Submitted by Новица on
Tags:
Стапица на конфликт е веројатно најконтроверзната за Македонија. Во Македонија имаше конфликт, но не знам која е неговата конечна класификација. Книгата ја третира граѓанската војна и воениот удар, па можеби ќе биде најтешко тука да се повлечат паралели.
Но сите конфликти имаат нешто заедничко - оружјето. Наследството што го оставаат, покрај изгубените човечки животи и разрушената економија, е голема количина на оружје. Истражувањата на Колиер велат дека политичкиот мир не го купува општествениот мир. Крајот на политичката битка предизвикува убиства и друг насилен криминал. Дали е тоа така за Македонија?
Според податоците на Википедија, во Македонија е забележан пораст на убиствата во периодот 2001 - 2004. Потоа следи опаѓање и за неколку години нема податоци, но во 2010 има 2.01 убиства на 100.000 жители што е помалку од 2001 година. Типичната постконфликтна земја има 50-50 шанса да ја преживее првата декада во мир, наместо да се врати во конфликт. На Македонија ѝ останува уште една година. Можеби статистичките податоци за убиствата се добар показател дека државата оди во мирни води.
Пред да продолжам понатаму, истражувањата велат дека склоноста кон конфликт зависи од три фактори: низок доход, бавен раст и зависност од природни ресурси. Еден податок кој сосема добро ја илустрира Македонија е дека сѐ уште го нема достигнато БДП од 1990 г. Од југословенските републики тоа го имаат направено само Словенија и Хрватска конечно во 2003 г.
Не сум сигурен до која мера во контекст на конфликтот да ги разгледувам инстументите кои можат да помогнат да се излезе од секоја стапица. Такви се четири: финансиска помош, воена интервенција, закони и организации и трговска политика. Македонија речиси една деценија живее мирно. Ако првата деценија е таа што се брои за избегнување на стапицата на конфликт, тогаш можеби можеме да се насочиме кон другите прашања. Но ако нешто тргне на лошо, тогаш на кратко финансиската помош може малку да помогне веднаш по конфликтот, воената интервенција може многу да помогне ако е добро изведена (види Сиера Леоне vs. Сомалија), организации за постконфликтни ситуации можат да бидат од помош за координирање на меѓународната заедница на пример за донаторите, и трговија... тешко трговија после сериозен конфликт.
Последната работа што не можам да ја најдам е воениот буџет на Македонија. Википедија има податок дека тој моментално е 204 милиони долари. Колиер вели дека истражувањата укажуваат на потреба за намалување на воениот буџет по конфликтот. Каков бил македонскиот воен буџет во 2000 или 2001 г. не можам да најдам.
Види и: Стапиците и Македонија
5 Comments
2.1 убиства на глава на
Submitted by Јанко (not verified) on
2.1 убиства на глава на жител? Лапсус?
Да грешка. Фала за
Submitted by Новица on
Да грешка. Фала за забелешката. Изгледа податоците се за 100.000 жители.
Висината на воениот буџет по
Submitted by Филип Стојановски (not verified) on
Висината на воениот буџет по 2001 година е во функција на приклучувањето кон НАТО. Од минатиот декември имаш изјава од Коњановски дека нема да го намалувале...
PS
Користи еуфимизам буџет за одбрана... macedonia defense budget.
Реченицата во постскриптумот
Submitted by Филип Стојановски (not verified) on
Реченицата во постскриптумот ми е некомплетна, треба да стои: „При пребарување, користи еуфемизам...“ - не дека се обидувам да го ’коригирам‘ твоето пишување... %-)
Нема гајле... инаку интересна
Submitted by Новица on
Нема гајле... инаку интересна е таа разлика меѓу одбранбен и воен буџет. Можеби треба да ги видиме податоците на што се трошат парите за да видиме дали е навистина одбранбен или не е. :)