова, па она, па нешто рикна и од 30 јазичиња што ги имав отворено ми останаа само 10, и спасив само пар врски за да ги прибележам.

Инаку, екстензијава за Магнолија во Фајрфокс не е нешто нај-нај, па прашањето е сега дали човек да избира (менува?) сервис според квалитетот на екстензиите кои се достапни?

П.С. Магнолија е сервис сличен на Делишс.

Семантичка мрежа

Tags: 

На почетокот дефиниции:

Семантика - според Оксфордскиот речник - е гранка од лингвистиката и логиката чиј предмет на изучување е значењето (на зборови, фрази, реченици, текст).

Семантичка мрежа - според W3C - е апстрактна репрезентација на податоци на светската мрежа базирана на RDF стандарди и други стандарди кои ќе се дефинираат.

Семантичката мрежа е проширување на сегашната мрежа во кое на информациите им се дава добро дефинирано значење, и овозможува компјутерите и луѓето подобро да соработуваат. Тоа е идеја податоците на интернет да бидат дефинирани и поврзани на начин кој тие можат да се користат за поефективни откритија, автоматизација, интеграција и повторно користење на од различни апликации.

Сега: што би значело ова во практиката?

Изразување на значењето

Најголемиот дел од денешната содржина на интернет е дизајниран за луѓето да можат да го читаат, не за компјутерските програми да можат да манипулираат со некоја функција. Компјутерите можат да ги процесираат веб-страните, хедери, линкови, но генерално компјутерите немаат сигурен начин да ја процесираат семантиката: Ова е страната на болницата, овој линк води до архивите на докторите.

Првите чекори на претварање на денашната мрежа во семантичка се направени. Понатамошниот развој на технологијата ќе овозможи машините многу успешно да ги процесираат и разбираат оние информации кои денеска само ги прикажуваат.

Семантичката мрежа треба да овозможи интернетот од медиум кој е исклучиво наменет за човекот, да премине во медиум кој исто така ќе презентира и податоци и информации кои ќе можат автоматски да бидат порцесирани. Новата мрежа ќе мора да остане децентрализирана исто како и оваа која ја имаме денес.

Технологијата е на пат

Двете главни технологии за развојот на семантичката мрежа се: eXtensible Markup Language (XML) и Resource DescriptionFramework (RDF). XML овозможува секој да креира свои тагови во докуметните кои ги работи. Програмите можат да ги користат овие тагови на софистицирани начини. Накратко, XML им дава можност на корисниците да додаваат сопствена структура на своите документи, но не кажува ништо за тоа што таа структура значи.

Значењето се искажува преку RDF, кој го енкодира во триплети. Секој триплет наликува на просто-проширена реченица - субјект, објект и глагол. Овие триплети можат да бидат напишани со помош на XML тагови. Во RDF документите кажуваат дека одредени нешта (човек, веб страни) имаат карактеристики (како 'е сестра на', 'е автор на') со одредени вредности (друг човек, друга страна). Оваа структура е природен начин за да се опише мнозинството од податоци кои ги процесираат машините. Субјектот и објектот се поединиечно се идентификувани со Universal Resource Identifier (URI).(URLs, Uniform Resource Locators, се најчест тип на URI.) Глаголите се исто така идентификувани со URI, што овозможува секој да дефинира нов концепт, нов глагол, само преку дефинирање на URI за него некаде на мрежата.

Семантичката мрежа ќе овозможи машните да разберат семантички докуметни, не човеков говор или пишан текст.

Онтологии

Овие тука не носат философското значење. Сега станува збор за документ кој ги дефинира односите меѓу нештата, некаков збир од правила.

На пример, во една база на податоци може да се наоѓаат под еден идентификатор поштенските кодови. Друга база за истиот тип податоци може да користи друг идентификатор. Ваквите збирови од правила овозможуваат програмата да ги препознае таквите сродни податоци. Компјутерот нема навистина да ги разбере тие податоци, но доколку правилото му кажува дека адресите се врзани со кодовите, а овие со градот или државата, тој на основа на тоа ќе ги пренесе саканите информации до корисникот.

Агенти

Вистинската моќ на семантичката мрежа ќе дојде до израз кога луѓето ќе креираат многу програми кои ќе собираат содржина од различни извори, ќе процесираат информаци и ќе ги разменуваат резултатите со други програмиs. Ефективноста на ваквите софтверски агенти ќе се зголеми со зголемувањето на количината на содржина која е копјутерски читлива и со производството на нови агенти. Семантичката мрежа промовира синергија: дури и агентите кои не биле дизајнирани да работат заедно можат да разменуваат податоци ако податоците доаѓаат со семантика.

Во следниот чекор семантичката мрежа ќе се прошири од виртуелниот во физичкиот свет. URI-јата можат да покажуваат кон се, вклучувајќи ги и физичките ентитети, што значи дека RDF може да се користи за опишување на други уреди во физичкиот свет (телевизори, мобилни телефони).

Евлоуција на знаењето

Ако правилно се дизајнира семантичката мрежа ќе помогне во еволуцијата на целокупното човеково знаење, ќе може да функционира како заеднички логичен јазик.

Новите концепти со помош на URI-јата ќе бидат изразени со минимален напор. Заедничкиот јазик ќе овозможува тие да бидат поврзани во заедничка мрежа. Човековото знаење и работа ќе може да биде анализрано од софтверските агенти. Тоа ќе бидат нови моќни алатки.

Забелешка: Овој текст го објавив на Багра на 20 септември 2002 год.

Web + Тито + Тим?

Tags: 

Fortunately, O’Reilly seems less of a psychopath than Mao or Stalin, and is perhaps closer to the pragmatic Yugoslavian leader Marshal Tito, who carefully steered a path between the USSR and the West for decades.

Реџистер: Напред кон дистрибуираната револуција

На ова Web 2.0 крајот веќе не може да му се фати. :)