Submitted by Новица on
Прилог | Големина |
---|---|
pismo-partii-dpa.pdf | 29.13 KB |
pismo-partii-dui.pdf | 29.13 KB |
pismo-partii-ndp.pdf | 29.39 KB |
pismo-partii-sdsm.pdf | 29.52 KB |
pismo-partii-vmro-dpmne.pdf | 29.87 KB |
Tags:
Добив многу коментари со различни предлози... добро било - не било добро.
ОК луѓе.
Текстот е јавен, блогот ми е без копирајт. Земете, преработете, но на крај - пратете.
Денес испративме триесетина писма. Повеќето од луѓето што пратија не ги познавам, ги видов за прв пат.
Доказ:
Поентата не ова праќање на писма е да станеме свесни дека имаме право да бараме работи од нашите пратеници. Ние ги праќаме во Собранието - затоа се „пратеници“. Не мора да ми објаснувате дека „државата морала да има единица како што се тигрите“. Тоа што сакам да го постигнам тука е многу писма со исти барања во сандачето на парламентарните партии.
Ќе смени ли тоа нешто? Не знам. Ние од кампот на слободниот софтвер сме и големи идеалисти. Така пред неколку години со праќање писма до пратениците во Европскиот парламент успеавме да ги сопреме софтверските патенти во Европа. Можеби и сега нешто ќе постигнеме!
За оние што сакаат да го напраат ова од дома, сами, ги прикачувам PDF-ата. Ако праќате, пратете препорачано, така ќе ви дададат белешка и таа белешка објавете ја на интернет за да видиме сите. Цената е 66,00 денари за писмо.
За оние што сакаат да праќаат со или групно, јас ќе бидам во 18:00 ч. денес во Ла Кафе. Ќе носам примероци од писмата. Купете си пликоа, при крај ми се. :-) Најблиската пошта е во ГТЦ.
Види и:
5 Comments
Поздрав, јас се извинувам ако
Submitted by nikola kodjabashia (не е верификувано) on
Поздрав, јас се извинувам ако не бев доволно јасен оти НЕ СУМ автор на писмото но сепак сум потписник на циркулацијата (односно твој обичен граѓански истомисленик).
Сакав да го споделам како став, да ја артилулирам некако мојата лутина за таа бесмислена трагедија)... (наспроти невоспитаното феудално плукање меѓу кметовите до тој момент) и го испратив по е/пошта до Минстерството за Внатрешни работи, до Претседателот на Собранието како и до Претседателот на Република Македонија...
во меѓувреме се појавија уште неколку текстови но... сепак сметам дека писмо е убава форма...Јас сум свесен за (можеби малку) утопистичката содржина но... (како што гледам) е одлично четиво за дебата што предизвикува ем подсмев, ем и поддршка ... тоа е ОДЛИЧНО!!! и ти Благодарам на Новица... и само се надевам дека повеќемина ке бидеме подобри (или макар помалку зли) по ова писмо... срдечно Никола
П.С. ... и јас забележав колку многу умници мрчат "какво требало да биде писмото" наместо да седнат и да сработат како тебе, да споделат... ти благодарам уште еднаш, и еве наместо бонбоњера да видииш моиве писма какви се :-))) )) )
http://www.we7.com/#/album/Nikola-Kodjabashia/Penelope-X-7-songs-and-Pos...
Здраво Никола, Нема никаков
Submitted by Новица on
Здраво Никола,
Нема никаков проблем. Добро е што се шири гласот.
Новица, си дозволив да
Submitted by Никола Коџабашија (не е верификувано) on
Новица, си дозволив да коментирам во одбрана на твојата инцијатива тука http://www.okno.mk/node/12051
бидејќи мислам оти е доволно од умни анонимци кои само цинично да подбуцнуваат наместо да конструктивно да дебатираат и да придонесат без политикантска малограѓанштина. Поздрав Никола
Никола, уште еднаш ти
Submitted by Новица on
Никола,
уште еднаш ти благодарам за поддршката.
Поздрав.
Novica blagodaram na
Submitted by Predrag Terzioski (не е верификувано) on
Novica blagodaram na formulacijata na baranjeto,nisto ne e sovrseno i moze da se nadgradi , no vo momentov predstavuva odlicna platforma.Istoto treba da se praka i vo forma na mail i fax.
Eve go i mojot komentar vo okno cisto za informacija:
Baranjata si se na mesto,sto vo nasi priliki zvucat utopiski toa e vise- korenot na problemot.
Dosta cinizam dosta seirenje,
Da bideme realni da go barame nevozmoznoto.
Pozdrav
Pepi Terzioski
Brisel