Submitted by Новица on
Tags:
Да си ги довршам, барем засега, мислите околу идеологијата и економијата (1, 2 и 3).
Пионерите и младинските организации од времето на СФРЈ често се сметаат за дел од широката идеолошка подлога на тој систем (и другите слични на него).
Според en.wiktionary.org пионер, меѓу другото, е некој што (в)оди напред, на пример во дивината, за да го припреми патот што ќе го следат другите.
Во либералниот капитализам тие што водат напред се претприемачите. Тие вложуваат во нови бизниси и преземаат ризик кога остатокот (мнозинството) гледа како да ги задржи своите удобни работни места. Тоа го прават за своја корист (профит), но на крај за корист на целото општество, бидејќи новите бизниси, производи, услугу и технологии ќе создадат подобри услови за сите.
Да, ова, горе-долу, е официјалната мантра за претприемништвото.
А за да се осигура дека секогаш ќе има претприемачи кои ќе одат напред за да го припремат патот за другите, денешното општество, исто како и минатото, организира пионерски одреди. Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење и Претприемничкиот сервис за млади се два вакви примери кои често организираат натпревари за нови бизниси наменети за млади луѓе. Сеќавањето ми вели дека едно време беа актуелни и разни симулации за берза наменети за студенти, но сега не можам да најдам врска до тоа на интернет.
Среќно или не, јас ги фатив двата одреда.
1 Comment
Врска до симулации за берза
Submitted by Gorco (не е верификувано) on
Врска до симулации за берза за студенти, http://www.studentskaberza.com.mk/
Пионерите работеа за идеали, друштво и неколку парчиња гардероба. Овие "инкубатори" кои ги имаш наведено како пример, заедно со главниот државен "инкубатор" АППРМ (главен проект:Поддршка за самовработување (семеен бизнис)), служат само за перење на странски пари и шетање по семинари на нивните членови. Единствен позитивен резултат од нивното постоење се обуките што ги вршат за малиот број на селектирани по нивни субјективни критериуми.
Реалната сума која тие ја даваат како награда или условени грантови, е помала од еден потрошувачки кредит, што значи дека без почетен капитал (земјоделец, само вработен на црно) нема шанси за позитивен резултат, само поради фактот што државата "молзе" со сите можни типови на арач.
Размена на бизнис идеи е еден вид на комуникација, ОДРЖЛИВ бизнис план на хартија е резултат на макотрпна работа која несмее да биде вреднувана од т.н. "инкубатори".