музика

Undefined

Музичката индустрија преку перото на Гибсон

Tags: 

„Во почетокот на 1920-тите“ - рече Бигент*, „во оваа земја се уште имаше луѓе кои немаа чуено снимена музика. Не многу, но имаше. Тоа е пред помалку од 100 години. Твојата кариера како 'recording artist'“ - правејќи наводници со рацете, „беше на крајот на технолошкиот прозорец кој траеше помалку од 100 години, прозорец за чие времетраење потрошувачите на снимена музика немаа средства да го произведуваат тоа што го конзумираа. Можеа само да ги купуваат снимките, но не можеа да ги репродуцираат. The Curfew** се појави кога тој монопол на средствата за производство почна да еродира. Пред тој монопол, музичарите беа плаќани за изведба на музиката, издаваа и продаваа ноти, или имаа патрони. Поп цвездата, каква ја знаеме“ - и тука се поклони, кратко, во нејзин правец, „беше всушност артефакт произведен од премногу присутните (масовни) медиуми.“

* Бигент е магнат од рекламната индустрија кој се појавува во последните две книги на Гибсон. Во последната книга за него Гибсон има напишано и Википедиска статија.

** The Curfew е бенд од последната книга на Гибсон.

Овој исечок е еден не претерано добар превод од Spook Country на Вилијам Гибсон. :)

Новиот мешап алубмот на Girl Talk...

Tags: 

Возбудливо издание на музичарот од Питсбург е достапно за преземање од http://illegalart.net/.

До сега посебно ја заслушав 4тата песна, но целиот албум е прилично интересен.

Препорачувам преземање на музиката. :)

За оние што не знаат Грл Ток (Girl Talk) е музичар што својата музика ја создава од семплови од други издадени песни и автори и притоа не бара (нити добива) нивна дозвола. Што ќе рече, целиот албум е и едно интересно кршење на авторските права. Баш ме интересира дали ќе има обиди да му се тргне музиката од Интернет.

Уште едни британци го објавиле својот албум на Интернет

Tags: 

По се изгледа малку стара вест, ама не видов никој да ја пренесе, па еве:

Tim Burgess revealed "We always knew this album was gonna be given away for free, even before we started writing so we wanted to make it the best album we've ever made. This isn't a case of left over tracks and b-sides, we wanted to give our fans a quality record."

http://www.xfm.co.uk/news/2008/download-charlatans-new-album-for-free

Оглас: Музички инструменти

Tags: 

Веќе подолго време не свирам активно. Имам две електрични гитари и две појачала кои 99% од времето ми фаќаат прашина дома.

Еве дел од нив:

Гитара

Ако има млади бендови на кои им треба опрема, ги давам сите заедно за 300 евра. Може и да се пазариме парче по парче, ама тоа ќе биде и некако посложено.

Утринава на РТС

Tags: 

Додека читам rss во позадина брчи телевизорот на РТС пуштен. Има некоја репортажа за некој српск-босанко-француски бенд. Концерт во Франција ми се чини.

И новинарката шета низ публика и наоѓа две пријателки: една србинка и една французинка. Новинарката нешто ја прашува србинката, си зборат и на крај ја прашува дали може пријателкава да испее некој стих од српска песна. Овие нешто проговоруваат на француски и запева французинкава:

Море сокол пие, вода на Вардарот...

П: Што правам денес по Интернет од ниедно време?

О: Требаше да одам на скијање. :)

Секое чудо за три месеца

Tags: 

Сите блогираат за тоа што Редиохед сами си го објавија последниот албум на Интернет.

Никој не блогира за тоа дека се премислиле.

http://www.inrainbows.com/.

(А баш сакав да пишувам дека снег заврна во градов.)

Јупииии „Вечер“ ме краде!

Tags: 

Денешниот (8.11.2007) број на „Вечер“ има текст за „Зајди, зајди“ на Сариевски: Зајди, зајди е украдена.

И ми се виде фотографијата од албумот на Сариевски позната. Тоа да ти биде мојата фотка од Фликр:

Предна страна на CD

Моите слики на Фликр се под CC лиценца: http://creativecommons.org/licenses/by-sa/2.0/deed.en. Ова значи дека „Вечер“ во случајов треба да го напишат моето име до сликата и на сите посетители да им ги стават до знаење условите под кои таа се дистрибуира. Не знам за печатената, но во дигиталната верзија тоа не е направено. (Разбрав дека нема копии од „Вечер“, се распродал одма, поради некоја статија за Тоше).

Како и да е, им пишувам пошта со информации за ова и ако не добијам одговор си мислам да ги тужам. Некој адвокат да ми помогне во пишување на тужба?

Ново: Уф... контакт формата на страницата на „Вечер“ не работи. Цело време вика: Се случи грешка при испраќањето на информациите. Ве молиме обидете се повторно.

Ќе мора писмово да го праќам со snail mail.

Почитувани,

Не можев да не забележам дека во вашата статија „Зајди, зајди е украдена“ од Дејан Трајкоски објавена во „Вечер“ од 8.11.2007 (http://www.vecer.com.mk/?ItemID=EA241335742B60418A11FE7251B09A06) сте искористиле моја фотографија достапна на: http://www.flickr.com/photos/novica/444850096/.

Ве молам, согласно Законот за авторското право и сродните права и лиценцата под која е достапна фотографијата да го наведете моето име како автор на фотографијата, како и видливо да ги поставите условите под кои истата смее да се дристрибуира.

Очекувам ова да биде поправено на веб страницата, а дополнување и објаснување да биде објавено во некој од наредните печатени изданија на „Вечер“, и за тоа сакам да ме известите.

Доколку не постапите вака, тогаш немате никакви права да ја користите оваа фотографија и јас ќе бидам принуден, против своја желба, да си ги барам правата по судски пат.

Срдечно,

Новица Наков

Ново2 (16:25): Им ги најдов адресите: врска. Пишав до Анета Пауновска одговорна за култура и забава и CC до Главниот уредник и неговиот помошник и заменик.

Pages