Submitted by Новица on
Tags:
Подолго време off.net.mk е на тапет дека не објавува доволно вести за активистичките активности што се случуваат во Македонија, а од скоро дел од критиките се насочија и кон newmadia.mk (поради учеството на Драган Павловиќ Латас на нивната конференција) и blogirame.mk (поради сплетот на околности што доведе до тоа 2 дена по големите студентски протести каде што имаше прекин на мрежата на TMobile, истата команија да дели награди на нивниот настан).
Ваквите „повици за правда“ се беспредметни.
Сите овие (и други) профитни компании (или профитни проекти) немаат мисија да застапуваат никакви општествено значајни прашања (кои и да биле тие), туку имаат мисија да прават профит (некои го прават тоа повеќе или помалку успешно од другите — на пример во случајот на blogirame.mk тоа е само зголемување на видливоста на брендот).
Оттука, воопшто не разбирам зошто да им се поставуваат повисоки барања на овие ентитети одошто на пример им се поставуваат на било кои други фирми (па дури и во пред интернет времето). Единственото објаснување што го гледам е дека овие три или уште неколку други се поврзани со луѓе кои се релативно познати / достапни за комуникација онлајн, па оттука се чини згодно да бидат пингани за сешто.
Залудно е сето тоа, па за сите што мислат дека сепак јавниот простор треба да биде простор за дебата, мало навраќање на Џејкоб Апелбаум и Дмитри Клајнер (Република 2012„Кога зборуваме за права, зборуваме за права во јавниот парк. Но нашиот друштвен простор веќе не е јавниот парк, туку е трговскиот центар каде службата за обезбедување има апсолутна и тотална моќ“.
Приватните ентитети не се јавен парк. Тоа важи и за интернет.