интернет

Undefined

Последен запис во 2006

Tags: 

Едно утро пред неколку недели се будам и почнувам брзо да се облекувам, кога страшна болка во левата рака (дланка) при обидот да си облечам чорапи комплетно ме расонува. Го поминав денот како-така и кога се вратив дома си реков да истражам да не е CTS (Мини инфо на македонски јазик има на Багра: CTS), па отворив многу страници на тема ергономија и компјутери.

Врски на тема Workstation ergonomics од:

IBM т.е. Lenovo

U.S. Department of Labor: Occupational Safety & Health Administration

Stanford University

CDC

healthycomputing.com

Читањето на овие е корисно.

Пар денови подоцна излезе дека баш и ништо не ми е, т.е. дека веројатно сум спиел лошо со раката тој ден, ама барем прибрав некои корисни инфомрации. (Брзо пролистување на страницата на Министерството за здравство на РМ не дава информации на оваа тема на македонски јазик. Можеби законот за информатичко општество треба да опфати и нешто вакво...)

Сепак се надевам дека ќе успеам да паузирам од Интернет и од компјутерот во следниве неколку дена (можеби само ќе го оставам KTorrent вклучен да ми преземе нешто нова музика) и дека ќе се одморам прописно.

Се надевам новата година ќе биде уште повозбудлива за работа со слободен софтвер во Македонија и се надевам дека ќе пропатувам нешто повеќе и покрај визната бариера. (Ех, може требаше да си направам некаков wishlist и да го закачам на блог... :))

ОК. Доста како за последен запис во 2006. (Едно време мислев да пишувам отворено писмо до заедницата ама се премислив.)

И празници се, па еве честитка до сите: среќни празници! :)

Честитка

Заборавени јазичиња: беше Карти на војната

Tags: 

Бројот на отворени јазичиња прилично ми се зголемил и се зафатив со нивно затварање.

Така отркив дека сум отворил 2 интересни работи на mapsofwar.com.

Две интересни flash филмчиња:
Првото за сите освојувачи на блискиот исток - тука.
Второто за појавата и развојот на религиите - тука.

И список на сите филмчиња кои се достапни на страницата.

Update: Сум имал уште едно заборавено јазиче Брус Стерлинг со својата последна (последна во смисла дека нема да пишува повеќе за Wired) колумна во магазинот Wired.

Извадок:

The future of the Internet lies not with institutions but with individuals. Low-cost connections will proliferate, encouraging creativity, collaboration, and telecommuting. The Net itself will recede into the background. If you're under 21, you likely don't care much about any supposed difference between virtual and actual, online and off. That's because the two realms are penetrating each other; Google Earth mingles with Google Maps, and daily life shows up on Flickr. Like the real world, the Net will be increasingly international and decreasingly reliant on English. It will be wrapped in a Chinese kung fu outfit, intoned in an Indian accent, oozing Brazilian sex appeal.

Код верзија 2.0

Tags: 

Верзијата 2.0 на Код, книгата на Лоренс Лесиг (Википедија: Лоренс Лесиг), која всушност е римејк/продолжение на веќе 7 години старата Кодот е закон, е објавена после нејзиното јавно уредување/подобрување на викито на Лесиг.

Бидејќи купувањето книги од Интернет е проблематично во Македонија, ќе ја прибележам уште и врската до PDF-то

Книгата е издадена под Лиценца на Криејтив комонс Именувај-Сподели под исти услови верзија 2.5.

Web + Тито + Тим?

Tags: 

Fortunately, O’Reilly seems less of a psychopath than Mao or Stalin, and is perhaps closer to the pragmatic Yugoslavian leader Marshal Tito, who carefully steered a path between the USSR and the West for decades.

Реџистер: Напред кон дистрибуираната револуција

На ова Web 2.0 крајот веќе не може да му се фати. :)

Планетата вели добре дојде за уште еден нов жител

Tags: 

Од денес, Билјана е жител на нашата планета заради нејзиниот придонес во кревањето на свеста на блогерската заедница за прашањата проврзани со авторските права, слободата, културата, слободниот софтвер итн. Доказен материјал: мојот прв пост на Ubuntu и слобода за Мики Маус.

Ова серизно. :)

Билјана - добре дојде!

Страници