Submitted by Новица on
Tags:
Првото правило на пос-терминали е дека не може да се наплаќа различна цена т.е. дека било кои трошоци да постојат тие ги плаќа корисникот на терминалот, а не лицето што плаќа. Барем така велат во банка кога ги кажуваат предностите на поседување на картичка за безготовинско плаќање.
Тогаш на сцена стапува Централниот регистар на Р. Македонија кој за своите услуги одлучува да наплаќа провизија доколку плаќањето се прави на пос-терминал. Тоа всушност е провизијата што ЦРМ инаку би требало да ја плаќа кон банката за остварената трансакција. И бидејќи слипот од таква транскакција изгледа невообичаено, јас се упатив во НЛБ Тутунска банка која ми издала VISA картичка, за да прашам како смее тоа да се случува и каде да се пожалам.
Следната сцена е во централата на НЛБ каде службеникот на мојата поплака ми одговара со објаснување дека согласно новиот договор на Владата со банките на сите пос-терминали што се наоѓаат во државни институции ќе се наплаќа таа провизија. Тиња еј си велам кој договор, ама ако се договориле така што да се прави.
Но ете, следна сцена Агенција за катастар на недвижности на РМ и таму не неплаќаат провизија на пос-терминали?!
Останав збунет откако си ги зедов слиповите од катастар.
Што се случува значи овде? Прво, можно во НЛБ Тутунска банка не ми ја кажуваат целата вистина кога ми велат дека има „договор за провизии за сите државни институции“. Тешко е да се замисли таков договор што го исклучува катастарот. Таму само за провизии дневно може да се ќарат добри пари. Второ, можеби воопшто да нема договор, а службеникот на НЛБ Тутунска банка најде само лесен начин да ме отшета по моето комплицирано прашање. Можеби сето тоа беше наједноставниот пат до помалку работа дента. Трето, можно е ЦРМ на своја рака и од позиција на моќ да ја прави оваа наплата на провизии (и да ги крши правилата на VISA). А сите молчат за ова, бидејќ сепак да се закача ЦРМ не е мала работа.
Било какво објаснување е добредојдено.
8 Comments
пос терминалите беа од УНИ
Submitted by slavco (not verified) on
пос терминалите беа од УНИ банка? не е важно....
може треба НЛБ да се пријави кај ВИСА па тие ќе средат со банката а банката со ЦРМ
1. Па добро, замисли да беше
Submitted by Петар Кајевски (not verified) on
1. Па добро, замисли да беше во странство и некој да ти барал екстра пари ако плаќаш со картичка. И тогаш ќе очекуваше НЛБ да знае зошто таму ти барале повеќе пари? Од аспект на НЛБ како издавач на картичката, дошло барање за наплата на, нпр. 110 денари, што ти си го прифатил и ти наплатиле 110 денари.
2. Многу читаш американски сајтови. :) Барањето да не смее да се наплаќа екстра за плаќање со Виза и Мастеркард во САД (и сигурно многу други земји) е резултат на моќта на Виза и Мастеркард да ги присилат трговците, и е се повеќе критикувано барање. Но тоа условување го немаат во многу земји.
Петар, која е поентата на
Submitted by Новица on
Петар, која е поентата на понатамошна шпекулација?
1. Не очекувам НЛБ да знае ништо. Јас бев да пријавам проблем. *Тие* рекоа дека нема проблем т.е. дека има договор меѓу Владата и банките.
2. http://www.unibank.com.mk/categories/view/372 - не е дека не проверив како е кај нас.
Можеш да објасниш што тоа
Submitted by Петар (not verified) on
Можеш да објасниш што тоа кажува линков? Тоа што сигурно не го кажува е дека трговецот нема право да наплаќа повеќе за трансакции со картичка, за што е и муабетов.
Ти си во трололо режим а?
Submitted by Новица on
Ти си во трололо режим а? Линкот вели:
Плаќање на ПОС терминал во земјата - без провизија.
На слипот јасно се гледа дека има провизија што оди кон Уни банка.
Како тоа трговецот има право да наплаќа, кога банката вика дека нема провизија на нејзини пос терминали?
Не, туку ти не разбираш тоа
Submitted by Петар (not verified) on
Не, туку ти не разбираш тоа што читаш.
1. Од сајтот на Унибанка - „Плаќање на ПОС терминал во земјата - без провизија.“ значи дека корисниците на картички на Унибанка не плаќаат провизија кон Унибанка кога користат било чии терминали во земјата. Апсолутно нерелевантно за тебе како корисник на картичка на НЛБ.
1а. Претпоставувам дека и за твојата картичка исто нема плаќање на провизија во МК, ама тоа би морал на сајтот на НЛБ да го видиш, ти текнуе?
2. Тоа што си го скенирал од Централниот регистрар е комбинирана сметка/слип, која ти кажува дека трговецот (ЦР) ти наплаќа 1632 денари, и попатни ти вика дека 29 денари ти се бидејќи плаќаш преку Унибанка. Унибанка не ти наплаќа никаква провизија, не и вика на НЛБ да ти земе повеќе од 1632 денари. Исто НЛБ не ти наплаќа никаква провизија - не ти зема повеќе од 1632 денари.
1. ОК можеби јас не сум
Submitted by Новица on
1. ОК можеби јас не сум разбрал за линкот од УНИ банка, но како што велиш истото го има и во правилата на НЛБ.
2. Целата дискусија е за „попатните 29 денари“, затоа што услугата не чини 1632 денари. Во тарифникот нема таква вредност. Така што ЦРМ не би можел да ги зема за себе тие екстра 29 денари. Значи мора да ги зема УНИ банка. Ако сакаш да кажеш дека нема екстра пари ако си картичка на УНИ банка, тоа не знам - мора да се провери.
Значи, ако услугата чини 1603 денари во тарифникот на црм, зошто на слипот има повеќе од тоа?
Добро, ама се разбираме сега
Submitted by Петар Кајевски (not verified) on
Добро, ама се разбираме сега дека од аспект на картичарското работење, трансакцијата е 1632 денари? Објаснувањето за 29-те денари треба да го бараш кај ЦР.
Една причина што можам да ја замислам зошто ЦР (и некои други институции) не ги ставаат тие 29 денари или колку и да се јавно е што во сегашните законски правила тие не можат да воведат такво некое плаќање, па врти сучи целата зделка се презентира како провизија за плаќање со картичка. (А колку точно плаќа ЦР на операторот на ПОС-от не е нужно исто со овие 29 денари)