Submitted by Новица on
Tags:
Дополнето: Септември 2012. Се чини токму таква идеја како што се предлага во текстов е реализирана од страна на македонска команија: Македонскиот Ambio.me е финалист на WebFest, има шанса да оди на ТеchCrunch Disrupt.
Пред (околу) две недели веста за дигиталните изданија на македонските весници одекна во јавноста (и на интернет, пример: За претплатата на Вест и дигиталните изданија на Дневник и Утрински). Се разбира, нема што многу да се каже на примерот на „Вест“. Тоа е технолошки ќор-сокак, комплетно несоодветен со интернетската инфраструктура и идеја воопшто.
Но, сѐ не е загубено.
Замислете весник што ќе продава пред сѐ електронска претплата. Да, како „Вест“, но со веб-страница што ќе изгледа современо (модерно), по сите најнови технолошки нишани (html5, permalinks, location aware, разни интеграции и сл.), апликација за мобилните уреди што ќе наликува на Google+ или Facebook, постојано освежувани содржини со дневник на промени, врски до подолгите извори во странство и многу, многу локална содржина. И замислете исто така многу локални реклами. На пример, кога ќе го отворите весникот од мобилниот уред, а сте на пат во Охрид, покрај текстот што ги читате да се појави дискретна реклама за локалниот ресторан (бидејќи мобилниот уред знае каде сте и знае колку е часот - дали е ручек време на пример). Замислете и дека дневно на sms добивате QR код (или слично) со кој во трафиката можете да земете печатено издание, бесплатно, ако баш сакате да го имате тој број засекогаш, на хартија.
Секако, ова не звучи како нешто што би можел да го направи некој печатен медиум. Попрво би рекол дека некој како Тime.mk ќе успее да ја склопи инфраструктурата на интернет и потоа ќе направи договор со некој весник за последниот чекор (локалната содржина) во имплементацијата.
Уште повеќе што идејава гледа со двете очи кон иднината (нови генерации - публика што не е носталгична кон хартија, нови технологии - мобилен интернет и уреди, постојана достапност и постојани вести), а би рекол дека денешниве наши весници повеќе мислат како да продадат копија повеќе на пензионерите (и сега како „Вест“ на дијаспората).
Да завршам со најчестата аналогија која се користи за судирот меѓу стариот бизнис и новите технологии (веројатно на Сет Годин), за тоа дека бројот на железнички компании во авионскиот превоз е нула, бидејќи железничките компании мислеле дека се во железничкиот бизнис, а не во транспортниот бизнис.
Па ако често не сме во бизнисот во кој што мислиме дека сме, тогаш треба почесто да се прашаме во кој точно бизнис сме. Ова не може да не важи и за медиумите.
4 Comments
Пред само два дена многу
Submitted by Дарко Булдиоски (not verified) on
Пред само два дена многу слична изјава дадов за Зевзекманија. Можеби малку поопширна и не го допрев делот со паметно таргетираните рекалми, но многу сличен став и гледање на работите.
Утре (сабота) би требало да се емитува премиерно на Канал5 околу 19, не знам точно....
Во Европа се луди по
Submitted by Александар Бала... (not verified) on
Во Европа се луди по имплементирање на идеја за каква шо збораш. Ги користат PDF-ата шо се користат за печатење (нешто по-оптимизирани, да не се 140mb) за прикажување на истата содржина на Таблети (iPad/Android). Содржината ја држат во online Kiosk и секој број си чини шо знам .. 1-5 долари. Нема реклами. Проблемот е шо овај начин на плаќање кај нас е уште табу. Можда покрупните зделки не, али микро-плаќањето мислам дека ќе треба уште малку време да помини за да стани прифатлив начин за плаќање. Од друга страна ги имаш Групер и Колектива кои колку-толку помогнаа да се навикнат луѓето да користат кредитни/дебитни картици за онлајн набавки. Исто, според мене, проблем е стандардот. Колку таблети има во Македонија? не се повеќе од 100 се кладам. :) А читањето на ваква содржина на мобилен (телефон) можи да е pain in the ass. Позз!
Kolku samo bi se zastedilo i
Submitted by Kinj0 (not verified) on
Kolku samo bi se zastedilo i na hartija i ja energija koga bi koristele elektronski verzii na mediumite. Utrinskoto kafe go pies so vekje downloadiran posleden broj na vesnikot...ili.go simnjvash dodeka patuvash. Ubavo napisano prijatele, da se nadevame deka ke uspee da otvori necii oci.
Не ми е јасно, зар не сте си
Submitted by Анонимен корисник (not verified) on
Не ми е јасно, зар не сте си го симнале новиот newstand na ipad за os5.
Си стануваш сабајле весникот си е симнат веќе и те чека.
Во моментот ја си го читам Гардијан мада и Метро не е лош.
Иначе друго е прашањето за квалитетот на содржината на македонските весници.
Дали вреди да плаќаш за copy paste. Колку оргинална содржина имаат?