Перу: FLOSS во Владата!

Tags: 

Слешдот ја има веста и сите потребни врски.

Со 61 глас за 0 против и 5 отсутни (воздржани?) од 66 конгресмени, перуанскиот конгрес изгласал 6 иницијативи кои имаат врска со слободниот софтвер. Очигледно работата на конгресменот Villanueva се исплати.

Како функционира метричкиот систем

Tags: 

Одамна сакам да преведам еден коментар од слешдот кој што крајно интересно го објаснува функционирањето на метричкиот систем. Ама за да не го заебам духот во кој што е напишан, еве го на англиски:

a square meter. a square meter is the base of a cube meter. The cube meter is the volume of one ton of fresh water at sea level at the equator at zero degrees Celcius. 1 ton is 1000 kilo gram. each kilo gram is thus 10cm*10cm*10cm, which happens to also be a liter. 1 gram is 1 millionth of a ton, of 1cm*1cm*1cm. so if a bottle of water is 1000 grams (1 kilo gram), it is also 1 liter. So now I know the volume, the weight, and the measurement of the container. Pretty nifty no?
Density is expressed in a ratio from fresh water at zero degrees at sea level at the equator. Let's say the density of velveta cheese is 1.001. With this, I could tell you the size of a kilo of velveeta, and how large a container to use, and thus how much paper to use to wrap it in. Then I could express this in how many per A0, A1, or A2, since they are derived from the meter. Get it?

Class dismissed.

Забелешка: Овој текст е авторско право на chris_mahan <chris_mahan_at_yahoo.com>

Целата дискусија е овде (и иако е стара, прилично е интересна). Така еден-два коментари подолу се спори објаснувањето на типчево, и по се изгледа може да се научат пар работи. Секако стандардните шеги метрички vs. оној другиот на американците/британците се супер. :)

Википедија за жал нема многу на оваа тема.

Три пати ура за Слободен софтвер Македонија!

Tags: 

Па еве сме, неколку дена по завршувањето на маратонот на кој беше преведен корисничкиот интерфејс на слободниот OpenOffice.org 2.0 и солиден дел од помошта на апликацијата, а веќе прилично луѓе блогирале и коментирале на темата: „што потоа?“. Така, во најмала рака, неучтиво би било јас ништо да не напишам. :)

Една од работите што особено многу ме радува и секогаш ме прави задоволен, е кога некои луѓе кои што врска немаат со софтвер воопшто, во некој неврзан муабет, откако ќе дознаат дека јас некако сум поврзан со ОССМ, ми велат дека ние сме биле вистинска НВО... не како другите, кои прават фарси и други работи означени со неубави зборови.

Прашањето, логично е, дали ние сме вистински цивилен сектор заради тоа што никогаш не влегле пари во нашата организација, или пак затоа што едноставно добро си ја работиме работата?

Сега, кога наеднаш после превод на ОО.о 2.0 ќе се повика на разно-разни прашања за награди од фирмите и некаква нивна (морална ?!?) одговорност, одеднаш имаме ситуација во која ќе започне некакво оценување на состојбата. Па ги имаме Јован, Васко и Игор, како дрмаат на темата.

Од кај да почнам... ако нашата сериозност во работата до сега не го убедила Јован да не ни се обраќа со „дечките“ не верувам дека еден преведен ОО.о 2.0 ќе натера некого од пошироката јавност да става пари во касичка за ОССМ. На страна се, не постои никаква логика во тоа да се очекува некаква „корпоративна одговорност“ од приватниот сектор, кога истиот (во Македонија) во голема мера нема никаква одговорност кон сопствените вработени (читај придонеси, работно време и сл.).

Васко, кај си бе? Главоболки-шмавоболки. Точно е дека парите се заебана работа. Јас знам барем еден пример каде волонтерска дружина се раскурцала заради кеш, ама строго контролирани возови се строго контролирани возови. Ако нешто добро се дефинира, главоболките сигурно ќе бидат незначителни.

Сега, Игор, кој по ѓаволите, крстува текст во духот на насловот на продолжението до Star Wars во кое добрите губат? Ало?!? :) Факт е дека волонтеризмот не е вечен. Јеби га, луѓето стареат, па работа, жена, деца, одење по риба, играње тенис... кој ќе најде време за преведување на XXXX линии за да имаме некоја следна верзија од некој софтвер на македонски јазик, особено во услови кога се знае дека софтверот баш и не го користат многу луѓе. Веројатно ни е потребна добра корисничка основа за да знаеме дека за некое време од сега ќе можеме да се потпреме на други луѓе. Но можно ли е ова? Ако речеме дека од локализацијата водечки проекти се Gnome, KDE, OO.o и Mozilla, тогаш вкупниот број на луѓе што се задолжени за сите нив не е поголем од 7. 7 луѓе се малку луѓе, ако се земе предвид дека на ossm-members има околу 150 претплатници. Да не го спомнувам фактот што од оригиналната постава на ОССМ активни се помалку од број на прсти на една рака.

И може ли ОССМ да направи разлика? Било како било, ОССМ (или нејзините волонтери!) веќе прават разлика. Ефетките можеби се мали, што ќе рече, можеби можат да бидат и поголеми, ама добрите дела и идеи секако остануваат запаметени.

Сега, ќе помогне ли некој во тестирањето на кандидатите на mk-firefox-1.0.7, за корисниците од утре од mozilla.org да можат да симнат пачирани верзии на овој прелистувач? Ај да видиме.

А да, положив. :D

Маратон

Tags: 

Иако маратон некогаш се однесува на било кој атлетички настан кој бара голема издржливост, поконкретно маратон се однесува на тркачки настан од 42 195 метри.

Оваа реченица е неспретен превод од Википедија, слободна енциклопедија. en.wikipedia.org/wiki/Marathon_sport

Ние преведуваме нешто повеќе илјади стрингови (околу 50 000) од OpenOffice.org 2.0, на долги патеки... каков настан!

Дека слободниот софтвер не е бесплатен

Tags: 

Денеска е 8 септември, и kppp веќе ми регистрирал преку 300 денари на дајл-ап-мт-нет. Постојаните промени во датотеките за локализација (еве, десетина датотеки се променети во последниве десетина часа) на ФФ и ТБ постојано ми ја зголемуваат сметката.

Отприлика со преводите за новите верзии започнав да се занимавам крајот на јули. Август цел со 1500+ денари за интернет. Септември, ако продолжи со исто темпо, како и октомври до конечните 1.5, собрано заедно со данокот, ќе имам цех од 5-6 илјади денари.

Баш толку ми требаат за да си ги купам патиките Адидас што ги сакам.

DA @IVEE YUSCII!

Tags: 

Некако престанавме дома да купуваме весник кога ги направија 15 денари, без некоја, барем за мене, особено добра причина, а богами и без промена (квалитативна/квантитативна) во содржината.

Ама, ете од време на време, како денес, има тазе весник (Утрински) дома. И таму, во прилогот (Магазин), 6, 28 и 29 страница се со наслови од ваков тип:

TRAMP bara seksi yidari!

или

Pu{i i slabee

Не ми е јасно дали тоа програмите за ДТП за Виндоус се толку срање па не работат со UTF-8 (или windows-1251), или па 15-те денари се навистина премногу за нашите весници?

Хакери vs. Киберпанкери?

Tags: 

Ерик С. Рејмонд на својата страница држи едно HOW-TO: Како да станете хакер. Покрај работите што треба да ги направите, има и работи кои што не треба да ги направите. Една од тие е: не се нарекувајте себе си киберпанкер, и не си го трошете времето со некој кој го прави тоа.

Не ми е позната целата социолошка заднина на оваа работа, ама па, љубител сум на делата на Вилијам Гибсон. А и од друга страна, колку па може да знае еден либертаријанец како ЕСР? :)

Рамстор рулз!

Tags: 

Се сеќавате на приказната што беше на Он.нет за писоарите што имаат нацртана мува на нив, за припадниците на машкиот пол да се занимаваат (т.е. да не прават беља) додека уринираат? Епа, такви писоари има во Рамстор. Што да пишувам уште? Одете на мо***е. :)

Фајрфокс и Тандрбрд 1.5 бета на македонски јазик

Tags: 

Драги сурфери,

Од билд серверите на Мозила.орг излегоа Фајрфокс и Тандрбрд 1.5 бета на македонски јазик за МСВиндоус и ГНУ/Линукс.

Времето до конечното издание на стабилните 1.5 верзии е одбројано, и отприлика имаме 2 недели за правење на било какви поправки на преводите. Затоа, ова е повик до сите оние кои имаат малку слободно време и можност да ги преземат апликациите, да помогнат да се тестираат преводите на ФФ и ТБ. Во случајот на ТБ, потребно е и тестирање на алатката за проверка на правопис (spellcheck) за македонски јазик. Па напишете и некоја порака. :)

Билдовите може да се преземат од FTP-то на Мозила.орг и тоа.

И таму ги барате оние кои во своето име содржат mk.

Ако одлучите да ги тестирате овие апликации, имајте на ум дека тоа се сеуште бета верзии, кои веројатно не се многу стабилни и/или имаат многу багови. Така, немојте да работите важни работи со нив, немојте комплетно да ги замените апликациите кои во моментот ги користите за сурфање/читање пошта (ќе го направите тоа кога ќе излезат стабилните 1.5 верзии! :)).

Откако ќе ги инсталирате апликациите прво нешто што можете да го направите е стандардниот тест кој го препорачува Мозила.орг. Ако ви се причини дека тестот е долг, тогаш тестирајте додека можете и потоа кажете до кај сте стигнале.

Евиденција за грешките во преводите на ФФ и ТБ водиме на flyspray. Таму можете да ги видите и досега пријавените грешки, поделени по апликации, па така ќе знаете дали нешто што вие сте пронашле веќе е пријавено или не. Внимавајте! Пријавувајте ги грешките во соодветните проекти, за известувања за истите да стигнуваат до луѓето кои се одговорни за нив.

Ако системот за пријавување грешки ви се чини сложен, тогаш можете да пишете е-пошта до nnovica_AT_gmail.com. Ако го правите тоа, тогаш во темата на пораката (Subject) внесете [l10n] Firefox/Thunderbird 1.5, а во телото на пораката наведете информации во следниов формат:

Апликација: ФФ

Опис: Голтната буква

Стринг: Обележи ја станицата

Промени во: Обележи ја страницата

Се наоѓа во: Контекст мени кое се гледа со десен клик на веб страна.

Пријавувајте преводи со грешки, нејасни преводи или давајте предлози за подобри јазични решенија. Сакаме преводите на овие две апликации да станат што е можно подобри и во духот на нашиот јазик.

Луѓето кои помогнаа да се преведат овие апликации, заедно со Слободен софтвер Македонија, однапред ви се заблагодаруваат за помошта.

Страници