Јас

Tags: 

tl;dr Ми се допаѓа imgur. Можете да ми купите некоја од овие книги или да ми ја пратите во ePub формат без DRM.

Кратка (интернет) биографија

Моето име е Новица Наков. Правам работи за да видам дали можат да се направат.

Понекогаш луѓето велат дека сум одржувал добри и интересни предавања и презентации. Еве го списокот на (речиси) сите такви настапи почнувајќи од 2003 година.

Во пред-блог ерата на македонскиот интернет се прославив со текстот за договорот кој Владата на Р. Македонија го потпиша со корпорацијата Мајкрософт.

Бидејќи пишувањето ми лежи, во изминатиов период имам напишано многу текстови на различни теми кои живеат на различни места на Интернет. Некои од нив се достапни и на овој блог, а некои на Scribd.

Во 2001 година бев еден од основачите на интернет страницата Опасна багра, која израсна од македонски usenet групи.

Во 2002 година станав член на тогаш формираната непрофитната организација Слободен софтвер Македонија, а од септември 2005 до јануари 2009 служев како нејзин претседател.

Во 2003 година почнав да преведувам за Mozilla. Сега сѐ уште работам на преводот на Firefox.

Во 2004 година почнав да пишувам на овде, на airborne (иако софтверот и url-то се сменија низ годините).

Во 2008 година го започнав блогот за Кинотека на Македонија.

Во 2008 година со „СпинМонстер“ го снимивме „Танцува со мечките“, а со Гоце Митевски го направивме малиот музички проект насловен the airborne monster.

Во 2010 година бев одговорен за изготвување на нацрт-текстот на Национална политика за слободен софтвер.

Во 2010 година ја започнав иницијативата за TEDx настан во Скопје.

Во 2011 ја со помош на Андијана Папиќ преведов „За серењето“, а во 2012 со помош на Гоце Митевски ја објавив на Интернет.

Во 2012 пишувањата на блогов беа наградени од страна на Diversity Media: Награда за airborne.

Во 2012 година го организирав фестивалот на слободни филмови во Кинотеката на Македонија.

Други места:
http://mudrec.tumblr.com/
http://understandortodraw.tumblr.com/
http://mkpolmeme.tumblr.com/