Пораки од моето сандаче за писмата до пратениците и Мартин Нешковски

Tags: 

Следново го добив по е-пошта од мој пријател од Обединетото Кралство - Игор Граматиковски. Неколку поенти од негова страна зошто е потребно да им се обратиме на пратениците. URL-ата што се во текстот ги додадов јас.

-----------------------------

Новица,

Сакам да ти ја поздравам иницијативата за барање на конкретни акции и одговорност од страна на (идните) пратеници.

Не знам воопшто каква е практиката сега во Македонија, зашто одамна не живеам таму, но сакав да споделам некои искуства од Обединетото Кралство.

Мојот парламентарен претставник е Гленда Џексон, која некои од вас ќе ја знаат како глумица со добиен Оскар (генерација на родителите на моите родители). Во една прилика испратив писмо до нејзината канцеларија, барајќи поддршка за една моја активност – и добив телефонски повик од неа лично веќе следниот ден. Тогаш направив мало истражување и дознав дека сум бил исконтактиран не бидејќи беше изборна година, туку дека тука е законска долнжност на секој Парламентарец да одговори на секое баранје на нивен гласач – или лично или преку вработен во нивната канцеларија.

Покрај тоа, овдека е вообичаена практика (не знам дали е и законска должност) секој член на парламентот да држи редовни сесии со своите гласачи (нешто како ‘Консултации’ во МКД на факултет), и тие се одржуваат барем еднаш месечно – каде граѓаните доаѓаат со свои идеи, мислења и за жал најчесто – поплаки.

Сега, за да не испадне дека ја идеализирам ситуацијата, Гленда и јас не се сложивме и имавме 15 мин. непријатен разговор, во кој според мене, се покажа нејзиното непознавање на меѓународното право и политика, но нејсе – нејзината партија изгуби еден глас.

Многу поголема поддршка добив од мојот претставник во Европскиот Парламент, со кого сѐ уште сум понекогаш во контакт.

Сакам да испратам и голем поздрав до сите мои поранешни сограѓани, кои изразија несогласуванје со праксата на полициска бруталност во Македонија, и покажаа желба за борба и промени. А тоа самото е поголемо од идејата за поддршка на било која партија или дневна политика.

Поздрав,
Игор

„The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.“

--- Edmund Burke (1729-1797)
-----------------------------

Види и:
http://novica.softver.org.mk/node/622
http://novica.softver.org.mk/node/623
http://novica.softver.org.mk/node/624
http://novica.softver.org.mk/node/625

1 Comment

Комуникацијата со пратениците

Комуникацијата со пратениците преку писма во Македонија е симболички јака во смисла на тоа дека им сигнализираме одговорност -- им порачуваме дека од нив очекуваме да разрешат проблем без разлика дали тие навистина ќе го сторат тоа.

Примерот со Обединетото Кралство во таа смисла одговара. Тоа што е различно е што таму пратениците се бираат мнозински, така што тие се малце подлабински врзани со нивната изборна единица. Но на симболичко ниво -- многу е слично.