Читање: долги реченици, сложени зборови... м?

Tags: 

Моментално ја читам „Халуцинирајќи го Фуко“ од Патриција Данкер: Амазон. Ми останаа уште 20-тина страници (од 180+), а ја читам од вчера. Добра книга. И само што заклучив дека секогаш добрите книги некако испливуваат на површина, дури и ако човек не ги бара.

Исто е и со интересните текстови на Интернет. Пред некое време го следев блогот на Стив Џонсон: врска, но во едно чистење на Google Reader го тргнав. Слично го тргнав и блогот на Сет Годин (погледајте): врска. Сепак, пред пар недели му се вратив на Годин откако неколку негови интересни текстови се појавија на други места. Испливаа некако од вообичаениот интернет шум.

Tака (некако) сега од кај него исплива и интересен текст на Стивен Џонсон: врска. Станува збор опис на нов сервис на Амазон кој овозможува да видите како пишуваат авторите чии книги се продаваат таму и некои импликации од тоа. (Веројатно сега работи само за англиски јазик.) Стивен склопил табела за посликовито да може да се види како некои автори пишуваат според просечниот број на зборови во реченица и сложените зборови.

И ете го таму Фуко. Како еден од авторите кои Џонсон ги читал во своите студентски дни тој се рангира високо. Годин и Гледвел се близу и ниско. Стивен Џонсон заклучува дека разликата меѓу неговиот моментален тираж и 10 милиони се неговите 6.5 зборови по реченица повеќе од Гледвел. :-)

Одлучив да проверам како стои Патриција Данкер со својот Фуко по ова прашање. Амазон вели 10,5 зборови по реченица во просек и 10% сложени зборови. Не знам колкав тираж има таа, но со оваа книга пониско од сите други на табелата на Стивен.

Се разбира, не можам да проверам дали ова е точно за босанско-српско-хрватскиот превод, но тоа нема да ме спречи вечерва да ги дочитам останатите 20-тина страници.