Економија од обем со македонските дени

Tags: 

Денес, по игра на случајноста, бев сведок на плаќање на фактура на Топлификаиција во банка.

Не знам што ме поттикна да го пресметам данокот.

Имено, фактура беше на износ од 446 денари + ДДВ 18%. Математички тоа е 526,26 денари.

Но, Топлификација тоа го заокружува на 526,50 денари, а банката на 527,00 денари.

Тоа е разлика 0,72 денари по фактура месечно.

Ако претпоставиме дека месецов 5000 корисници на парно греење добиле иста фактура тоа се 3600 денари. По 12 месеци тоа се 43.200,00 денари. По икс години... ја сфаќате веројатно математиката.

А тука се и ЕВН, ЈП Водовод и слично.

Каде одат сите овие пари?

2 Comments

Остануваат на сметка. Али

Остануваат на сметка.

Али можете да бидете оригинални со идеите. Идејава за тие малички центи / дени кој знае колку е стара. Најрано што знам дека се има десено е пред 27 години да излезе јавно. Тогаш немало интернет, ама имаше Супермен 3. Еве го трилерот, погледајте го филмот: http://www.youtube.com/watch?v=UiwduaIGVVE