Submitted by Новица on
Tags:
На вчерашната работилница на конференцијата e-Society.mk 2006 за Intellectual Property in the Digital Age, водена од Томислав Медак и Марсел Марс од mama.mi2, на површина излезе она за што зборував пред неколку записи на блогов во Мал придонес во дебатата за Creative Commons на македонски. Повеќето од луѓето кои се одлучуваат за Creative Commons (Википедија Creative Commons) најчесто не разбираат што е поентата и го прават тоа заради тоа што се чини кул човек да има CC иконка на својот блог.
Да повторам: Не постои такво нешто како Creative Commons лиценца!
Како што гледате од сликичката, постојат Creative Commons лиценцИ - таа мала разлика од една буква која означува дека од еднина сме преминале во множина значи дека кога ќе кажете дека вашата содржина е објавена под Creative Commons лиценца вие всушност немате поим за што се работи. Кратко и јасно, постојат 6 (различни една од друга) Creative Commons лиценци од кои вие за вашата содржина можете да направите избор. Така, на пример, можете да имате содржина под Creative Commons Attribution лиценцата - и кога ќе го кажете тоа, тогаш веќе сте го поминале првиот чекор и оставате впечаток дека знаете што зборувате. А дали разбирате - тоа останува да се провери.