Psi

Tags: 

Информациите на оваа страница можеби се застарени. Веќе подолго време не се грижам за преводот на Psi.

Последната верзија на Psi, за која водам посебна (локализациска) евиденција, е 0.13 од јуни 2009 г.

Psi е уште едно програмче чиј превод го одржував сѐ до верзијата 0.13 во јуни 2009 г. Почнав некаде во верзија 0.6 или 0.7 и не се сеќавам која година беше тоа. :)

Домашната страница на Psi е psi-im.org и таму може да ја најдете неговата најнова верзија. За преводите, доколку ги нема на страницата за преземање, можете да прашате на форумот.

Psi е клиент за отворениот протокол за IM (брзи пораки) Jabber. Благодарение на отвореноста Jabber добива голема популарност, и клиентите се вистински швајцарски ножиња. Jabber сервер може да покрене секој со постојана Интернет врска, а разните транспорти овозможуваат комуникација и со другите IM мрежи како AIM, ICQ или MSN.

Ова значи дека доколку се одлучите за некој Jabber клиент (а Psi е еден од најдобрите), тогаш ќе можете сите другарчиња да си муабетите преку една апликација, и ако одлучите да се врзете на некој македонски Jabber сервер, муабетите нема да ви патуваат до Америка и назад, кога зборувате на релација Влае-Аеродром, или Тетово-Битола.

Да се вратам на преводот. Ако најдете некоја грешка или имате некоја забелешка за преводот истата може да ја пријавите на страниците на Слободен софтвер Македонија.

Ете така, уживајте во Psi.