блог

Undefined

Опуштено пред последниот ден од Glocal

Tags: 

Ете и тоа бидна. Презентацијата што требаше да ја направам за Glocal заврши и според коментарите од публиката, замислете, добра била. :)

Презентацијата и текстот се закачени за оваа страница.

Апстаркт од текстот подолу.

My blog is my CV... or not?

(A paper for Glocal 2.0)

Social software in most of its forms is predominately used by young people. This is the case with Macedonia as well. More and more people every day start their own blogs or other social software accounts where they publish information that are easily available to the public.

The same group of people faces the challenge to find a job after graduation – a task that is considered very difficult in a struggling economy. In recent years HR and employment agencies, as well as in house HR departments in big companies, started to play a bigger role in the overall job hunt in Macedonia. More and more people receive job proposals through these agencies and findthemselves in need to meet the demanding conditions of the labor market.

In this pilot research we try to find out whether these two meet and if so what the consequences are. The research was performed through interviews with HR managers in local companies and other professionals whose job is to seek out candidates with a qualified work experience, as well as appropriate background.

We tried to learn if Macedonian labor force recruiters know enough about the emerging social software and do they consider it to be a valuable resource in evaluating people's skills, knowledge, believes and attitudes.

With new generations coming out of University and connecting on the Internet, these issues might prove important. We tried to get a sense of what is the situation today and what is to be expected.

Блог за Скопје

Tags: 

Пред многу време на Фликр групата за Скопје зборувавме за блог за Скопје по примерот на http://www.metblogs.com/. Од тоа не излезе ништо посебно освен што пред неколку месеци регистрирав блог на блогспот за таа цел.

И до сега си седеше тоа така, а денес некако најдов доволна причина да почнам да пишувам таму. Па ете го: http://gradotskopje.blogspot.com/

Дали блоговите се ѓубре или општеството е ѓубре

Tags: 

Уште во средно ме научија дека кога ќе ти кажат бројки, проценти и сл. нема многу кај да мрдаш. Бројките кажуваат се и тоа е тоа, но бројките мора да бидат точни.

Сега цитирам од Комуникации.нет:

70-80 % од Блоговите СЕ ѓубре. 50 % од Блоговите СЕ расистичко ѓубре. На блоговите 90 % од коментарите СЕ непотпишани. Што покажува дека ако на прачовек му дадеш компјутер тој НЕМА да стане дигитален граѓанин. Тој ќе остане прачовек со компјутер. И може цела македонска блогосфера да вреска дека тоа не е така. Овие факти не можат да се изменат.

Дали овие бројки се точни? Баш би сакал да го видам истражувањето што го покажува горното и што притоа дефинира што е тоа „ѓубре“. Ми се чини премногу возбуда има за една вака паушална изјава.

Но, што ако бројкиве се точни? Иако недостасуваат дополнителни одредници (во смисла која е популацијата која блогира, години, образование, струка), сепак блоговите се слика на општеството. Дали 50% од општеството во кое живееме е расистичко? Дали 50% од младината е таква (ако најмногу блогери се млади луѓе)? Или можеби блогерите се паметни и успешни, а блогосферата ја користат за зафрканции и сеир, а некој таму нема смисла за хумор?

Блогерите читале книги

Tags: 

Оваа нишка завршува овде. Немам кому да ја пренасочам. Сите кои би можел да ги ping-ам веќе добиле покани.

Како и да е речениците:

Ја слушна, така, бабата својата кадреста внучка, па и самата се расплакува врз тажната судбина на Дабиќ, го зема бастунот в раце па тргнува кај некоја друга баба да и раскажува за тврдото срце на префектот. Од кај оваа приказната отиде кај трета и - се запали целиот Бихаќ, како да го бомбардира Хасан паша Предоевиќ.

А и во самиот наш конвикт, бавно и незабележливо, почна да расте скриеното незадоволство.

Магарешки години - Бранко Ќопиќ. (Лектира за VI одделение.)

Кино и радио утре (23.01.2008)

Tags: 

Сподели кино (конечно во новата година!) продолжува утре со презентации од 24c3.

Исто така, на покана на Василка, утре од 21 часот одам на радио Равел на емисија која ќе биде посветана на блоговите и блогерите. Бидејќи не се сметам за блогер, ќе ја искористам приликата да кажам некој збор за слободен софтвер, слободна култура, сподели знаење и сл.

Не знам дали ќе стигнам и на киното. Најавата ми личи како прилично интересна.

Гатанка за коментирање

Tags: 

Повеќе пати ми се има случено да сакам да оставам коментар некаде и да бидам соочен со предизвик да прочитам некои прешкртани или матни букви за да можам да го пратам коментарот - и да не успеам да ја погодам точната комбинација (и тоа неколку пати по ред) по што се откажувам од коментирањето.

Размислувам ако некогаш го напуштам овој софтвер за блогирање на новиот да ставам гатанка за проверка на тоа дали коментаторот е човек или машина. И да најдам неколку заебани, да не може да се насетува решението.

Патем, прогуглав за „гатанка“. Нема некои македонски страници со ваква содржина, а сигурно има некоја печатена збирка на гатанки. :)

Блогери на конференција

Tags: 

Не можам да стигнам на конференцијата... обврски по дома нешто. Хм, a може и ќе стигнам за последниот дел - „мрежно општество“... Нејсе, штом не сум таму да пишам збор-два за она што и така ќе го кажев. Дарко ќе пренесе. :)

Слободен софтвер. Многу малку блогери (забелешка: луѓево од планета не ги бројам за блогери освен можеби Би) зборуваат, пишуваат и работат со/за слободен софтвер. Дали тоа се должи на нивната неинформираност, незаинтересираност или нешто трето - не знам. Сепак, чувствувам обврска да кажам неколку очигледни работи.

Најголемиот дел од софтверот кој се користи за блогирање е слободен софтвер: http://blog.com.mk работи на Drupal што е слободен софтвер. Wordpress една од најпопуларните самостојни платформи за блогирање исто така е слободен софтвер. Без овие блогирањето ќе беше многу потешко, а за некого можеби и невозможно. Но, тоа не е се. Дури и за блогирање да користите неслободен софтвер, големи се шансите се дека серверот и базата на кои тој ќе работи се слободни. Впрочем, Интернет работи на слободен софтвер - а без така лесно достапната мрежа тешко дека ќе имаше кој да чита што блогираат блогерите.

Заедницата на програмери и други луѓе кои работат со слободниот софтвер во голема мера е заслужна за ова што денес го имаме на Интернет. Затоа размислете и вие да придонесете кон таа заедница. Напишете по некој текст или пак ако софтверот не ви е баш омилена тема, размислете да придонесете на link Википедија , да нацртате, насликате или дизајнирате нешто за слободниот софтвер, или пак само да им раскажете што е слободен софтвер на вашите пријатели.

Се разбира, почнете да користите слободен софтвер на вашиот декстоп. Веќе го користите на Интернет и веројатно до сега се уверивте дека е најдобар.

Блог запис бр. 149

Tags: 

GoodBytes ме прозвал.

1. На мк.Википедија нема статија за штафета.

2. Текстот за блогирањето веќе објавен од Дарко на komunikacii.net е навистина добар.

3. Мислам дека ова е прилично глупаво, ама ај да не го кршам редот.

4. Не сум некако дел од блогерската заедница и баш и не знам многу луѓе на кои би им ја предал прозивката, па еве оставам отворено некој од планетава и евентуално Котле да си кажат што имаат.

5. Nobody cares.

Pages