интернет

Undefined

Модерна митологија: Интернет

Tags: 

Само што го открив универзумот на Џонатан Харис.

Немам време да пишувам. Интересно е ова. Одам да си играм.

Update: http://www.spore.com/ - супер! :)

Update2: http://www.galaxiki.org/ - вики галаксија.

Цензура на Интернет?

Tags: 

Пред пар години бев на еден состанок во OSCE со Кристијан Молер од http://osce.org/fom. Човекот си замина среќен од тој состанок бидејќи повеќе луѓе со своја историја на Интернет, секој на свој начин, кажаa дека во Македонија нема цензура на Интернет.

Дали такво нешто сега е на повидок?

Не верувам дека било која Влада може да се брчка така лесно во така осетливи прашања кои постојано се под будното око на повеќе меѓународни организации. Но, ми се чини дека ова често е еден од главните проблеми во македонската граѓанска свест. Штом некој друг пази, ние ќе се опуштиме. Ова можеби фунцкионира за некои работи, но секако ако сами не се грижиме за сопствената слобода тешко дека на другите ќе им биде многу важно тоа.

Ако сте навистина загрижени за можните импликации од текстот објавен во „Време“, напишете ги своите реакции до „Време“. E-mail пораки и записи на блог не се доволни. Напишете писма на хартија и испратете ги. Напишете доволно писма и тоа порано или подоцна ќе произведе резултати.

А, што да се прави со авто-цензурата? Штета што блогот на мечето Ушко не е под некоја слободна (или неслободна, но CC) лиценца. Така ќе можевме лесно да го спасиме од самоуништување.

Поврзана лектира: http://www.eff.org/br/.

Најдобрите презентации на светот

Tags: 

Натпреварот за најдобра презентација заврши(л). Победниците се објавени.

Гај Кавасаки со свој коментар:

The commonality you’ll see in these winners is big fonts, big graphics, and a “storytelling” orientation. These are three crucial qualities of a good presentation.

Врска.

Јубиту на ер-ес-ес :)

Tags: 

Откако имав некои проблеми со листите со клипчина на YouTube, особено со листата за оној бројот, ги обележав сите клипчиња на htttp://ma.gnolia.com, ги тагував со „јубиту“.

Сите клипчиња на едно место. :)

plagij.at имале rss!

Tags: 

Алелуја!

Утрово си велам да ѕирнам што има на plagij.at, ме интересираше нешто да не има за албумот на Pikolomini (поздрав Давид - честитки :)), кога гледам прв наличена текст: Neal Stephenson - At the Beginning was the Command Line. Си велам, ај middle click на ова да оди во ново јазиче, дур скролам јас надолу по информацијата што иницијално ми требаше.

После тоа му се навраќам на јазичето со Нил и кога гледам URL со /index.php... и познатата портокалова иконка во ќошот.

Еве го RSS-то на plagij.at: http://www.plagij.at/rss/rss.xml - абе RSS владее! Зошто не се гледа на главната страница останува мала мистерија. ;-)

П.С. За оние среќни корисници на Firefox кои користат Flash Block: на plagij.at има и мени за навигација - само во флеш е. Ај, не ми се пишува и за ова.

Во СССР листата се претплатува на тебе

Tags: 

Размислував долго за тоа дали да напишам уште еден follow-up а случајот
„поштенски листи“ - и очигледно одлучив да напишам. Пред тоа сепак неколку
пати ги прочитав претходните записи: мојот и тој на Филип.

Мене ми се чини дека прашањето што е пред нас е: небарана/несакана пошта или спам (ако грешам, поправете ме). Накратко, Филип во порака на листа чија архива веќе не е достапна за оние кои не се претплатници спорел за тоа дали некој смее да го претплатува на листа без негово знаење. Јас го искористив тоа за да потенцирам дека истото мене ми се случило со претплата на поштенска листа на организацијата каде што работи Филип. Тој потоа одговори со запис кој многу малку го третира ова прашање, туку повеќе се занимава со некои други работи (што може да биде тема за некое друго пишување).

Сепак, она што сепак може да се прочита од записот на Филип, а што е релевантно за дискусијата е дека постоела листа:

На таа мејлинг листа „на времето“ (далечната 2005 година)...

- за што нема ништо спорно (и јас ја чувам архивата).

Потоа дека листата била неактивна:

Мејлинг-листата во меѓувреме беше неактивна и никој од Метаморфозис не ја употребувал.

- за што исто нема ништо спорно (не сум добил нова порака од 10.01.2006 година).

Дека провајдерот правел надградба на софтверот:

Интернет-провајдерот каде што е хостирана мејлинг-листата баш денес инсталира/реконфигурира нови системи за е-пошта, што е веројатно причината за реактивација на листата - со автоматска порака.

Тезата на Филип е дека пораките кои што стигнаа во моето сандаче (важно бидејќи претходно никаде не пишувам дека стигнале на било кое друго место, како што тврди Филип во својот запис), се од истата таа поштенска листа, која постоеше 2005/2006 година, а која тој суден ден била надоградена од интернет провајдерот каде е хостирана.

Ова е тоа со кое што јас не се сложувам. Пораката што ја добив на 27.03.2007 год. е од друга поштенска листа (која можеби само во дел го преземала името од претходната). Како знам? Филтрите за е-пошта што ги имам ми кажаа - не ја ставија новата порака во иста папка со претходните (оние на кои се повикува Филип). Хедерите на пораките не се исти: пораките не доаѓаат од ист сервер (старите се од wsmg.sonet.com.mk [212.120.1.60], а новите од hamurabid.sonet.com.mk [212.120.16.70]. Софтверот на кој работи листата не е ист: стариот не ми е познат, а новиот е Mailman (X-Mailman-Version: 2.1.5), и колку што знам не е возможна некаква автоматска миграција од еден на друг ваков софтвер.

Значи, човечка рака веројатно била вклучена: некој ги земал адресите од едната листа и ги ставил во другата листа и некаде кликнал на „YES“ или „OK“ за да биде испратена автоматската порака. Ако тоа биле луѓе од Метаморфозис, тогаш да го цитирам пак Филип од неговата порака на НМП листата:

5. Тоа што мојата адреса е објавена на мојот блог или на официјалниот ми веб-сајт , не значи дека може да се приклучува во мејлиг-листи без моја согласност. Капиш?

Се надевам овде може да се додаде и тоа дека тоа што адресата е на една листа, не значи дека автоматски може да биде на друга листа.

Ако не биле луѓе од Метаморфозис, тогаш да не зборувам за тоа што јас адресата сум ја дал тогаш (во 2005) на Метаморфозис, а не на интернет провајдер кој ги хостира нивните листи (ама, признавам не знам дали и како ова е решено со Закон или што).

На крај, дури и да го прифатам тоа што Филип го вели - дека тоа е една иста листа само надградена, сепак мислам дека во рамките на некаков бон-тон е да се известат претплатниците во врска со тоа. Така направивме ние (Слободен софтвер Македонија, заедницата на корисници на слободен софтвер) на времето (во 2003 година) кога старата LUG листа (која веќе не е на Интернет - но и тие архиви ги чувам, па еве можам да проверам), поради технички причини ја заменивме со новата ossm-members листа.

Се друго е шум.

П.С. Можеби му должам извинување на Филип поради тоа што ја употребив неговата порака на НМП листата за да ги критикувам активностите организацијата каде што тој работи, но мислам дека тоа (заедно со насловот на мојот претходен запис кој може да предизвика мала забуна) беше важно за да им се даде контекст на работите. Се разбира, јасно ми е дека личните ставови на еден човек може да не бидат во согласност со ставовите на организацијата каде што истиот тој работи, иако веројатно може да се спори колку тоа е дел од приказната на непрофитниот сектор... но, сето тоа е надвор од темата (и можеби ќе биде згодно за некој друг запис). Впрочем јас никаде не велам дека Филип земал учество во оваа приказна со поштенските листи, така што - тоа е тоа.

Eat your own dogfood

Tags: 

Насловот на записов е чест во светот на софтверот. Во основа значи дека програмерите на некој софтвер и самите го користат софтверот што го развиваат.

И Википедија вели: „To say that a company "eats its own dog food" means that it uses the products that it makes.“ (Врска.)

Во нашата традиција веројатно попозната е една поговорка што ми се чини воглавно се однесува на поповите: „Не гледај што правам, слушај што зборувам.“, и што очигледно е со спротивно значење од оваа англискава.

Така, пред некое време Филип му зборувал на Дамјан за некој инцидент со некоја поштенска листа. Приказната, да не ја раскажувам, ја има на Интеренет (врска - update: 28.03.2007 - архивата на НМП листата веќе не е достапна јавно, т.е. достапна е само за претплатници на листата.), прочитајте ја. Станува збор за листата на link НМП на која Филип бил претплатен без да сака/знае. Цитат:

(...)

2. Мејлинг листи со опт-аут функција каква што сакаш да воведеш, не се препорачани од ЕУ. ЕУ препорачува опт-ин листи: членовите сами да изберат да влезат, а не некој да го направи тој избор за нив, па потоа да молат да излезат. Неследењето на препораките преточени во национални закони повлекува парични и затворски казни. Корисен линк <http://www.spamlaws.com>.

(...)

5. Тоа што мојата адреса е објавена на мојот блог <http://razvigormk.blogspot.com> или на официјалниот ми веб-сајт <http://filip.stir.org>, не значи дека може да се приклучува во мејлиг-листи без моја согласност. Капиш?

Дури ни на мајлинг листи од сајтови за кои сум се изразил пофално јавно, на пример во рецензија на „Сајт на денот" и слично.

Благодарам на вниманието,
Филип Стојановски
(своерачно)

Овие ми се двете поинтересни точки. :)

И, да се вратам во денешно време... палам компјутер денес и гледам сум добил порака од некоја нова поштенска листа:

Welcome to the Lokalizacija_metamorphosis@metamorphosis.org.mk mailing list!

To post to this list, send your email to:

lokalizacija_metamorphosis@metamorphosis.org.mk

General information about the mailing list is at:
http://mail.metamorphosis.org.mk/cgi-bin/mailman/listinfo/lokalizacija_m...

...итн.

Јас не сум се претплатил сам на листава која ја води Метаморфозис, организацијата каде што работи Филип. Претплата ми траеше неколку часа. Набрзо откако ја видов пораката ја откажав претплатата.

Сега размислувам за тужба против Метаморфозис, но си мислам и да им дадам неколку дена да одговорат со понуда за вонсудска спогодба. А за Филип, не знам зошто тој како свесен и одговорен граѓанин, но и како еден од поглавните луѓе во Метаморфозис, не обратил поголемо внимание на активностите на неговата организација и/или неговите колеги. Се надевам само дека тој лично не е вмешан во овие активности на Метаморфозис.

Update: одговорот на Филип.

Што читам на Интернет?

Tags: 

Од пред некој ден ставив една страница (хм, која што не е баш валидна според W3C) со оние вести кои ми стигаат на rss и кои ги сметам за поинтересни. Па може некому ќе му се види тоа корисно.

Pages