Submitted by Новица on
Tags:
Видеото на Рибаро (Youtube, Окно), базирано на бројки кои чинам ги извадил Жарко, ме потсети на еден параграф од книгата „Милијардата на дното“ што некако го заборавив/испуштив при претходните коментари од и за книгата и Македонија. Сега еве го во целост, преведен.
(...)
Корупцијата има свои епицентри. Почнав фокусирајќи се на нашите банки, каде што се складира најголем дел од пленот. Помеѓу компаниите кои плаќаат мито, два сектора се истакнуваат: екстракција на природни ресурси и градежништво. Подоцна ќе се навратам на прашањето за природните ресурси - тоа веќе јавно признаено како проблем барем од почетокот на Иницијативата за транспарентност во екстрактивните индустрии започната од британскиот премиер Тони Блер во 2002. За споредба, корупцијата во градежништвото е валкана тајна. Транспаренси интернешнл одлучи да го истакне овој проблем посветувајќи му го на овој сектор Глобалниот извештај за корупција за 2005. Градежништвото ги има сите состојки што се подлежни на корупција: секој проект се прави само еднаш и не може лесно да му се одреди единствена цена. Има толку многу несигурности при спроведувањето, што не е можно да се создаде она што економистите го нарекуваат „комплетен договор“. Како резултат на ова, лесно е да се избегне дисциплината што инаку би била наметната од јавното наддавање. Корумпирана градежна компанија се договара со државен службеник да го добие тендерот по вештачки ниска цена, но потоа се прави нов договор за деталите што се појавуваат за време на изградбата. Еден мој пријател беше министер за финансии во Еритреја во времето кога таа беше една од најмалку корумпираните земји од милијардата на дното. И покрај тоа, тој сфати дека нема да може да ја сопре корупцијата во градежните проекти, и дека тоа би го поткопало управувањето на државата многу пошироко. Неговото драстично решение беше да го минимизира трошењето на градење, ставајќи вето на проектите таму каде што можеше. Тој не беше наивен. Сега има кредибилитетни студии за некои земји кои проценуваат колку корупцијата во градежништвото ги подига трошоците на инфраструктурата и со тоа го намалува растот. Овие ефекти се големи.
(...)
Дополнето: Врски до претходни записи за „Милијардата од дното“.
Стапица на лошо управување во мала земја;
Стапица на континентална држава;
Стапица на конфликт;
Стапиците и Македонија.
2 Comments
би било добро да ставиш
Submitted by Анонимен корисник (не е верификувано) on
би било добро да ставиш линкови кон претходните постови што ги споменуваш за книгата - за да може посетители што ти доаѓаат првпат на блогот директно во постов, на пример преку Пинг.мк да се снајдат, а претходно да го избришеш овој коментар...
Ќе додадам линкови.
Submitted by Новица on
Ќе додадам линкови. Благодарам за совет. Коментари не бришам. Извини. :)