Submitted by Новица on
Tags:
Ова се вестите: Македонија последна во региониот според Индексот за човечки развој.
Она што може да го научиме од вестите е дека земјава имала пад апсолутно во однос на лани и релативно во однос на соседните земји.
Она што недостасува е објаснување што е индексот за човечки развој, па еве го од текстот што се користеше на Економскиот факултет:
HDI опфаќа три аспекти на економскиот и општествениот развој:
1. Индикатори од областа на здравјето и долговечноста кои се пресметуваат врз основа на очекување на траење на животот.
2. Индикатори од областа на образованието каде основни елементи се писменост и просечен број на години на школување.
3. Индикатори за пристапот до ресурсите; БДП по глава жител мерен со куповна сила на националната валута во долари.
При конструирањето на HDI се трга од претпоставката за полидимензионалност на развојот. Негови димензии се: економската, социјалната, политичката, културната, еколошката, духовната и др.
Со други зборови за да паднеш на скалата на HDI, меѓу другото, треба да има пад во индикатори за здравјето, образованието и економскиот раст и развој.
3 Comments
Со трети зборови,
Submitted by Gorco (not verified) on
Со трети зборови, критериумите, мерилата и веродостојноста на податоците во статистиката, некој независен треба да има можност да ги провери, но во случај на гео-политичка организација која ја изведува анализата, како во случајот UNDP (или WB и IMF) тоа не е изводливо. Дури и хипотетички да е можно, на кого му е важна таа информација во донесување на бизнис одлуки? Или поедноставено, кои бизниси зависат од овие статистики? За политички маркетинг има место....
Не знам за сигурно но мислам
Submitted by Новица on
Не знам за сигурно но мислам дека статистиката која ОН ја користи за своите индикатори е официјалната статистика на земјите членки.
А за бизнисот... каде воопшто се става бизнисот пред животот?
Статистичките податоци имаат
Submitted by Gorco (not verified) on
Статистичките податоци имаат потекло од земјата која се анализира, но ОН користи посредници за добивање на информации, кои најверојатно користат трети посредници, и така натаму.... http://hdr.undp.org/en/statistics/hdi/
Не станува збор за бизнис vs живот, туку практична примена на самиот индекс. Единствено, барем за нас, може да послужи како листа на земји најпогодни за иселување. Плус Алфа не пренесува точно и целосно: Македонија има пад од 2 места (а не 5) на ЛИСТАТА, а самата листа за разлика од 2010-та, е зголемена со 18 земји. Индексот на Македонија лани бил 0.726, сега е 0.728., додека во 2005 кога сме вклучени на листата, индексот бил 0.705.