„Аце Слеш“ на Фросина Наумовска

Tags: 

Многу ми е мило кога луѓето што ги познавам успеаваат да се пробијат во тоа што го работат.

Затоа сакам вака јавно да ѝ честитам на Фросина за успесите што ги бележи нејзиниот документарен филм „Аце Слеш“: награда на фестивалот Манаки и на фестивалот на независен филм во Њу Јорк.

Филмот е за кумановецот Аце Слеш, кој ја раскажува својата (неуспешна) приказна. Краток трејлер од филмот има на East Silver. (Патем таму има некоја грешка во објавените информации за филмот.)

Со Фросина се запознав за време на мојот краток престој на ФДУ, а потоа почавме да работиме на еден заеднички проект (кому му е потребна финансиска помош за да се комплетира).

Покрај тоа што режира документарни филмови, Фросина режира во кумановскиот театар и пишува поезија. Ако сакате да прочитате нешто повеќе за неа, земете го неделникот „Глобус“ што ќе излезе на 28 октомври (во вторник).

2 Comments

Браво, честитки за Фросина!

Браво, честитки за Фросина! Многу интeресно звучи филмчето.

А, главниот протагонист како

А, главниот протагонист како се чуствува... ...откако се "прослави"?