книги

Undefined

Бушава азбука

Tags: 

Случајно в раце ми падна копија од „Бушава азбука“, книга издадена во 1987 година, и се присетив дека како дете ја имам листано.

Првата реакција ми беше: ајде да ја ставиме на интернет. Ја нема во книжари, повеќето потпишани издавачки куќи веќе не постојат, а тоа е забавна книга за децата кои ја учат азбуката. Се обидов да го направам токму тоа.

За жал, скенерот со кој што располагам е мал, а книгата е во невообичаен формат, и при скенирање губам дел или од горниот или од долниот дел од содржината на страницата.

Ако некој има скенер за А3 формат што може да го понуди, може да остави коментар.

Сепак, PDF или слики не се баш најзгодниот медиум за презентирање на содржина на интернет. Па си помислив што ако го направиме ова во интернет стил: HTML, CSS, JavaScript? Првата идеја што ја имам е S5: лесно за управување низ содржините, без многу тракатанци наоколу. За почеток веројатно се потребни малку понапредни CSS вештини и, секако, цртачки вештини за сите илустрации.

Има некој?

И книги од ова лето

Tags: 

Прочитав две книги летово. Па ајде да споделам:

1. „Strah od pletenja“ на Vedrana Rudan. По се изгледа збирка колумни од неделникот „Nacional“. Пишува за актуелни секојдневни теми во Хрватска и тоа прилично жестоко. За да видите отприлика за што се работи, еве еден текст кој го има во книгата: „Ne sanja svaki rob snove o slobodi“.

„Zovem se Ana, imam trideset godina, živim u Hrvatskoj, Hrvatska je u Evropi, godina je 2003. Rodila sam se u diktaturi, odrasla u demokraciji. Roditelji su mnogo uložili u moje školovanje, misle da je obrazovanje bitno. Diplomirala sam dva fakulteta, govorim engleski, talijanski i njemački, služim se ruskim. Posao sam dobila bez problema, radim u austrijsko-hrvatskoj firmi kao programerka, ima nas dvadesetak, svi smo mladi i ambiciozni, želimo uspjeti i postići nešto u životu. Opisat ću vam svoj radni tjedan.“

2. The Undercover Economist на Tim Harford. Краток преглед на главните делови од микроекономија со нови примери. Ако сте студирале економија, и ако сте запамтиле, ништо ново, но интересно за читање во секој случај. Ако не сте студирале економија, шанса да видите дали тоа е за вас (читам баш сега уписите на факултетите се во тек). Лесен и разбирлив јазик и објаснувања што ќе ве натераат да си речете „зошто ние не правиме така“. Можеби треба да се преведе и да им се шибне како задолжителна предизборна литература на сите политичари. Книгата малку и идеализира со слободен пазар и слободна трговија... но тоа не ја прави помалку интересна.

Државни ембриони

Tags: 

Во контекст на дебатата за абортус и зголемување на наталитетот во Р. Македонија (трето дете), цитати од „Комунистичка интима“:

„Ембрионот е социјалистичка сопственост на целото општество“ - рекол Чаушеску.

создајте иднина

(...) Во 1966, Романија смислува Петолетка за за репродукцијата. Се планира бројот на жителите да порасне до 30 милиони во 2000 година, тоа значело секоја жена да раѓа по 4 деца во просек. Истата година, законски е укинат абортусот во Романија, контрацепцијата станува нелегална, а е воведена титулата Мајка Херој за мајките кои родиле 5 или 6 деца. (...)

Страница 275 од книгата. Дочитајте во било која книжарница...

Обележување на „Комунистичка интима“

Tags: 

Веќе неколку дена ја читам „Комунистичка интима“ од Јасна Котеска.

Многу возбудлива книга, но повеќе за тоа можеби друг пат.

Книгата е полна со цитати, врски до статии на интернет, референци до други текстови и слично и ми се виде интересно да ги прибележам тие некаде на интернет за понатамошно читање. Затоа направив група на diigo: http://groups.diigo.com/groups/komunistichka-intima

Diigo e како delicious, само што овозможува заедничко обележување на содржина и дискутирање (хм, не сум проверил одамна може тоа го има и на delicious).

Како и да е. Ја креирав групата и додавам некоја содржина, па ако има некој друг што ја чита книгата и сака да додаде некоја страница, текст, коментар или што и да е, може да се приклучи.

За „Доаѓаат сите“ на Клеј Ширки

Tags: 

Тамам се спремав да ја купам, кога ете ти рецензија на неттајм (поточно Мјут) од Феликс Сталдер. Според она што го прочитав, Ширки прилично еднострано ја третира целата оваа тема за Web2.0. Многу неотворени прашања:

Clay Shirky's Here Comes Everybody is reputed to be the best book ever written on Web 2.0. By why the strange silence on questions of copyright, privacy and ownership?

И додека сигурно е интересна за читање:

‘Communication tools don't get socially interesting until they get technologically boring.’ If a single sentence can represent the entire book, it must be this one. For one, it's great writing.

Ми се чини дека недостатокот на разговор за некои клучни теми е недопустливо. Штета.

Yet, there are a lot of things that are less cute about the newly boring technologies which Shirky chooses to ignore. Shirky stresses the decentralised, ad-hoc mode of new organisations, yet they are based on very complex infrastructures that are highly centralised and that create near infinite potential to manipulate the social interactions that take place through them. These are not neutral enabling devices.

Оние кои беа на Glocal2.0, се сеќаваат, а оние кои не беа можат сега да дознаат, дека едно од клучните прашања кои беа поставени (Марсел зборуваше на долго за ова) и можеби едно од прашањата кои беа најизбегнувани беше токму контролата над корисниците што ја имаат големите Web2.0 сервиси.

Thus, there is a tension at the core of the Web2.0 phenomenon created by the uneasy (mis)match of the commercial interests of the companies and social interests of their users. All this social interaction takes place within privately owned spaces so that users are basically faced with a take-it-or-leave-it decision that few of them are really aware of. There is a structural imbalance between the service providers who have a tangible incentive to expand their manipulative capacities and the average users who will barely notice what's going on, since it would require a lot of effort to find out. To believe that competitive pressures will lead providers to offer more freedoms is like expecting the commercialisation of news to improve the quality of reporting.

Ми се чини ова се доволно цитати за кој и да е да стане заинтересиран за рецензијата на Феликс (кој барем за мене бил доста корисен во изминативе години со своите проникливи коментари).

Можете да ја прочитате на страниците на Мјут: врска. (А можете да си земете и pdf.)

Дискусијата на неттајм исто така е интересна. Ловинк напишал еден горе-долу оправдувачки текст за Ширки. Интересно да се прочита во секој случај.

Ова е првичната порака. Другите изгледа сѐ уште не се архивирани. Ако одлучите да ја ѕирнете архивата не го пропуштајте и Patrice Riemens на тема Flickr vs Maartin Dors (многу поврзано со контрола на корисниците).

По ова, не знам дали уште сакам да ја купувам книгата, уште повеќе поради тоа што Феликс вели дека видеото е доволно. Ех... :)

Летен шопинг на книги

Tags: 

Ако не одите на одмор и имате некој денар повеќе тогаш можете да ја посетите Икона во Рамстор. Донеле повеќе добри книги што вреди да се пролистаат и прочитаат.

Набрзина разгледувајќи ги штандовите ги препознав „Доаѓаат сите“ од Клеј Ширки (видео - ако е ова точната врска треба да заврши некогаш и на СподелиКино), „Пурпурна крава“ од Сет Годин и збирка со делата на Х. П. Ловеркрафт (забелешка: не знам од каде ми е познат овој писател, изгледа нешто сум читал за него штом сум го запамтил доволно добро за да го препознаам на полица).

Исто така, на полиците има повеќе книги од интересната едиција на The Economist.

Цените се можеби малку посолени. Сепак планирам да се вратам деновиве таму со пари во џеб. :)

За Spook Country и Гибсон

Tags: 

Ми се чини дека Вилијам Гибсон е единствениот писател кој го следам во континуитет. До сега единствено не сум успеал да ја прочитам Virtual Light и тоа по неколку обиди. Ова главно се должи на тешкотијата што ја имам во фаќање на ритамот на неговите книги. Сите започнуваат некако растргнато на сите страни, а приказната не се насетува на почетокот. Можеби ова најдобро се гледа (хм, чита) на All Tomorrow's Parties.

Од друга страна токму и таа тешкотија ми го прави читањето поинтересно. По почетното фаќање на ритамот, шетањето низ светот што го создава Гибсон е интересно и кон тоа голем придонес има чувството дека не знаете каде точно одите и каде ќе стигнете. На крај она што го скратува доживувањето и уживањето е речиси инстантниот, дури на некој начин и театарски, расплет.

Мислам дека и Spook Country, најновата книга на Вилијам Гибсон, ги има овие карактеристики. Иако некои рецензии не ја сметаат за полнокрвен роман (има помал број на страници од неговите други книги), искуството кое таа го пружа е возбудливо.

Сместена во денешно време, на локации кои, ако ништо друго, ги знаеме од телевизија и со теми што секако се дел од секојдневната доза на вести, книгата раскажува приказна за една голема шега (prank?) и како таа го менува животот на неколкуте протагонисти.

Истовремено ги допира прашањата на новото време, како на пример, приватноста во контекст на постојаниот развој на технологиите, новите политички реалности во глобалниот свет и сѐ поголемото влијание на новите индустрии во него.

Гибсон како да сака да каже дека сѐ што е во книгата се случува и денес, но скриено е зад невидливата завеса на медиумите, соопштенијата за јавност, конференциите за печат, рекламите, кампањите...

Но, како некаков препознатлив знак во делата на Гибсон, во книгата се чувствува и препознавање на моќта што новите технологии уште денес му ја даваат на малиот човек - омилениот лик на Гибсон.

Можеби сѐ уште имаме шанса да ѕирнеме зад завесата...

Страници