Германски филмови, гостувања надвор од Скопје

Tags: 

Деновиве во тек е 5 фестивал на новиот германски филм. Како и обично, филмовите се прикажуваат во кино „Фросина“. И, како и обично, некои филмови гостуваат во други градови. Оваа година во Прилеп, Битола, Штип и Тетово.

Она што ми падна во очи е дека на програмата во другите градови има кратки филмови и само еден долгометражен филм „Групацијата Бадер-Мајхоф“. Филмот е за терористичката група Бадер-Мајнхов, подоцна позната како РАФ. Истиот филм во сите градови. Живо ме интересира зошто изборот паднал на овој филм, а не на некој друг (на програмата во Скопје има и документарни филмови, но и играни со некоја друга тема).

Според Википедија филмот е критикуван како филм кој го прави тероризмот да изгледа атрактивно, но и со нагласок дека во тоа време имал своевидна привлечност. Истовремено, и покрај митологизацијата, за повеќето германци денес главните ликови пред сѐ се губитници.

Има ли тука некоја порака за македонската јавност?