Хакери од минатото

ПрилогГолемина
HTML icon hakerite-i-hakerskiot-sindrom.html21.51 KB

Tags: 

Деновиве во средното училиште „Раде Јовчевски - Корчагин“ се подготвуваат за 50 годишен јубилеј.

Оттаму добив повик за да им помогнам да пронајдат стари материјали од корчагинската „Визија“. На едно CD со back-up на податоци од Win98SE најдов колекција текстови кои на времето со Срѓан ги спремавме за веб страницата на списанието.

И меѓу нив и текст за „Хакерите и хакерскиот синдром“ на Кирил Видимче од Визија бр. 1 од 1993 година.

Не знам дали текстот ќе се најде во потесниот избор за the-best-of бројот на „Визија“, но еве го тука за хакерите од планета и другите кои го читаат блогов. :)

6 Comments

Најбољи сме! :)))) Ќе го

Најбољи сме! :))))
Ќе го ставиш ли архивот некаде да видам што сум правел не времето?
Мала бомбона од минатото, старите текстови на македонски беа пишувани со мк фонтови и имав направено Word макро да ги префрли во кодифицирана кирилица.

Срѓан, ги немам HTML

Срѓан, ги немам HTML страниците. Имам само Word документи. Во Mac C Swiss се сите. :-)

Ми се јави Цобе откако му се

Ми се јави Цобе откако му се јавил Новица и вчера се видовме со Мери (новата уредничка после 5 години!)... копав кај мене, ама изгледа сите битни ЦД-а со броевите пред печатење, ми ги нема :((( имам само неколку дизајни на страните и текстовите од моите броеви... и насловните симнати од сајтот ама во многу лош квалитет...

Старите броеви во хард копи се во едно шкафче во РЈК, сеуште, им реков да ја обијат бравата и да ги скенираат :)) Е сега, сајтот не функционира од 2004/05, така што можно е ако го чуваат уште истиот сервер во РЈК да стојат сите броеви на него... ќе им пишам на луѓето што го одржуваа да не имаат некој бекап! Во меѓувреме им реков да ја прашаат Мими и да видат дали има нешто на него зачувано...

п.с. сакал ОНО во јубилејниот број интервјуа со сите „славни“ политичари што завршиле во Корчагин.... бљак.

Па не му е лоша идејата на

Па не му е лоша идејата на ОНО, може да се направи еден спин на таа тема, интервју со сите „славни“ политичари, под наслов најлошто од Корчагин што останало во Македонија.

Јес да уште подобро интервју би било со сите корчагинци од визија што не се тука, каде ја нашле својата среќа, и што прават таму, кои им биле соништата и плановите, а кои им се сеа визиите и ставовите.