July 2007

Гатанка за коментирање

Tags: 

Повеќе пати ми се има случено да сакам да оставам коментар некаде и да бидам соочен со предизвик да прочитам некои прешкртани или матни букви за да можам да го пратам коментарот - и да не успеам да ја погодам точната комбинација (и тоа неколку пати по ред) по што се откажувам од коментирањето.

Размислувам ако некогаш го напуштам овој софтвер за блогирање на новиот да ставам гатанка за проверка на тоа дали коментаторот е човек или машина. И да најдам неколку заебани, да не може да се насетува решението.

Патем, прогуглав за „гатанка“. Нема некои македонски страници со ваква содржина, а сигурно има некоја печатена збирка на гатанки. :)

Републиката во пламен

Tags: 

Не знам веќе:

  • дали да ми биде смешно што веќе со години ниедна служба во државава не е спремна да ја заврши работата (сетете се на службите за снег кои секоја зима - освен оваа - беа изненадени кога ќе паднеше снег во декември/јануари) и тоа се повторува со пожариве;
  • дали да бидам загрижен што медиумите во Македонија (конечно после долгогодишно гледање на cnn вести) научија да прават сензација, да профитираат на несреќата и да шират паника;
  • дали да се чудам на тоа како јавните претпријатија самите си ги поткопуваат напорите за штедење на вода: кога комунална хигиена собира ѓубре (барем по мојата улица) прави депонија - пола од ѓубрето во камион, пола на улица, и тоа така смелено и смрдливо. Тогаш луѓето го прават она што им доаѓа природно. Го земаат цревото и прскаат за да го соберат и зачистат ѓубрето. Потоа улицата едно пет минути изгледа како ноемвриски дожд да се истурил на нејзе (Водовод извини!);
  • дали да бидам немоќно изнервиран од ситуацијата во која сиромашниот југ најмногу го јаде од глобалното затоплување кое воглавно го предизвикува развиениот север и која е маѓепсан круг бидејќи северов продолжува по старата пракса (добро и Кина);
  • или дали да барам информации како се купува имот на Гренланд или нешто слично.

А да, Републиката во пламен. Баш некако пригодно пред Илинденските празници. :)

Модерна митологија: Интернет

Tags: 

Само што го открив универзумот на Џонатан Харис.

Немам време да пишувам. Интересно е ова. Одам да си играм.

Update: http://www.spore.com/ - супер! :)

Update2: http://www.galaxiki.org/ - вики галаксија.

Цензура на Интернет?

Tags: 

Пред пар години бев на еден состанок во OSCE со Кристијан Молер од http://osce.org/fom. Човекот си замина среќен од тој состанок бидејќи повеќе луѓе со своја историја на Интернет, секој на свој начин, кажаa дека во Македонија нема цензура на Интернет.

Дали такво нешто сега е на повидок?

Не верувам дека било која Влада може да се брчка така лесно во така осетливи прашања кои постојано се под будното око на повеќе меѓународни организации. Но, ми се чини дека ова често е еден од главните проблеми во македонската граѓанска свест. Штом некој друг пази, ние ќе се опуштиме. Ова можеби фунцкионира за некои работи, но секако ако сами не се грижиме за сопствената слобода тешко дека на другите ќе им биде многу важно тоа.

Ако сте навистина загрижени за можните импликации од текстот објавен во „Време“, напишете ги своите реакции до „Време“. E-mail пораки и записи на блог не се доволни. Напишете писма на хартија и испратете ги. Напишете доволно писма и тоа порано или подоцна ќе произведе резултати.

А, што да се прави со авто-цензурата? Штета што блогот на мечето Ушко не е под некоја слободна (или неслободна, но CC) лиценца. Така ќе можевме лесно да го спасиме од самоуништување.

Поврзана лектира: http://www.eff.org/br/.

Интервју со Вилијам Гибсон

Tags: 

Одлично интервју со Вилијам Гибсон: врска.

Извадок:

Well, in a sense, although I think when I started, one of the assumptions that I had was that science fiction is necessarily always about the day in which it was written. And that was my conviction from having read a lot of old science fiction. 19th century science fiction obviously expresses all of the concerns and the neuroses of the 19th century and science fiction from the 1940's is the 1940's. George Orwell's 1984 is really 1948, the year in which he wrote it. It can't be about the future. It's about where the person who wrote it thought their present was, because you can't envision a future without having some sort of conviction, whether you express it or not in the text, about where your present is.

Едвај чекам да ја набавам Spook Country.

Код и закон и слободна култура

Tags: 

Изминативе 2 месеца прочитав 2 книги. Ги прочитав „Код(от) и други закони на киберпросторот“ верзија 1 и „Слободна култура“ двете од Лоренс Лесиг.

Одлични книги за секој што го интересираат темите поврзани со Интернет, технологиите, културата, авторските права итн. Иако во најголема мера зборуваат за САД и ситуацијата таму, ми се чини дека поголем дел од анализите се валидни за секоја држава во светот посебно поради тоа што Интернетот и технологијата околу него се такви какви што се и имаат влијание насекаде.

Книгиве веќе некое време се дел од библиотеката на Слободен софтвер Македонија, па можете да ги побарате ако сакате.

Волшебник за КК лиценци на македонски јазик

Tags: 

Абе вода стои, ние од слободен софтвер не стоиме. :)

Ми требаше нешто мене овој волшебников. Знаев дека сум го видел некаде, ама сум го изгубил ли обележувачот... што ли веќе.

И после долга претрага го најдов, а сега го има и на македонски благодарение на Марко и Александар.

Повелете, видете за што се работи: http://cclw.lugola.net.

Update: http://www.cclw.lugola.net - треба и www во врската. Не знам зошто.

Update2: Сега е ок со двете URL-а.

Зелено: Космофон штеди хартија

Tags: 

Откако се ребрендира со зелени бои, Космофон можеби ќе стане и зелена компанија. Денеска ми стигна сметката со значително помалку хартија отколку минатите месеци. Извештаите почнале да ги печатат двострано што значи 3-4 листа хартија помалку за секоја сметка.

Не знам колку дрва се спасуваат со ова, но некако ми се допаѓа гестот.

Патем, се уште се буљаши за други работи.

Можеби интересно за оние кои се занимваат со род, пол, дискриминација и сл.?

Tags: 

Во Дал Мет Фу ресторанот, кој се наоѓа на плоштадот Македонија во Скопје, ставиле апарат за кондоми.

Апаратот е ставен во машкиот тоалет. Прашањето е: зошто не во заедничкиот простор на тоалетите или пак ако има во машкиот зошто нема и во женскиот?

:)

Коментар од Даниела: Сега по маил да исконемтирам. Мислам дека насекаде во градските кафулиња има ставено апарат за кондоми и тоа во женските тоалети. Сега прво ми текнува на Дел торос, Бастион и сл.

Не знам дали оваа идеја со апаратите со кондоми е дел од натпреварот за бизнис план. Мислам дека типот со ваква идеја влезе во финале. Дали знаеш која фирма ја нуди таа услуга?

Јас не знам која фирма ја нуди таа услуга.

Радио пренос на ТВ

Tags: 

Ручам денеска и во позадина слушам пренос од финалето на Вимблдон на Телма. Од време на време се вртам да видам што се случува и после неколку пати сфаќам дека исто ми се фаќа.

Коментаторот цело време раскажува што се случува на теренот - па не морам да погледнувам воопшто. Ова е дефинитивно глупаво бидејќи ако гледам во телевизорот ќе видам дека „Федерер удрил одлично со форхендот“. Тоа се гледа на ТВ. Тоа не треба да го чујам од ТВ коментаторот. Тоа е за на радио.

Никогаш не сум чул како странски (англиски) коментатор коментира тенис, ама сум ги чул разликите, на пример, во коментирање на фудбал и скијање помеѓу нашите и страниците. Нашите општо земено не ги бива. Штета.

Кучиња и мачки според авторот на мојот софтвер за блогирање

Tags: 

Пак еден блог запис ме потсети на нешто (овој пат прилично постаро). Би напишала нешто за луѓето, кучињата и мачките.

Пол (еден австралијанец кој што го има напишано aether - софтверов на кој што работи мојот блог, кој што, како што знаете, воопшто не е модерен, нема коментари, трекбек, линкбек, гласање и сл.) во свој текст од пред 2-3 години пишува за луѓето, психологијата, хиерархијата меѓу луѓето и каква врска има сето тоа со кучињата и мачките.

Ви ветувам интересен текст. Прочитајте.

Македонија во nettime-l

Tags: 

Текстот на Гудбајтс Специјален извештај на Financial Times за Македонија ме потсети на еден скорешен текст на Иво Шкориќ (забелешка: не знам кој/што точно е Иво Шкориќ, но ми се чини дека откако следам nettime (веќе 8-9 години), тој речиси цело време пишува за Балканот и сл.) во кој тој зборува за Македонија.

Текстот: New Business Heaven in Europe.

Бојкот за пазарите

Tags: 

Денеска поголем дел од патот акав пешки кон работа. Кога стигнав таму ми кажаа дека блокадите биле затоа што пазарџиите не сакале да стават фискални каси.

Не ги знам деталите (update: ги знам деталите, ги најдов сите вести на http://najdi.org.mk ама ме мрзи да блогирам за тоа), не знам кој е во право, ама преку глава ми е од тоа 15 луѓе да се соберат и да го блокираат цел град за што и да е.

Мислам дека треба да им вратиме. Бојкотирајте ги пазарите. Како што пазарџиите не ни даваат да стигнеме на работа, така ние треба да направиме тие да немаат работа. Купувајте во Веро, Рамстор, Тинекс и сл. Јас денес купив домати од продавница.

П.С. До Владата или кој и да е задолжен за фискализацијата: не им попуштајте!

П.П.С. Кај и да е и зеленчукот од бавча ќе ми созрее. :)