македонија

Undefined

Селмани Обама-стајл :)

Tags: 

Селмани Обама-стајл :)

Сега кога Америка го избра и инагурираше Обама за претседател, дали може Македонија да го избере Селмани?

Апропо коментарите на Милчо Манчевски дека кога Америка кива цел свет добива настинка.

П.С. Секој може да си направи своја Обама сликичка на: http://obamiconme.pastemagazine.com/

Крстот да се фрла на секои 20 метри!

Tags: 

Само што дознав дека општина Ѓорче Петров и општина Карпош заедно ќе ја организирале манифестацијата „фрлање крст во реката Вардар“ и дека поради тоа комуналното претпријатие го исчистило коритото кај железничкиот мост, т.е. под не-веќе-толку-новата улица Гологанов-Цибориски.

Па штом ваквиот религиозно-политички настан има еколошки екстерни ефекти, предлгам да се организира фрлање на крст на секои 20 - 30 метри. Крајниот ефект, покрај зголемениот број на добитници на награди, ќе биде чисто корито на реката Вардар.

Се разбира, овој пример можат да го следат и другите општини со своите реки.

Хакирање на медиумите #2

Tags: 

Не знам кој се сеќава на овој посебно интересен хак на Утрински весник.

За денес, еве уште еден, овој пат на А1:

И слободните софтверџии се придружуваат во одбраната на идентитетот

И... па среќна Стара нова година. :)

pppoe поздрав до Он.нет

Tags: 

Еве го, еве веќе петнаесетина дена:

Jan 13 19:17:34 (none) daemon.notice pppd[831]: Modem hangup
Jan 13 19:17:34 (none) daemon.notice pppd[831]: Connection terminated.
Jan 13 19:17:28 (none) daemon.notice pppd[831]: Serial link appears to be disconnected.
Jan 13 19:17:28 (none) daemon.info pppd[831]: Connect time 1.7 minutes.

Мизеријата на македонското (интернет) општество

Tags: 

Зачудувачки е колку многу џева се крена за една ненамерна грешка на страницата на Mozilla за Firefox на македонски јазик, почнувајќи од бранење на македонштината до ковање теории за грчко-бугарски заговор, а како никој, воопшто никој не реагира на повиците за тестирање и превод на прозводите на Mozilla на македонски јазик.

Мизерија.

Цела плата се потроши на бендвит

Tags: 

Цела плата се потроши на бендвит

Веројатно има повеќе начини да се протолкува ова. Двата најочигледни се:

1. Конечно, во Македонија има доволно луѓе на Интернет.

2. Имале навистина мал мал bandwith limit.

Каде греши Он.нет

Tags: 

Веќе пишував како (вработените од) Он.нет ме измамија во продолжување на договорот за ADSL (и ајде, оставам малку простор да станувало збор за незнаење, а не смислена тактика).

Сега ја имам приказната за миграцијата. Некаде на почетокот на ноември ми се јави вработен од Он.нет да ме извести дека „постои техничка можност“ за мигрирање на бројот од Телеком. Договорот татко ми го потпиша на 6-ти ноември. Сепак до денес не добив повратна информација од Он.нет, иако секој пат кога одам во салон (поздрав Радмила, Марко, Симон) ми велат дека некој ќе ми се јави да ми каже до каде е работата и се чудат како тоа уште не сум мигриран.

Сега не сакам да пишувам за тоа како со ова доцнење го пробиваат законскиот рок пропишан од АЕК, нивниот арбитрарен и усно соопштен рок од 25 работни дена и оној од договорот за обезбедување услуга од 30 работни дена.

Сакам да напишам за нивната маркетинг (хм, ваљда е тоа маркетинг) стратегија.

Со тоа што ме канат да потпишам договор за услуга што не се спремни да ја испорачаат од било кои причини во било кој разумен (или договорен) рок, тие се тројни губитници:

1. Губат две месечни претплати (до овој момент). Ако ја добијам услугата на 1-ви јануари, ќе ја користам само до ноември. Иако имам договор на 12 месеци, кај нив ќе плаќам само 10 месеци.

2. Губат други потенцијални корисници. Секој пат кога некој ќе ме праша „Како Он.нет?“, јас ќе критикувам дека еве чекам, никој не се јавува, поминаа два месеци и слично. Луѓето ќе се замислат, и којзнае, некој можеби ќе се откаже од миграција или други услуги.

3. Го губат мојот иден статус на корисник. Ќе сакам ли да продолжам да им плаќам за услуги по 6.11.2009 година, по сето чекање, маткање по салони, неисполнување на договореното?

Што можеше да направи Он.нет во услови кога тие и Телеком имаат горе-долу иста 2 во 1 понуда?

Па, можеше да биде искрен. Можеше да рече дека баш и не можат да направат миграција. Потоа, можеше да се обиде да ме задржи како корисник на некој друг начин (на пример поефтин или повеќе интернет). И, ако успееше во тоа, тогаш кога навистина ќе можеше да направи миграција, ќе ме известеше и завршеше работа за два дена.

Има и уште една работа. Он.нет во својот однос кон корисниците и административните процедури сѐ повеќе заличува на Телеком. Се сеќавам на еден осврт за тоа каде згрешил HP (можеби беше од Сет Годин, не знам). Вели, HP згреши со тоа што сакаше да се натпреварува со Dell во продажбата на ефтини компјутери. Вели, не можеш да го победиш Dell со тоа што и ти ќе станеш како него.

Ете. Он.нет не може да го победи Телеком ако стане ист како Телеком. Он.нет беше познат по тоа што им излегуваше во пресрет на корисниците кога Телеком не можеше или не сакаше да го стори тоа (уште од времето на првиот ефтин dial-up). Се чини дека сега тоа за компанијата е минато. Сега се само уште еден телеком.

Но, зошто тогаш да ги одберам нив, кога тука е стариот добар Телеком?

Мара/Сад

Tags: 

Две униформирани лица од службата за обезбедување, што ја има ангажирано Македонскиот народен театар, ја пречекуваат публиката на влезот во театарот. Се трудат да направат ред уште на влезот. Публиката почнува да влегува во салата. Џагорот во гледалиштето не престанува и по 20:00 часот, а музиката свири во позадина. Доаѓа редарот и ја потсетува публиката дека претставата треба да започне. Тоа е дел од претставата, вели. Потивко.

Од влезот за гледалиштето влегуваат и актерите. Тие се во ред што го одржуваат четири униформирани редари. Еден од актерите ѝ се обраќа на публиката дека сега ќе започне претставата што ја подготвиле пациентите од душевната болница, но вели тој, не очекувајте премногу, бидејќи сепак станува збор за душевни болни. Но, претставата всушност е започната?

Претстава во претстава во претстава во претстава во претстава...?

Каде започнува театарот? Можеби уште на влезот!

А што може да се очекува од публиката?!

Плагијат на конкурс, злоупотреба на creative commons или случајност?

Tags: 

Денес бев во Мала станица и таму видов постер за некое си биенале за млади уметници. Го запишав url-то од постерот за да видам за што се работи. На страницата видов дека имале конкурс за лого. Првиот услов на конкурсот бил идејното решение да биде оригинално и досега неупотребувано.

И победникот е:

лого биенале

Но, ако добро се сеќавате, имавме нешто слично за сподели:

сподели од гоце

Да не судам пред рака, ќе им го пратам ова на луѓето од организацијата што го прави биеналето. Одговорот, ако го добијам, исто така ќе го има тука.

Страници