Submitted by Новица on
Tags:
Услугата обработка на завршна сметка од страна на Централниот регистар, правните лица ги чини околу 1000 денари, ако сметката ја предаваат на хартија.
Но, ако одлучат да ја предадат во електронска форма, треба да платат 500 денари помалку.... и 31.689 повеќе, бидејќи толку чини Мајкрософтовиот канцелариски пакет, во кој единствено може да се употребуваат датотеките кои ги снабдува Регистарот.
Веќе видено однесување, а мене баш и не ми се цитираат стратегии.
Дополнување: Датотеките во ЦРМ ги примале само ако се во форматот на MS Office 2003. Ништо поново, ништо постаро.
3 Comments
За среќа, OpenOffice Calc
Submitted by GoodBytes (не е верификувано) on
За среќа, OpenOffice Calc може да ги отвори обрасците од ЦРМ и потоа да ги сними во „Microsoft Excel 97/2000/XP“ формат (XP = 2003). :-)
Секако, твојата забелешка стои и најдобро ќе биде податоците да се доставуваат во отворен формат, на пример XML. А уште подобро, со веб апликација, преку која странките ќе си ги внесуваат податоците во нивниот сервер.
OO.o Calc
Submitted by Новица on
Колку гледам, во Calc (OO.o 3.0), макроата што се таму не работат. Затоа и пишав дека единствено во MS Office може да се употребуваат.
Но, ако сум направил некој превид во врска со ова, те молам пиши кое е решението.
Во право си, не работат.
Submitted by GoodBytes (не е верификувано) on
Во право си, не работат. Пресуда: веб апликација и нема повеќе главоболки.