September 2008

Идејата за Интернет на Пол Отлеј

Tags: 

Вчера на on.net се појави кратко видео за некој визионер кој до сега не сме го сретнале по македонските медиуми.

Станува збор за Пол Отлеј, белгиец кој живеел во раните години на 20-тиот век.

Видеото веќе е во архивите на on.net (а јас не знам како да го пронајдам таму), па затоа еве го од liveleak:

Бидејќи ми се виде интересно, побарав да видам што друго може да се најде од и за овој човек. Еден од првите резултати на Google беше текстот „Визуелизирање на организацијата и распространувањето на знаењето“, каде што ја најдов и оваа илустрација за web2.0 иднината која ја замислувал Отлеј:

Понатамошното барање ме однесе до Alle Kennis van de Wereld (Сето знаење на светот?!) - холандски документарен филм за овој човек. Ми се чини дека ова е одличен кандидат за некоја вечер на СподелиКино.

На крај дознав уште еден наслов: The man who wanted to classify the world - француски документарец за истиот човек од 2002 година. Но, овој не успеав да го најдам на Интернет.

Економија на чекањето на семафор за државни колони

Tags: 

Денес бил ден без автомобили. За ова дознав прилично доцна во текот на денот, но тоа не ја смени мојата рутина, бидејќи и немам автомобил. Тоа, исто така, не ја смени рутината на еден државен функционер кој брзаше по Иво Лола Рибар кон ценарот на градот, во црното службено возило.

Поминувањето на овој автомобил исто така е дел од мојата дневна рутина. Дали на пешачки премин или на семафор во автобус, секој ден треба да чекам по невообичаено долго време за да помине некоја ваква брза кола. (Во ред, кога станува збор за ист правец, возачите на автобусите се необично вешти да го искористат за побрзо возење од што корист имаат повеќето патници.)

Сепак, бидејќи речиси секоја крстосница има четири правци, очигледно е дека додека едните брзаат, останатите чекаат. Колку чини тоа годишно?

Математиката е проста. Претпоставувам дека во просек се чека 5 дополнителни (непредвидени) минути на крстосница и дека од секоја страна има по 10 возила со 2 патници. Значи, 60 патници трошат по пет (работни) минути, а тоа се 300 минути по крстосница.

Сега да речеме дека брзиот службеник треба да помине 4 крстосници (Тафталиџе - Центар), тоа се веќе 1.200 минути (или 20 часа) дневно.

Колку е тоа годишно?

52 недели во годината по пет работни дена е еднакво на 260 дена. Ако секој ден поминува барем една таква кола, тогаш тоа се 5.200 часа (поделено со 8, тоа се 650 дена).

Ако дневницата во државава е 700 денари (15.000 денари поделено на 21 ден), тогаш тоа се вкупно 455.000 денари.

А ако поминат две коли..?

А сега уште една промоција...

Tags: 

Пред повеќе од 1 година со Гоце почнавме да работиме на музика.

Првите звуци од денес се достапни на Интернет. Чујте и/или преземете од http://www.myspace.com/theairbornemonster

:)

Мартин Нимолер

Tags: 

Кога Нацистите дојдоа по комунистите,
молчев
бидејќи не бев комунист

Кога ги затворија социјал-демократите,
молчев
бидејќи не бев социјал-демократ.

Кога дојдоа по синдикалците,
молчев
бидејќи не бев синдикалец.

Кога дојдоа по Евреите,
молчев
не бев Евреј.

Кога дојдоа по мене,
немаше никој останато да каже нешто.

~ Мартин Нимолер на Википедија

Голема работа на подкаст

Tags: 

Деновиве промовирам нови интернет места.

Бидејќи веќе предложив на Багра, емисијата „Голема работа“ да оди на подкаст, еве и да кажам дека емисијата има подкаст.

Попладнево го потрошив на тоа и со помош на Игор, подкастерскиот блог е на интернет (но некаде во 2011 е предаден на оригиналните автори и затворен).

Уживајте. :)

Некои идеи за тоа како да бидете добри кон вашите корисници

Tags: 

Денес бев во Он.нет да си ја платам сметката за Интернет и имав возбудливо доживување.

Вработената во Он.нет, внесувајќи податоци за фактурата, виде дека договорот набрзо ми истекува. Ми рече дека имаат нови пакети кои вклучуваат интернет и телефонија, но само ако сакам да го мигрирам бројот од Македонски Телеком. За жал, ми рече таа, оваа можност сѐ уште не е достапна во мојата населба, бидејќи централата сѐ уште не била монтирана.

Сепак, бидејќи договорот ми истекува и истата опција без проблеми ми е достапна во Телеком, а јас сум нивен долгогодишен корисник, тие се спремни да ми понудат попуст од 15% на новиот Соло 30 пакет што ќе можам да го користам до денот на пристигнувањето на пакетот Дуо, со цел компензирање на очигледните разлики во цените на поединечните пакети. Сето ова ќе ми биде достапно само ако денес се сложам да станам корисник на нивната „две во едно“ понуда.

Откако добро ја разгледав понудата и уште еднаш продискутирав за деталите, се сложив со оваа понуда од Он.нет и сега среќно си сурфам.

Се разбира, ова не е тоа што денес се случи во продажниот салон на вториот фиксен оператор.

Всушност приказната започнува пред околу еден месец.

На 18 август бев во Он.нет за да ја платам сметката, но и да проверам кои ми се опциите бидејќи уште тогаш се зборуваше за новите понуди што треба да дојдат во септември. Тогаш, меѓу другото, специјално прашував до кога ми е рокот за да поднесување на барање за договорот што го имам со Он.нет да не се продолжи автоматски.

Ова го прашував со посебен интерес бидејќи печатот на договорот е од 20 септември, но интернет добив на 13 октомври, па прашував од кога точно почнува да се смета тоа „една година интернет“. Суштествено беше да го знам тоа бидејќи барањето се поднесува еден месец пред истекувањето на договорот. Така, ако времето тече од 20 септември лани, тогаш 18 август оваа година беше точно датумот на кој што треба да го откажам продолжувањето на договорот.

Тогаш вработениот во Он.нет ми рече дека времето се смета од денот кога сум добил интернет. Јас си заминав од салонот со мисла дека имам уште околу еден месец од стариот договор и деќа ќе можам да видам какви ќе бидат новите понуди и комотно во септември да разгледам чии услуги за сурфање ќе ги користам следните дванаесет месеци.

Денес бев во салонот исто така за да ја платам сметката и да се информирам кои ми се опциите, сега кога договорот ми истекува. Вработената во Он.нет ми рече дека има пакет Дуо, но тој сѐ уште не е достапен во мојата населба. Исто така ми рече дека веќе не можам да го откажам автоматското продолжување на договорот бидејќи датумот кој од кој се смета едната година е 20 септември.

Не сакав да навлегувам во расправии, па само се насмеав и прокоментирав како може да добивам различни информации од различни вработени во врска со договорот и набрзо потоа си отидов.

Сега суфрам на старо-новиот интернет и блогирам за овој весел настан.

airborne во ново руво

Tags: 

По долг период на тестирање, хакирање, копирање, конфигурирање и генерално трошење на време за една зезалица како што е блог, мојот блог конечно е префрлен на нова платформа и ново URL.

Сега работи на Друпал и има неколку интересни можности и трикови, меѓу кои и можноста за коментирање. :)

Сите работи сѐ уште не функционираат под конец, но се надевам дека со уште неколку кликнувања сѐ ќе биде во најдобар ред.

Содржината од стариот блог е речиси целосно мигрирана и каналите од feedburner исто така се пренасочени. Фалат две-три страници кои намерно ги изоставив, а можеби и нешто што случајно сум превидел во сето тоа копирање. Како и да е, стариот блог останува да живее на истото место, па истото важи и за содржините. А доколку некој пронајде нешто што фали, секогаш може да ме извести за тоа. :)

Патем, се надевам дека блогов ќе биде и добар пример (showcase) за Друпал.

Благодарам на сите што на различни начини ми помогнаа во миграцијата.

Македонски килт на кеј :)

Tags: 

За време на мечот Македонија - Шкотска, јас им правев конкуренција на гостинските навивачи со оригинален македонски килт.

Јас во македонски килт :)

Фотографирано на кеј, каде што имаше одлична забава.

Psi

Tags: 

Информациите на оваа страница можеби се застарени. Веќе подолго време не се грижам за преводот на Psi.

Последната верзија на Psi, за која водам посебна (локализациска) евиденција, е 0.13 од јуни 2009 г.

Psi е уште едно програмче чиј превод го одржував сѐ до верзијата 0.13 во јуни 2009 г. Почнав некаде во верзија 0.6 или 0.7 и не се сеќавам која година беше тоа. :)

Јас

Tags: 

tl;dr Ми се допаѓа imgur. Можете да ми купите некоја од овие книги или да ми ја пратите во ePub формат без DRM.

Кратка (интернет) биографија

Моето име е Новица Наков. Правам работи за да видам дали можат да се направат.

Понекогаш луѓето велат дека сум одржувал добри и интересни предавања и презентации. Еве го списокот на (речиси) сите такви настапи почнувајќи од 2003 година.

E-mail размена со Герт Ловинк

Tags: 

Во средношколските денови имав одлично искуство читајќи ги текстовите на Герт Ловинк (патем, ако не се лажам, името правилно му се изговара Херт), и тогаш во раните денови на интернетот во Македонија за прв пат дознав за Linux (и за многу други работи).

Оваа размена на електронска пошта е од тоа време.

Не знам што сум мислел тогаш и како сум доаѓал до прашањата кои сум му ги поставувал на Герт, но се сеќавам дека тогаш за прв пат научив дека на е-пошта се одговара така што се цитира дел и под него се пишува одговор. :)

Прочитајте, можеби ќе најдете нешто интересно.

Вуди Гатри

Tags: 

This song is Copyrighted in U.S., under Seal of Copyright # 154085, for a period of 28 years, and anybody caught singing it without our permission, will be mighty good friends of ours, cause we don't give a darn. Publish it. Write it. Sing it. Swing to it. Yodel it. We wrote it, that's all we wanted to do.

~ Вуди Гатри, доцни '30-ти години од 20-иот век.

Ебен Моглен

Tags: 

Замислете свет во кој вестите се поседуваат на таков начин што, штом еден човек ќе извести за нешто никој друг не може да извести за истото во наредните 20 години бидејќи првиот човек кој известил ги поседува вестите. Ова е проблемот кој законот за патенти му го наметнува на софтверот.

~ Ебен Моглен во интервју за zdnet.co.uk.

Тимоти Лири

Tags: 

Ако сакаме да останеме слободни, мора да се погрижиме правото да се поседуваат дигитални процесори на информации да стане исто толку неотуѓиво како уставните гаранции за слободен говор и слободен печат.

~ Тимоти Лири, 1984

Брус Перенс

Tags: 

Другите им нудат на земјите во развој милостина и вазалски односи, затворени пазари и работни места со плата која развиениот свет не сака да ја прифати. Софтверот со отворен код им нуди на земјите во развој технолошка моќ, контрола на нивната сопствена инфраструктура и еднакво технолошко партнерство со развиените земји.

~ Брус Перенс