Некои идеи за тоа како да бидете добри кон вашите корисници

Tags: 

Денес бев во Он.нет да си ја платам сметката за Интернет и имав возбудливо доживување.

Вработената во Он.нет, внесувајќи податоци за фактурата, виде дека договорот набрзо ми истекува. Ми рече дека имаат нови пакети кои вклучуваат интернет и телефонија, но само ако сакам да го мигрирам бројот од Македонски Телеком. За жал, ми рече таа, оваа можност сѐ уште не е достапна во мојата населба, бидејќи централата сѐ уште не била монтирана.

Сепак, бидејќи договорот ми истекува и истата опција без проблеми ми е достапна во Телеком, а јас сум нивен долгогодишен корисник, тие се спремни да ми понудат попуст од 15% на новиот Соло 30 пакет што ќе можам да го користам до денот на пристигнувањето на пакетот Дуо, со цел компензирање на очигледните разлики во цените на поединечните пакети. Сето ова ќе ми биде достапно само ако денес се сложам да станам корисник на нивната „две во едно“ понуда.

Откако добро ја разгледав понудата и уште еднаш продискутирав за деталите, се сложив со оваа понуда од Он.нет и сега среќно си сурфам.

Се разбира, ова не е тоа што денес се случи во продажниот салон на вториот фиксен оператор.

Всушност приказната започнува пред околу еден месец.

На 18 август бев во Он.нет за да ја платам сметката, но и да проверам кои ми се опциите бидејќи уште тогаш се зборуваше за новите понуди што треба да дојдат во септември. Тогаш, меѓу другото, специјално прашував до кога ми е рокот за да поднесување на барање за договорот што го имам со Он.нет да не се продолжи автоматски.

Ова го прашував со посебен интерес бидејќи печатот на договорот е од 20 септември, но интернет добив на 13 октомври, па прашував од кога точно почнува да се смета тоа „една година интернет“. Суштествено беше да го знам тоа бидејќи барањето се поднесува еден месец пред истекувањето на договорот. Така, ако времето тече од 20 септември лани, тогаш 18 август оваа година беше точно датумот на кој што треба да го откажам продолжувањето на договорот.

Тогаш вработениот во Он.нет ми рече дека времето се смета од денот кога сум добил интернет. Јас си заминав од салонот со мисла дека имам уште околу еден месец од стариот договор и деќа ќе можам да видам какви ќе бидат новите понуди и комотно во септември да разгледам чии услуги за сурфање ќе ги користам следните дванаесет месеци.

Денес бев во салонот исто така за да ја платам сметката и да се информирам кои ми се опциите, сега кога договорот ми истекува. Вработената во Он.нет ми рече дека има пакет Дуо, но тој сѐ уште не е достапен во мојата населба. Исто така ми рече дека веќе не можам да го откажам автоматското продолжување на договорот бидејќи датумот кој од кој се смета едната година е 20 септември.

Не сакав да навлегувам во расправии, па само се насмеав и прокоментирав како може да добивам различни информации од различни вработени во врска со договорот и набрзо потоа си отидов.

Сега суфрам на старо-новиот интернет и блогирам за овој весел настан.

4 Comments

user experience

Моето искуство со Телеком: Ми истекол договорот. Иако пишуваше дека по автоматизам се продолжува ми соопштија дека нема да го продолжат и ме замолија да дојдам на потпис на нов договор. Кога бев таму ми го понудија и Call & Surf кој во моментов не ми треба. Доколку до крајот на месецов не отидов да потпишам ќе ми тарифираа по месечна (недоговорна) сума.

hooked?

А-ха! You're hooked. После Seth, само мислиш како треба да биде, колку е лесно тоа да се постигне, и колку е неодговорно он нивна страна дека не е така.

Можело да биде и полошо. Јас

Можело да биде и полошо. Јас денес по втор пат одев до Струга, каде е нивниот најблизок продажен салон (т.е., еден мал пулт со еден компјутер во еден агол од Техномаркет), затоа што нивниот вработен првиот пат не ми дал комплетна папирологија на потпис. Само ме потсетија зошто со нетрпение чекав да дојде крајот на договорот за да ги откачам засекогаш.

Од пред една недела, среќен корисник на Call & Surf Comfort + кај Лошиот Т,
GoodBytes

Пред една година немав

Пред една година немав интернет 2 месеци и секој ден им се јавував на техничка поддршка. Даваа глупи совети од типот ресетирај модем и види да не си го згазнал кабелот. Претпоставив после месец убедување дека модемот не работи па и тоа чекав месец за да го заменам. Он нет секогаш си биле неспособни кога станува збор за поддршка на корисници, чекам да ми заврши договорот па да се префрлам на T mobile 3 во 1 пакетот.