creative commons

Undefined

CC 3.0

Tags: 

Во очекување на македонските верзии на лиценците за креативно заедничко или заедничка креативност (хе :)), да запишам само дека Creative Commons ја издаде верзијата 3.0 на лиценците. Врска.

Не пости такво нешто како Creative Commons лиценца

Tags: 

На вчерашната работилница на конференцијата e-Society.mk 2006 за Intellectual Property in the Digital Age, водена од Томислав Медак и Марсел Марс од mama.mi2, на површина излезе она за што зборував пред неколку записи на блогов во Мал придонес во дебатата за Creative Commons на македонски. Повеќето од луѓето кои се одлучуваат за Creative Commons (Википедија Creative Commons) најчесто не разбираат што е поентата и го прават тоа заради тоа што се чини кул човек да има CC иконка на својот блог.

Да повторам: Не постои такво нешто како Creative Commons лиценца!

Како што гледате од сликичката, постојат Creative Commons лиценцИ - таа мала разлика од една буква која означува дека од еднина сме преминале во множина значи дека кога ќе кажете дека вашата содржина е објавена под Creative Commons лиценца вие всушност немате поим за што се работи. Кратко и јасно, постојат 6 (различни една од друга) Creative Commons лиценци од кои вие за вашата содржина можете да направите избор. Така, на пример, можете да имате содржина под Creative Commons Attribution лиценцата - и кога ќе го кажете тоа, тогаш веќе сте го поминале првиот чекор и оставате впечаток дека знаете што зборувате. А дали разбирате - тоа останува да се провери.

Мал придонес во дебатата за Creative Commons на македонски

Tags: 

„Во последно време, растечката популарност на Creative Commons лиценците е проследена со растечко критикување. Приговорите можат да се сведат на следниве поенти: Creative Commons лиценците се фрагментирани, не дефинираат минимален заеднички стандард на слободи и права кои им се даваат на корисниците и дури не успеваат да ги исполнат критериумите за слободни лиценци и за разлика од движењата за слободен софтвер и софтвер со отворен код, тие следат филозофија на зачувување на правата на сопствениците на авторските права наместо тие да и се доделат на публиката. Сепак, ќе биде премногу едноставно само да се обвини организацијата Creative Commons за овие прашања. Со тоа што не успеале да ја постават својата агенда и компетентно да се произнесат што сакаат, артистите, критичарите и активистите имаат свој удел во нередот.“, започнува Флориан Крамер во својот (долг) текст на nettime-l кој говори за недоразбирањата околу Creative Commons лиценците.

Оваа последната реченица е можеби најзначајна за нас овде во Македонија иако артистите, критичарите и сличните многу-многу не ги засега ова прашање.

Во ситуација (реалност) кога многу малку се знае за авторските права и нивната суштина, опасноста за Creative Commons лиценците во Македонија лежи во можноста тие да станат само една лепенка на различна содржина која се појавува на интернет, или моден тренд на шизичките блогови, или бренд кој може да се користи за мачкање очи.

Текстот на Флориан е долг и има долга дискусија под него и има многу фусноти... веројатно нема многу луѓе да читаат, но за оние кои барем малку се заинтересирани го препорачувам минимум текстот на Бенџамин Мако Хил - „Кон стандард за слобода“.

Мотив за овој запис на блогов:

Метаморфозис почнале да работат
на македонските верзии на Creative Commons лиценците и се здружиле со Темплум и Контрапункт во промовирањето на истите.

Референци за Интернет содржина на македонски јазик, a во врска со темава:

Блогови каде што се споменува Creative Commons или Криејтив Комонс.

Блогови лиценцирани под некоја CC лиценца, на сервисот blog.com.mk и цел .mk простор каде што се споменува истата реченица.

Creative Commons и слободата?

Tags: 

Уште одамна прочитав на блогот на Јован дека ја сменили лиценцата на блогот и дека таа сега што ја има е најслободната... Јас би рекол дека има и една послободна лиценца.

Секако ова донекаде се сведува на BSD vs. GPL дискусијата, или на оној познатиот муабет за тоа дека со законите за ослободување од ропството, робовите добиваат, а робовладетелите губат слобода.

Но, уште пар работи се спорни со сите Creative Commons лиценци. Имено, ниедна од верзија 2 лиценците не е компатибилна со Debian Free Software Guidelines, додека од верзија 1, ми се чини дека единствена „целосно слободна“ беше share-alike (од која нема верзија 2), но сега за ова не можам да најдам кај сум го прочитал.

Како и да е, интересни работи за дискусија.

Creative Commons за ЗВР

Tags: 

Creative Commons издаде нова лиценца која се однесува на земјите во развој, поточно на авторите кои живеат во земјите во развој (како Македонија). Лиценцата им овозможува на авторите да дозволат нивните дела со големи слободи да се користат во земјите во развој, додека во развиените земји би се применувале стандардите услови на законите за авторски права (се разбира, освен ако авторот не одлучи поинаку).

Мислам дека нема што многу да се објаснува многу околу ова. Доколку оваа лиценца фати моментум, земјите во развој ќе можат многу полесно да соработуваат меѓу себе без да се плашат дека нивната интелектуална сопственост ќе биде потценета од развиените.

Инаку, одамна мислам да напишам нешто повеќе за Creative Commons, ама никако да стигнам. Па да ја искористам приликата да ве упатам на 2-3 врски плус:

  • Листа на сите Creative Commons лиценци;

Страници