July 2008

За Spook Country и Гибсон

Tags: 

Ми се чини дека Вилијам Гибсон е единствениот писател кој го следам во континуитет. До сега единствено не сум успеал да ја прочитам Virtual Light и тоа по неколку обиди. Ова главно се должи на тешкотијата што ја имам во фаќање на ритамот на неговите книги. Сите започнуваат некако растргнато на сите страни, а приказната не се насетува на почетокот. Можеби ова најдобро се гледа (хм, чита) на All Tomorrow's Parties.

Од друга страна токму и таа тешкотија ми го прави читањето поинтересно. По почетното фаќање на ритамот, шетањето низ светот што го создава Гибсон е интересно и кон тоа голем придонес има чувството дека не знаете каде точно одите и каде ќе стигнете. На крај она што го скратува доживувањето и уживањето е речиси инстантниот, дури на некој начин и театарски, расплет.

Мислам дека и Spook Country, најновата книга на Вилијам Гибсон, ги има овие карактеристики. Иако некои рецензии не ја сметаат за полнокрвен роман (има помал број на страници од неговите други книги), искуството кое таа го пружа е возбудливо.

Сместена во денешно време, на локации кои, ако ништо друго, ги знаеме од телевизија и со теми што секако се дел од секојдневната доза на вести, книгата раскажува приказна за една голема шега (prank?) и како таа го менува животот на неколкуте протагонисти.

Истовремено ги допира прашањата на новото време, како на пример, приватноста во контекст на постојаниот развој на технологиите, новите политички реалности во глобалниот свет и сѐ поголемото влијание на новите индустрии во него.

Гибсон како да сака да каже дека сѐ што е во книгата се случува и денес, но скриено е зад невидливата завеса на медиумите, соопштенијата за јавност, конференциите за печат, рекламите, кампањите...

Но, како некаков препознатлив знак во делата на Гибсон, во книгата се чувствува и препознавање на моќта што новите технологии уште денес му ја даваат на малиот човек - омилениот лик на Гибсон.

Можеби сѐ уште имаме шанса да ѕирнеме зад завесата...

Блог запис бр. 343 и мигрирање на друга платформа?

Tags: 

Пред некој ден со Игор паднавме на муабет за DotClear - потенцијално најдобриот софтвер за блог и сл., само што е на француски... :)

Така решив да проверам до кај е развојот на ова стинат и изненадувачки последниот rc кандидат за верзијата 2 има можност за увоз од rss/atom.

Увозот беше успешен во ситуација кога има само еден запис кој доаѓа на atom-от од ова место, но кога го поместувам на сите 342 ми вика дека нема содржина за увоз.

За малку. :)

спика - хрватско-веб2.0 место и идеја за негова употреба

Tags: 

Не видов никој до сега во македонскиот блогосвет да пише нешто за спика.

За оние кои се прашуваат како може да се користи, еве една идеја:

Коментирање на блогови кои немаат можност за коментари (како овој мојов блог).

Правите тема, и си пишувате. :)

Пример: блог коментари и спика.

Уште интересни моменти од Спук Кантри на Гибсон

Tags: 

“A nation,” he heard himself say, “consists of its laws. A nation does not consist of its situation at a given time. If an individual’s morals are situational, that individual is without morals. If a nation’s laws are situational, that nation has no laws, and soon isn’t a nation.”

He opened his eyes and confirmed Brownthere, his partially disassembled pistol in his hand. The cleaning, lubrication, and examination of the gun’s inner workings was ritual, conducted every few nights, though as far as Milgrim knew, Brown hadn’t fired the gun since they’d been together.

“What did you say?”

“Are you really so scared of terrorists that you’ll dismantle the structures that made America what it is?”

Milgrim heard himself ask this with a sense of deep wonder. He was saying these things without consciously having thought them, or at least not in such succinct terms, and they seemed inarguable.

“The fuck—”

“If you are, you let the terrorist win. Because that is exactly, specifically, his goal, his only goal: to frighten you into surrendering the rule of law. That’s why they call him ‘terrorist.’ He uses terrifying threats to induce you to degrade your own society.”

Brown opened his mouth. Closed it.

“It’s based on the same glitch in human psychology that allows people to believe they can win the lottery.Statistically, almost nobody ever wins the lottery. Statistically, terrorist attacks almost never happen.”

Ако некој го сака PDF-то...

Музичката индустрија преку перото на Гибсон

Tags: 

„Во почетокот на 1920-тите“ - рече Бигент*, „во оваа земја се уште имаше луѓе кои немаа чуено снимена музика. Не многу, но имаше. Тоа е пред помалку од 100 години. Твојата кариера како 'recording artist'“ - правејќи наводници со рацете, „беше на крајот на технолошкиот прозорец кој траеше помалку од 100 години, прозорец за чие времетраење потрошувачите на снимена музика немаа средства да го произведуваат тоа што го конзумираа. Можеа само да ги купуваат снимките, но не можеа да ги репродуцираат. The Curfew** се појави кога тој монопол на средствата за производство почна да еродира. Пред тој монопол, музичарите беа плаќани за изведба на музиката, издаваа и продаваа ноти, или имаа патрони. Поп цвездата, каква ја знаеме“ - и тука се поклони, кратко, во нејзин правец, „беше всушност артефакт произведен од премногу присутните (масовни) медиуми.“

* Бигент е магнат од рекламната индустрија кој се појавува во последните две книги на Гибсон. Во последната книга за него Гибсон има напишано и Википедиска статија.

** The Curfew е бенд од последната книга на Гибсон.

Овој исечок е еден не претерано добар превод од Spook Country на Вилијам Гибсон. :)

Република Конфликт на интереси

Tags: 

Неколку дена пред да заврши рокот за тенедерот за локализација за слободен софтвер за училиштата кој го организира PEP заедно со USAID и Министерството за образование и наука на Р. Македонија, Слободен софтвер Македонија се обрати до проектот со цел да ги пренесе своите забелешки во врска со тендерот и да објасни како тоа може негативно да влијае на пошироката заедница на слободен софтвер во Р. Македонија.

Барањето за средба со претставниците на PEP беше одбиено од нивна страна бидејќи тендерската процедура била во тек и претставувало конфликт на интереси да се состануваат со потенцијален учесник на тендерот, а како таков ја препознале Слободен софтвер Македонија.

Денес, според речиси официјалните информации, дознавам дека друштвото „Генреп“ го добило тендерот. Затоа сметам дека потребно да прибелeжам дека еден од водечките луѓе на оваа компанија, Климент Симончев е истиот човек кој ја има пишувано Kонцептуалната стратегија за употреба на софтвер со отворен код во училиштата (изработена исто така во соработка со USAID и МОН), во која се наоѓаат многу програми кои тој ги препорачува за употреба во училиштата, а кои пак се исто така дел од тендерот кој го распиша PEP.

Приказни од ЈСП

Tags: 

„Државна“ 22-ка. Се качувам, а зад мене се врткаат двајца тинејџери - Роми по етничка припадност. Конечно едниот го прашува шоферот дали можеле да се повозат една станица. Возачот им дозволува, коментирајќи - имате пари за цигари, ама не за автобус. Неволно ама загрижено...

Веќе на следната станица етнички Македонец - тинејџер пристапува до вратата на автобусот со истото барање. Возачот овој пат не покажува никакво разбирање. Момчето понижено останува на автобуската станица.

Кога, две станици подолу, во автобусот влегува 3 члена контрола на ЈСП. Во истиот момент си помислувам дали е можно, возачот знаејќи за контролата, да ги намести едните, а да го спаси другиот. Се вртам кон едното дете и гледам како наеднаш му се менува расположението - и тој гледа дека влегува контрола.

Едниот контролор стигнува до него. Му бара карта. Детето одговара дека нема, дека само една станица се вози. Контролорот му објаснува дека ако е таква работата тогаш треба да се пријави кај возачот. Детото одговара дека токму тоа и го направило. Возачот, по мала проверка на идентитетот, ја потврдува приказната на детето.

Во моментот пред да го пуштат да си оди, од задниот дел на автобусот се слуша: - „Оставете го ајде, празник е денес. Љубе го ослободија“. На ова, еден од контролорите кој беше Албанец, коментира нешто на албански, детето слободно истрчува од автобус.

Јас се симнувам на следната станица. Се прашувам дали приказнава ќе имаше некакво поинакво значење ако не се знаеше етничката припадност на граѓаните вклучени во неа?

Други приказни од ЈСП.

Бирајќи ги фактите...

Tags: 

Сакав да пишувам за тоа дека нема поента во вторник во весник да се појави текст за финалето на Вимблдон што било во недела (и плус во живо на Телма). Мислам, кој ќе го чита тоа?

Но, потоа вниманието ми отиде на веста за најмалдите светски лидери (ја има на кајмакот), што беше на некој начин пренесена во два дневни весници: Вест (вчера) и Утрински (денес).

И додека Вест го превел целиот текст од Foreign Policy, трински одлучиле да напишат свој коментар за младоста на македонските политичари. Она што е интересно е што во набројувањето на другите политички младичи од светот заборавиле да кажат дека во истражувањето на FP покрај политичари од Свазиленд и Того, го има Медведев, а повод за самиот текст е тоа што Обама е исто така млад кога станува збор за политиката.

Некој коментатор на сторијата навел и дека млади премиери имало во Норвешка и Шведска...

П.С. Не знам зошто не напишале колку години имаат водечките албански политичари во Македонија.