Submitted by Новица on
Tags:
На првомајскиот протест недостасуваа само граѓани.
Се осмелувам да речам дека фактот што во Македонија воглавно не се почитуваат законите е главната причина зошто ниедно граѓанско организирање за или против било што однапред е осудено на пропаст.
Причините за ова произлегуваат од следново: имате граѓани, компани и влада кои во различни случаи или ситуации не ги почитуваат законите. Тоа создава совршен простор за притисок и уцена од страна на силите кои сакаат да го контролираат општеството. Сакате да протестирате? Веднаш се наоѓа некој да ви каже дека на пример, тракторот не ви е регистриран. Можеби не сте ја поднеле годишната даночна пријава, или во вашата команија сте заборавиле да ја проверите исправноста на противпожарните апарати и ете шанса да добиете предупредување за послушност. А, ако некогаш треба да се прави гужва за некоја цел на оние кои ги знаат вашите законски грешки, лесно може да ве натераат да правите нешто за тие да погледнат на другата страна.
Не знам дали ваквата ситуација во општеството има свој назив во теоријата, ама прилично сум убеден дека во нејзиното создавање активно придонесувале сите досегашни влади на Р. Македонија.
Исто така прилично сум сигурен дека добар начин да се надмине оваа стуација е секој за себе да ги елиминира можните закачки што се создаваат на ваквиот начин. Тогаш, ми се чини, нема да биде толку страшно секој јавно го искажува своето мислење.
2 Comments
Активно придонесувале сите
Submitted by GoodBytes (не е верификувано) on
Активно придонесувале сите досегашни влади, но и сите граѓани на Македонија, бидејќи еден дел од нив ги прави дубарите, а другиот се прави дека не гледа. И тука мислам, од фрлање ѓубре на улица или паркирање на тревник/тротоар, преку членување во партии заради вработување, па се' до давање/земање мито за завршување некаква работа (која може да вклучува и тежок криминал).
На пример, речиси сите мои комшии имаат направено гаражи врз бесправно запоседнато државно земјиште (тревник, парк). Една од гаражите е во сопственост на службеничка во Општина Охрид - нејзината е најголема и изѕидана со столбови и цигли. Мојата кола ја пече сонце и ја врне дожд, бидејќи ја паркирам на местото кое е пропишано за паркирање, но сепак не ни помислувам да си „заземам“ плац за гаража.
Така да, кога зборуваш за послушни и потчинети граѓани, број ме мене.
Треба да се смени
Submitted by Бојан (не е верификувано) on
Треба да се смени менталитетот од „Зошто да не правам како што прават другите?“ во „Зошто да бидам како сите други?“
Колку пати само сум чекал пред некоја ординација додека пациенти со пријатели-доктори влегувале пред мене... И колку пати со наведната глава сум поминувал преку ред со пријатели-доктори покрај пациенти што чекаат... (тоа што имав чувство на вина е само начин да се оправдам пред другите)
Меѓутоа никој не сака да се откаже од својот степен на удобност. Никој не е подготвен да му се покажува лицето на вести, или, не дај боже, полиција да го тепа затоа што се врзал со ланци пред местото каде што треба да ја стават следната шмизла или темелите за следната црква. Пишував нешто на темава во последниот текст на мојот блог. За да биде подготвен да стори се, човек треба да удри во дното. Ама нашево дно како да не се гледа од тињата :)