Не знам на што точно се мисли кога ќе се каже „идентитет“ во нашиве дневно-политички препукувња. Претпоставувам дека секој си го сфаќа на различен начин и тоа е ОК. Работите што се напишани подолу се работи што ги открив случајно, сурфајќи на Википедија за Холандија, но воопшто не барав информации какви што се овие подолу.
Прилично се изненадив кога видов дека постои disambiguation страница за Холандија. Од таа страница продолжив кон статијата за Холандија, каде дознав дека Холандија и Кралството Холандија се две различни работи.
Се разбира, може да ми се смеете на мојата неинформираност, но јас ќе си продолжам со тоа дека Холандија баш и не е вистинското име за земјата (иако веројатно на малкумина Холанѓани, кои исто така погрешно ги именуваме), тоа им пречи. Всушност Холандија, јужна и северна, се само две провинции во „Холандија“.
Холанѓаните себе си се викаат Nederlanders, а тие што зборуваат англиски јазик ги викаат Dutch. Ние ги викаме Холанѓани. Слично важи и за нивниот јазик.
Холанѓаните (Dutch) се доминантната етничка група во Холандија, и очигледно немаат ништо против да се нарекуваат (или во случајов да ги нарекуваат - на англиски јазик) Ethnic Dutch. Исто така имаат своја верзија на етничко-културни поделби.
На крај, ништо од сето ова не им пречи да бидат: a modern country at the moment of its very foundation, and it has always been open to the world; one of the most free market capitalist economies in the world и да имаат: traditional values and civil virtues such as its classic social tolerance, modern, liberal policies toward drugs, prostitution, homosexuality, and euthanasia.
Кул. :)