музика

Undefined

Последен запис во 2006

Tags: 

Едно утро пред неколку недели се будам и почнувам брзо да се облекувам, кога страшна болка во левата рака (дланка) при обидот да си облечам чорапи комплетно ме расонува. Го поминав денот како-така и кога се вратив дома си реков да истражам да не е CTS (Мини инфо на македонски јазик има на Багра: CTS), па отворив многу страници на тема ергономија и компјутери.

Врски на тема Workstation ergonomics од:

IBM т.е. Lenovo

U.S. Department of Labor: Occupational Safety & Health Administration

Stanford University

CDC

healthycomputing.com

Читањето на овие е корисно.

Пар денови подоцна излезе дека баш и ништо не ми е, т.е. дека веројатно сум спиел лошо со раката тој ден, ама барем прибрав некои корисни инфомрации. (Брзо пролистување на страницата на Министерството за здравство на РМ не дава информации на оваа тема на македонски јазик. Можеби законот за информатичко општество треба да опфати и нешто вакво...)

Сепак се надевам дека ќе успеам да паузирам од Интернет и од компјутерот во следниве неколку дена (можеби само ќе го оставам KTorrent вклучен да ми преземе нешто нова музика) и дека ќе се одморам прописно.

Се надевам новата година ќе биде уште повозбудлива за работа со слободен софтвер во Македонија и се надевам дека ќе пропатувам нешто повеќе и покрај визната бариера. (Ех, може требаше да си направам некаков wishlist и да го закачам на блог... :))

ОК. Доста како за последен запис во 2006. (Едно време мислев да пишувам отворено писмо до заедницата ама се премислив.)

И празници се, па еве честитка до сите: среќни празници! :)

Честитка

U2/Negativland

Tags: 

Филип сподели една книга со мене, а јас да ја споделам приказната со планетава.

Копирајт лектира за оваа недела: aмериканците Negativland и ирците U2.

Музичето за даунлоад на страницата на веселата дружина.

Зошто не го сакам Скопје?

Tags: 

Денес (т.е. вчера) бев на концерт на Т.Б. Трачери на програма на Скопско лето. Цената на билетот беше 150 денари. Стигам пред врата и таму некој тип бара дали е на список. Не е на список. Типот се оддалечува, ѕвони на мобилен и моли некого таму да го стават на список.

Почнува концерот, озвучувањето (пак) е срање. Ова чувство особено ми се засилува вака после Exit. Едноставно не ми е јасно како во толку години „независна Македонија“ никој во земјава не научи да поставува асално озвучување. Публиката мртва, ја мрзи да аплаудира. Трачери не знаат асално да го измешаат репертоарот и мрчат што публиката е мртва. Негде кон крајот озвучувањето тотално се заебува. Општа оцена од 1 до 5, 3 на стаклени нозе.

Во центарот на градот пак, е општа калакурница. Тие луѓето до кафаните (кафулињата) дури и клупите ги разместиле за да стават маси. Она што е особено интересно овде е што масите, зафаќајќи ја улицата, зафаќаат дел од шахтите. Шахтите, логично, мирисаат лошо (смрдат!). А луѓево сепак седат во кафаниве и плаќаат фини пари за пијачка.

Ај доста е. Ако продолжам да пишувам ептен ќе се изнервирам.

Тешка работа...

Tags: 

Планета со Крафтверк на неа... И ми текна какви муабети чув додека шетав низ публиката пред почетокот на концеротот. Отприлика вака:

  1. Вчера инсталирав Редхет. Сега размислувам да полагам некои испити за сертификација...
  2. Ни донесоа некои Цисковци на работа. Сега треба со тоа да се занимавам...
  3. Абе не е нешто тешко во Линукс да се работи, има гуи алатки за повеќето работи...

Ние сме роботите... тум-ту-ту-дум. :)

Pages