Submitted by Новица on
Tags:
Читајќи ги реакциите по предавањето на Ричард Сталман се чусвтвувам како да завршила некоја наша гиковизија во која наместо риба, главната улога ја имало некое гну.
За оние кои не следат, вчера во преполнета сала во Холидеј-ин Ричард Сталман од фондацијата за слободен софтвер одржа предавање на тема „Авторските права против општеството во доба на компјутерските мрежи“ во кое објасни како било пред да постои системот на авторски права, како и зошто тој систем бил зачнат и до каде е работата денес. Прошарано со малку историја за слободен софтвер и неочекуваното играорство на битолски ора на Сталман, предавањето ги вклучи следниве работи: Во антиката авторски права не постоеле, автори постоеле, копирање било дозволено, се правело рачно ако книгата доживеала да не биде запленета од локалниот буџован. Потоа во Европа ја измислиле машината за печатење, која за волја на вистината всушност е измислена во Кина многу векови порано, но Европејците со своето повторно измислување на неа шлапнале закон за печатење (анг. copyrigt) чија примарна цел била да го регулира печатењето на книги. Како таков, тој бил насочен кон индустријата и лесно се применувал, бидејќи лесно се контролирале неколкуте издавачи што постоеле (во денешни услови мислете на закон на банки и банки - освен во случајот на Грција). Целта на законот била создавање на дополнителна корист за јавноста, за општеството: машината за печатење го направила издавањето на книги во голем обем ефтино и лесно, монополот што го имале издавачите над печатење на една книга се оправдувал со поголемата корист што јавноста ја имала од достапноста на оваа книга (економската анализа зад ова е едноставна, но да не се рашириме премногу).
Потоа технологијата направила уште еден голем чекор напред и условите повтроно се промениле, но наместо општеството повторно да одбере модел што ќе му носи поголема корист, сега сме заглавени во систем што потенцијално може да ги третира сите граѓани како криминалнци, не е поволен за повеќето автори и воглавно служи да се одржи опстанокот на една индистрија. Оваа елаборација беше дополнета со бројни примери (како на пример правото на анонимно купување на книга) со кои веројатно и најзакоравените поддржувачи на авторските права ќе се сложат дека беа на место и се важни за дебатата за едно слободно и демократско општество... но не е важно. Македонија не е ниту едното нити другoто, па затоа и мојaтa гиковизиска реакција на текстовите како што е „Македонија е ветената земја за идеите на Сталман“.
Македонија, или било која друга земја, би можела да биде ветената земја кога би била суверена во носењето на своите закони и би направила систем во кој авторските права траат 10 години. Македонија не е тоа, и всушност, како и сите други земји е тивок поклоник на агендата на САД, преку WTO / WIPO, за тоа како треба да изгледаат овие права и оние кои заедно со нив се туркаат под чадорот „интелектуална сопственост“.
Слободата е главната категорија во тоа што Сталман го работи и говори. Софтверот е слободен, но не е бесплатен. Мешањето на овие два поими има некаква логика во англискиот јазик, но не и во македонскиот. Да го правите тоа значи намерно да занемарувате клучни работи во врска со одреден концепт. Кога ќе размислите за тоа и сите физички објекти се слободни, како што вели и тој до оној момент додека реалноста на нештата тоа го дозволува. Прашањето за слободен софтвер не е прашање за тоа колку пари чини тој или како се дистрибуира. Клучното прашање е дека му дава контрола на корисникот во својата работа - нешто што неслободниот софтвер, платен или не, легален или не, не може никогаш да му го даде на корисникот. Ако користите MS Windows XP - па макар и неговата најнелегална копија - сигурно е дека тој подеднакво како и легалната копија во било која државна институција, испраќа приватни податоци назад во Редмнод. Така вистинското прашање за секој човек кој седнува на компјутер денес не е дали некој софтвер може бесплатно да се симне од интернет, туку колку е спремен да плати за да добие контрола врз својот компјутер. Неслободниот софтвер кој е набавен нелегално не станува автоматски слободен. Освен привремената можност за споделување, тој не исполнува ниту еден од другите услови за слобода.
Авторските права ја играат клучната улога во оваа разлика. Вистинскиот хак на Сталман е употребата на рестриктивнот закон за овозможување на екосистем на споделување на знаење и софтвер. Но бидејќи и предавањето на беше за GNU и GPL, ќе останам и сега понастрана од тоа. Вообичаената аргументација на индустријата и медиумите дека авторските права им служат на авторите. Но ретко кој ги прашува авторите за тоа. До сега не сум запознал ниту еден автор кој напишал или насликал или снимил нешто поради тоа што знаел дека тоа ќе биде заштитено. Причините секогаш се полични: желба да се каже нешто, желба да се презентира човек во јавноста, желба да се дискутира за некоја идеја. И овој текст јас го пишувам од прилично лична причинa: видов дека текстот на Виктор се појавил на ОКНО, а мојот текст на слична тема од пред неколку месеци не успеа да се најде на страниците на овој наш веб магазин. Во секој случај авторските права денес многу повеќе служат за контрола на јавноста и општеството и измешани со техничките мерки за заштита прават заложници од луѓето. Прашајте некој автор дали би сакал неговиот читател да ја даде книгата на комшијата кој претходно не чул за него и со тоа тој да добие уште еден читател. Сега пробајте да го направите тоа со електронска книга затворена во DRM. Желбата во дел од јавноста да се заштити индустријата која (нужно) ги експлоатира и авторите и уживателите на уметноста не е објаснува од ниту една перспектива: во капитализмот нормално е да умираат (и да се раѓаат нови) индустрии и тоа е неизбежен дел од конкурентската борба, во демократските општества слободата на граѓаните е поважна од профитот на корпорациите.
Споредувањето на неволноста на Сталман да го продаде своето плишано гну за помалку од 1300 денари со практиката на индустријата без ваше знаење да инсталира софтвер на вашиот компјутер за да ви забрани да го пуштите дискот што легално сте го купиле во нивната продавница е несериозно и наивно. Прво тука е прашањето на цената на чинење на доброто: можеби гнуто навистина чини 1300 денари и цената не може да оди под тоа. Ако го купите за 1300 денари, продавачот не остварува профит. Сѐ повеќе од 1300 е доброволно - како и што беше. Ова не е случај со дисковите кои се продаваат по цени повеќе десетици пати повисоки и со кои индустријата всушност остварува монополски профити - спуштањето на тие цени нема да ги направи нив да бидат во загуба. Подеднакво важно е дека Сталман гнуто го продава без скриени rootkit-ови во него и без ограничувања на неговата употреба, додека големите медиумски куќи тоа не го прават така.
Слободата или ви е важна или не. Ако не, тогаш што и да има Сталман да каже не е многу важно.
8 Comments
"видов дека текстот на Виктор
Submitted by Viktor (не е верификувано) on
"видов дека текстот на Виктор се појавил на ОКНО"
Јас ова го гледам сега. Никој од нас не беше прашан за текст. Дали ова се коси со авторските права? Да не само прашаа ќе дозволевме но дали е во ред? Sharing is caring се прави со линк пример, не со цел текст.
btw За слободниот софтвер и неговите слободи ги потполно разбирам. Но треба да се разбере дека аргумент за користење на слободен софтвер не е „слобода“ туку „избор“. Пример, како што Windows мора да понуди сега избор на прелистувачи така може и продавачие на PC ja да понудат избор на софтвер, од скапиот Виндовс до бесплатните слободни ОС.
Но... тоа според Сталман не е дозволиво. Од тоа што го слушнав јас, тој одбива да им верува на другите и со тоа го ограничува изборот.
Така корисниците се наоѓаат во ситуација да бидат принудени да користат одреден софтер, било затворен или слободен, кој може или не го разбираат. Но кој ги прашува корисниците кога тие не се „свесни дека немаат слобода“ :)
1. Стриктно според законот за
Submitted by Новица on
1. Стриктно според законот за авторски права, не е дозволиво. Можете да им пратите cease and desist.
2. Не. Дефинитивно единственото прашање е слобода. Повторно бесплатноста е друга категорија и нема врска со слободата. И надвор од компјутерите, слободата луѓето секогаш скапо ја плаќале.
Иако никаде јавно не го
Submitted by zeroSignal (не е верификувано) on
Иако никаде јавно не го изјавив моето несогласување со наддавањето за Гну-то, ќе го изјавам тука. Јас немам никаков проблем со неговата желба да го продаде Гну-то и да оствари некаков бенефит за фондацијата - напротив, го гледам тоа како сосема нормална работа. И апсолутно се слагам дека нема што он да го продава испод цена - ако цената е 1300 мкд минимална, ок - продавај го за 1500. Ама наддавањето ми беше патетично и срамота. После целата (интересна и поучна, иако на моменти помпезна, ограничена и малку кратковида) дискусија, работата се сведе на, ај да видиме колку ке исцедиме.
Да нагласам пак, неам против он да продава. Неам против ни да продава налепници, привезоци, дрн-дрн. Ама наддавањето ми беше.. патетично и очајно.
" ај да видиме колку ке
Submitted by Viktor (не е верификувано) on
" ај да видиме колку ке исцедиме."
Не мора да цеди. Поентата на 2 часи зборување се сведе на тоа никој да не сака да ја поддржи фондацијата бидејќи треба да даде пари, треба да реагира. Слободниот софвер не е бесплатен сто пати се рече, но ако вреди пари тогаш нема да го конзумираме колку и да е слободно. Ме убедуваат во слободен софтвер, а сепак многу од нив злоупотребуваат тужа слобода да си заштити свој продукт. Ако не ти се допаѓа не мора да го користиш. Само не ме терај да играм по твои правила бидејќи сакаш да ќариш нешто.
Еден куп муабети за слобода на корисниците, а кога корисникот одбира тогаш е аргументот „тој не е свесен“. апсурдно!
Уште не можам да сфатам каде
Submitted by Новица on
Уште не можам да сфатам каде гледаде нарушување на вашата слобода во аукцијата.
pa aukcijata ne mi ja narusi
Submitted by viktor (не е верификувано) on
pa aukcijata ne mi ja narusi slobodata ;), nitu slobodniot softver ne mi ja narusuva slobodata, tuku svacanjeto deka korisnikot mora da koristi sloboden softver za da bide sloboden
ViktrArs, не знам зошто
Submitted by дамјан (не е верификувано) on
ViktrArs,
не знам зошто постојано имаш желба да вадиш од контекст работи и погрешно да ги пренесуваш. Не сакам да почнам да мислам дека е намерно...
Јас воопшто не го сфатив
Submitted by Милош (не е верификувано) on
Јас воопшто не го сфатив наддавањето на обид да се извадат пари. Баш напротив, требаше да покаже дека може да се оствари профит без да се обврзат луѓето на нешто, и само од нивната „добрина“. Можеби GNU-то не заработи којзнае колку пари, но пад достигна цена x2 од почетната. Колку луѓе оставија пари на крај, за стикерче или сл? Пред мене имаше голема гужва, се надевам дека сите поминаа туку така.
Виктор, дали би купил маица ако продавачот ти каже дека несмееш да ја пеглаш? Или кола која несмееш да ја продадеш, иако си купил нова?