Оглас: Музички инструменти

Tags: 

Веќе подолго време не свирам активно. Имам две електрични гитари и две појачала кои 99% од времето ми фаќаат прашина дома.

Еве дел од нив:

Гитара

Ако има млади бендови на кои им треба опрема, ги давам сите заедно за 300 евра. Може и да се пазариме парче по парче, ама тоа ќе биде и некако посложено.

Утринава на РТС

Tags: 

Додека читам rss во позадина брчи телевизорот на РТС пуштен. Има некоја репортажа за некој српск-босанко-француски бенд. Концерт во Франција ми се чини.

И новинарката шета низ публика и наоѓа две пријателки: една србинка и една французинка. Новинарката нешто ја прашува србинката, си зборат и на крај ја прашува дали може пријателкава да испее некој стих од српска песна. Овие нешто проговоруваат на француски и запева французинкава:

Море сокол пие, вода на Вардарот...

П: Што правам денес по Интернет од ниедно време?

О: Требаше да одам на скијање. :)

Дали блоговите се ѓубре или општеството е ѓубре

Tags: 

Уште во средно ме научија дека кога ќе ти кажат бројки, проценти и сл. нема многу кај да мрдаш. Бројките кажуваат се и тоа е тоа, но бројките мора да бидат точни.

Сега цитирам од Комуникации.нет:

70-80 % од Блоговите СЕ ѓубре. 50 % од Блоговите СЕ расистичко ѓубре. На блоговите 90 % од коментарите СЕ непотпишани. Што покажува дека ако на прачовек му дадеш компјутер тој НЕМА да стане дигитален граѓанин. Тој ќе остане прачовек со компјутер. И може цела македонска блогосфера да вреска дека тоа не е така. Овие факти не можат да се изменат.

Дали овие бројки се точни? Баш би сакал да го видам истражувањето што го покажува горното и што притоа дефинира што е тоа „ѓубре“. Ми се чини премногу возбуда има за една вака паушална изјава.

Но, што ако бројкиве се точни? Иако недостасуваат дополнителни одредници (во смисла која е популацијата која блогира, години, образование, струка), сепак блоговите се слика на општеството. Дали 50% од општеството во кое живееме е расистичко? Дали 50% од младината е таква (ако најмногу блогери се млади луѓе)? Или можеби блогерите се паметни и успешни, а блогосферата ја користат за зафрканции и сеир, а некој таму нема смисла за хумор?

Некои мисли за црквата на плоштадот

Tags: 

(Лична забелешка: Јас сум против градењето на црква на плоштадот и трошење на пари од даноци за црковни/религиозни цели. Сметам дека црквата е еден од главните генератори на поларизацијата на нашето општество и сум pro-brain-drain ако Македонија продолжи да се движи кон средниот век.)

Во моментот кога почнувам да го пишувам ова петицијата на Интернет против градењето на црква на плоштадот во Скопје има 1976 потписи: врска.

Пред некое време слична акција имаше во Загреб: врска. Па првото прашање што ми падна на памет е дали овие луѓе ќе го дадат својот потпис и на хартија доколку иницијативата од Интернет се пресели на улиците (и плоштадот) на Скопје?

Значи треба да видиме дали со градењето на црква со пари од даноци се нарушува некако нашето „право на град“ и дали сето ова има некакви пошироки импликации.

Првото прашање е дали владата треба да дава пари за градење на црквата, а одговорот би требало да е не. Ова вееќе е добро образложено на други места. Сепак, ми се чини дека ако денес има референдум во Скопје или општина Центар за тоа дали треба да се гради црквата со пари од буџетот, ќе победи опцијата „за црквата“. Мислам дека црквата добро си ја врши својата работа во однос на привлекување верници, а соработката со другите конзервативни центри во Македонија дополнително придонесува за нивниот успех. Тажно е што поголемиот дел од поддршката за овие доаѓа од младите граѓани на Македонија, но како и се друго и ова е наопаку во земјава. Толку од изненадувањето.

Второто е поврзано со односот влада-град-општина и дуп, маркичка и сл. Спорниот момент на локацијата на објектот, мислењата на експертите за урбаниазам, архитектите и другите релевантни лица скоро и да не одекнува во јавноста. А и зошто би, кога најголем дел од тие луѓе некогаш биле во некоја општина, влада, комисија и таму пренамениле маркичка и некој Петко и Станко наличиле потоа зграда. Урбана мафија и сето тоа. Па ако може секој со малку повеќе пари да си среди услови за градење на најневеројатните места низ градов, зошто да не може Владата да направи црква (и џамија) на плоштадот (и карши него)? Баш се надевам дека некој од експертите ќе даде одговор на ова прашање.

Ова е точката каде што се гледа дека нашето „право на град“ одамна е нарушено. Секаде се гради без план, новите згради често се вселени а уште немаат фасада, се уриваат и окупираат тротоари и други заеднички површини, се паркира кој каде ќе стигне... итн. Како уште една градба, макар била на плоштадот - до и така спорниот „Лумикс“, ќе смени нешто во целата слика?

Ми се чини дека дебатата за црквата на плоштат набрзо ќе биде стеснета, дури и можеби ќе исчезне од јавноста. Малку има за дискусија кога Македонија веќе подолго време само на хартија е секуларна држава.

Интересно во Загреб, зад барањето на „правото на град“ застанале некои невладини организации. Не можам да видам кои би биле тие што во Скопје би го направиле истото.

Мислам дека на плоштадот на Скопје нема да има потпишување на петиција и протести, туку осветување на црква.

Освен ако Фуере не ни каже дека таа ќе биде пречка за ЕУ.

Блогерите читале книги

Tags: 

Оваа нишка завршува овде. Немам кому да ја пренасочам. Сите кои би можел да ги ping-ам веќе добиле покани.

Како и да е речениците:

Ја слушна, така, бабата својата кадреста внучка, па и самата се расплакува врз тажната судбина на Дабиќ, го зема бастунот в раце па тргнува кај некоја друга баба да и раскажува за тврдото срце на префектот. Од кај оваа приказната отиде кај трета и - се запали целиот Бихаќ, како да го бомбардира Хасан паша Предоевиќ.

А и во самиот наш конвикт, бавно и незабележливо, почна да расте скриеното незадоволство.

Магарешки години - Бранко Ќопиќ. (Лектира за VI одделение.)

Бу-ху пиратеријата е страшна

Tags: 

Бу-ху пиратерија

Демек, пиратските дискови помагале за организиран криминал, трговија со луѓе и дрога (и најверојатно тероризам?)...

За среќа, сега постојат p2p мрежи, па повеќе не мора да се купуваат дискови.

Коментар од GoodBytes: „Штета, требаше Microsoft да ја плати кампањата“.

Страници