Сите (Web2.0) сервиси (што ги користам?)

Tags: 

Денес открив уште еден Web2.0 сервис: stikkit.com, па си реков да пребројам на колку всушност вакви 2.0 (или не баш 2.0) сервиси сум се зачленил во последно време.

1. stikkit.com - белешки на Интернет, веројатно нема да го користам за ништо,

2. ma.gnolia.com - сервис сличен на del.icio.us што работи со OpenID, што значи дека имам и

3. OpenID сметка кај myopenid.com,

4. YouTube - тоа сите веќе знаат што е,

5. Digg - и ова исто така,

6. Flikr - таму сликички си ставам,

7. Orkut - што не знам за што точно служи (веројатно некој сервис за среќавање другарчиња на Интернет) и каде што има огромни обрасци за пополнување (кои нема шанси да ги пополнувам), ама членството таму доаѓа со

8. GMail сметка, што му доаѓа нешто како кумот/кумата на Web2.0 и која ја користам и за пишување на Сподели знаење,

9. Hi5 - што е нешто слично на Orkut (ми се чини) за кој добив покана од една пријателка, ама и таму се ми чмае без активност,

10. Upcoming.org што е Web2.0 верзија на македонскиот Каде вечер,

11. eurocv.eu - место каде што можете да си направите CV по теркот на ЕУ,

12. LinkedIn - а овде да се вмрежите со колеги, партнери, бизниси и сл. и

13. изгледа толку освен ако не ги додадам оние не баш Web2.0 места како Wikipedia (en и mk), Багра, Linuxpackages, Freshmeat, Linux.net.mk, NationStates, сметката кај On.net, околу 20 поштенски листи и неколку форуми. (Толку?)

Од сите до точка 12 редовно ги користам GMail и Flickr, а на Ма.gnolia бутам се и сешто и одамна не сум проверил каква е состојбата. На LinkedIn и EuroCV веројатно ќе пополнам некоја информација повеќе, а на другите веројатно само стојам пријавен заради запаметени колачиња. На овие од точка 13 изгледа нешто почесто сум активен. И ако го додадам кон сето ова пишувањето на блогов (и на некои други места), тогаш сето ова почнува да заличува на прилично обемна активност. (По ѓаволите!)

П.С. Скоро си направив и Wish List на Amazon.com. Не знам во која верзија се вбројува ова, ама ако сакате нешто да ми купите, од време на време гледајте што има таму. ;-)