Во потрага по новата КИКА

Tags: 

Клучниот збор е grassroot.

Без да бидеме премногу емотивни, сакаме да направиме простор што ќе зависи само од нас (колку и широко тоа да испадне).

Скоро една и пол година траеше КИКА, првиот хаклаб во градов, пред да биде ставен „на чекање“ поради проблеми со електричната енергија.

Го имаме прегледот на долгот на вики. Не знаеме што ќе се случува понатаму со ова, но чувството што преовладува е дека треба да најдеме друго место каде што хаклабот би продолжил да функционира.

И додека разгледуваме опции и се растрчуваме да видиме каде би можеле да се преселиме, сакаме да видиме дали во Скопје има други групи, организации или луѓе што сакаат да учествуваат во потфат за создавање на нов физички протор што ќе служи како хаклаб, или всушност било каква друга лабораторија за активности.

На 12 март (сабота) СподелиЗнаење продолжува во кафе Опера (детали ќе има навремено на блогот), и сакаме тој ден да го искористиме и за муабет со било кој што е заинтересиран за оваа идеја.

Случајни и неслучајни сурфери на овој блог, молам проширете го муабетот.

3 Comments

Wow... ама долгот не е

Wow... ама долгот не е направен од страна на КИКА, туку важи за цел објект? :/ Може да се контактираат YES инкубатор, знам дека таму обезбедуваат простор за нови бизниси, па можеби може да обезбедат простор за нешто вакво... би предложила и ФЕИТ/МФС, ама тие и така немаат доволно простории за целосно да се отстапат :(
Веројатно ќе бидам во Опера, се гледаме.

Да појаснам. Бараме локација

Да појаснам.

Бараме локација која е лесно достапна за што поголем број на заинтересирани граѓани, најверојатно во пешачката зона во центарот на градот. Поентата на ова е да има јавен превоз во близина, од сите страни на градот и лесна комуникација со дадениот простор.

ФЕИТ/МФС е приказна која е зад нас (СподелиЗнаење се случуваше на ФЕИТ 2006/2007, но поради интерни недоразбирања и суети на факултетот решивме да бараме друго решение и се префрливме во Точка), повторно да се оди таму не е опција, она што можат да го понудат е некоку часа амфитеатарот или некоја од предавалните. Нам ни треба простор за функционирање 24/7, каде можеме да ја сместиме библиотеката на 2с.мк и компјутери, рутери, свичеви и друга опрема која ја поседуваме.

Други опциии и идеи се повеќе од добре дојдени!

Здраво, Јас сум случаен

Здраво,
Јас сум случаен минувач на сајтов преку твивт.... но активен tech geek :) имам една идеја за место но незнам дали ќе може да се рализира... местото е кај завод за вработување на ул. Васил Ѓоргов кај лаф муабет кафаната (мислам дека знаете сите каде е )... таму има државни бараки во кој има најразлични организации. Мојот покоен дедо имаше канцеларии неодамна т.е здружение на граѓани, бидеќи тие се слободни во овој момент а јас имам клуч, треба да прашам како иде процедурата за плаќање на струја, интернет итн (информацијата ќе ја добијам од мојот вујко), мислам дека ќе можам да издејствувам доколку сте заинтересирани да се сместите во тие бараки.

п.с те молам контактирај ме на маил.

поздрав Огнен