Централен регистар на Македонија == Комплетна зависност од еден понудувач

3 Comments

Ееее уште само тоа да

Ееее уште само тоа да беше...
Бидејќи исклучиво користам Линукс покрај горенаведениот пример, ја сум се сретнал и со следниве блокади при комуникација со државните органи:

- Сајтот на Службен Весник во делот за претплатени корисници. Бараат најмалце IE7 за да ти инсталираат некои клиентски сертификати под Windows-от и незнам уште што не, значи покрај точно барана верзија на IE потребно е да имаш и точно барана верзија на WIN.

- Комуникација со Централен Депозитар за Хартии од Вредност. Целата комуникација оди со MS Word i MS Excel фајлови кои се со некои макроа кои Опен Офис нема шанси да ги отвори како што треба (или се е изместено или воопшто не ги отвара).

- Управа за јавни приходи и нивниот "Систем за интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок" кај кој клиентскиот дел што се инсталира кај крајните корисници исклучиво бара понов Windows со .NET framework и привилегии да се инсталираат некои сертификати во самиот Windows

Тоа беше од јавните институции, посебен случај се БАНКИТЕ:
- Банкарските сајтови во Македонија со нивните сајтови за "Е-БАНКИНГ", кои поради т.н. сигурносни токени бараат исклучиво Windows со IE 6-7 за да можат да ти инсталираат ActiveX компоненти во самиот browser.

- Извештаите на една од најголемите банки кај нас ги испраќаат во .snp формат, коа глеам тоа да ти бил т.н. Мајкрософт Репортс Snapshot???? :-))) нормално со ништо не се отвара тој фајл освен ако немате инсталирано MS Office 2003+

- Една друга банка пак (во самиот врв ако не е најголемата банка кај нас), за изработка на налози за плаќање во електронска форма ви даваат едно .exe фајлче кое (по генеричката икона се глеа дека е во Delphi 5) освен Windows, ви бара и од интернет да си најдете .dll фајлови од VCL библиотеките.

Да не продолжувам понатака пошто веќе се изнервирав :-)

Поздрав

си требало и тоа последната

си требало и тоа последната ставка (што се гледа на сликата) да ја заокружиш.. со оглед дека дополнително бараат да инсталираш некаков софтвер (веројатно proprietary)

- Важно е да биде според

- Важно е да биде според лиценца, не значи дека мора да биде од „Мајкрософт“. Кој сака може да користи слободен софтвер. Всушност и најразвиените економии, како што се Данска, Финска и Германија, преминуваат на слободниот софтвер „линокс“ - вели Иво Ивановски
(Од Време, 24.02.2010 г.)