Submitted by Новица on
Tags:
Не знам каде, но се сеќавам дека сум видел реклами за рационализирање на трошењето вода и тоа за затворање на чешмата додека човек четка заби. Не знам ни дали беа македонски рекламиве - сеедно.
Нашиот водовод, кој постојано се жали на неразумно трошење вода, може да размисли за лепенки со поракта „гаси ја чешмата“ на секое пакување паста за заби. Ова не би требало да биде проблем да се направи, ако се договорат со увозниците, кои и така мораат да лепат декларации на македонски јазик.
На пр. Водовод ги сноси трошоците за печатењето на декларација + порака „гаси ја чешмата“, а увозниците лепат. Нивниот поттик ќе биде во заштеда за печатење, а на Водовод пристап до широка популација на корисници на неговите услуги.
1 Comment
А можат да почнат со гасење
Submitted by миша (не е верификувано) on
А можат да почнат со гасење на сите чешмички што постојано течат и да почнат сериозно да копаат по инфраструктурата каде се губи *само 50% од водата. :-)