Во рамките на истражувањето кое го нарачало германското министерство за внатрешни работи, група социолози од трирскиот универзитет поминале многу време во друштво со хакери (hackers), сакајќи да стекнат вистинска слика за она што жесто се нарекува „хакерски синдром“, како и за последиците од долготрајното работење со компјутери.
Вкоренатите предрасуди за компјутерите и луѓето што ги користат, се одоколу вакви: во својот дом и во разни компјутерски центри седат неуредни млади луѓе во неиспеглана облека, со суви лица и пропаднати очи. Нивните суви раце грчевиро чукаат на тастатурата, а очите фиксирано им зјапаат во монитор. Кога не седат покрај компјутер, шараат по непрегледни компјутерски исписи. Нивните запуштени тела говорат за тоа колку останатиот свет ги засега, како и за тоа дека за нив постојат само уште комјутерите.
Германските социолози со детална студија (R. Eckert et al., Im Schatten der Computer – Mythen. Zur kulturellen Praxis und der Specialkulturen von Hackern, Programierern, Crackern und Spielern. Eine entographische Untersuchung, Trier 1990) темелно го проучиле светот на хакерите и воглавно го растуриле горе навадениот романтичен мит. Матријалот долг преку тристотини страници го собрале поминувајќи го времето на компјутерски саеми и собири (CeBIT ’90 – Хановер, Chaos Communications Congress 1989 – Хамбург, и др.), како и од посетите на позначајни германски клубови на програмери и компјутер fan–ови. Во текот наедна година направиле 62 поединечни интервјуа, секое во траење од саат до два, како и петнаесет интервјуа преку компјутерски мрежи.
Заклучоците до кои дошле се мошне интересни и мошне важно е да се истакне дека за хакерите едно мислење имаат тие самите, а друго социолозите.
Хакерите се (воглавно) млади луѓе на кои техниката од мали нозе им била блиска, и кои како деца сложувале технички сложувалки и разложувале разни направи. За илустрација:
„Од својата осма година на животот сложував направи и се занимавав со електроника. Сега тоа го работам нешто поретко, но техниката секогаш ме интересирала. Како клинец, стариот ми купи TSC компјутер за кој брдунапишав мали програми.“
„Болеста“ е многу „заразна“ и се пренесува со директен контакт со веќе „заразената“ личност. Друг извор се директните бесплатни контакти со компјутер во стоковните куќи (од овој извор засега нема зошто да се плашите во нашата земја). Пример:
„Со компјутери се занимавам од ’84. Можеби тоа беше некоја година порано, кога во Друштвото за примена на електроника та стгна првиот ZX 81 (еден од првите куни компјутери кои масовно се продаваа).“
По набавувањето на првиот комјутер само е прашање на време, надворешните состојби и особениот интерес, дали личноста ќе стане „хакер“, „играч“, „програмер“, „разбивач“ или „уништувач“. Некои од овие подгрупи се деструктивни, но за среќа преставуваат малцинство. Поголемиот број возрасни хакери променуваат повеќе компјутери и интересни свери. Ова може да го согледаме во следниве изјави:
„Со компјутери се занимавам од 1984 год. кога купив Commodore 64 и го платив, верувале или не, 1000 DEM. По две години се префрлив на Commodore 128 и баш кога сакав да купам Amiga (1988), видов кај брат ми еден PC-XT. По месец дена купив PC кој и сега работи. Модем набавив пред месец дена и тоа Discovery 1200 modem card.“
„Започнав со ZX 80, потоа следат ZX 81, HP-28, HP-67, HP-14 CV, Sharp PC-1500, C64, Sharp PC-1500A, Atari 1040ST, Sharp PC-1600, AT 386SX. Од сето тоа ми остана само Sharp PC-1500 и Atari ST. Моментално работам на 386-33 кој лично не е мој, но бидејќи на него никој друг не работи, тогаш исто како де е!“
„Програмирав на се што ми падна под раце, од славниот TI58-59 на Sharp, Casio, CP/M, Apple, Commodore 64, Z80 во разни варијанти, 6502 (во споменатите), 8250 ROM Basic, PC серија, учествував во проектирањето хардвер итн. Сега воглавно се гњавам со micro VAX (поточно со тројца вмрежени). Покрај програмирањето се занимавам со секакви компјутерски работи, од курсеви до DTP (DeskTop Publishing), и од бази на податоци до пресметување на камати.“
И уштеедна интересна изјава:
„Во раната младост правев програми на машинец за Sharp PC-1500. Да ми е сега овој ум, а онаа младост, тоа не би работел ама не ми е жал. Во последно време воглавно се занимавам со изработка на програми од областа на градежништвото. Многу работам. Имам полно идеи (програмерски и др), ама малку ми е еден живот да ги реализирам.“
Училиштето за развојот на младиот хакер, за жал, нема многу влијание, освен дека во негу премалку оптеретемиот млад човек безгранично се досадува. Не е реткост на часовите по информатика поединци да знаат повеќе за предметот од наставникот. Така барем се наведува во студијата, односно таква е ситуацијата во Германија. Кеква е ситуацијата во Република Македонија?
Општо познат факт е дека хакерите најмногу творат на возраст од 16-22 години бидејќи во тие години можат многу полесно да ги фокусираат своите мисли и енергијата кон проблемите кои ги решаваат. Исто така вотие години кај нив најприсутен е еланот за работа. Обично хакерите се интересираат за сите свери на животот, но никогаш паралелно не работат на повеќе работи. Тие ќе се заинтересираат за нашто, а потоа се концентрираат ислкучиво на таа работа. Со овој начин на гледање на работите се постигнува максимална ефикаснот и рационалност.
Ваквиот начин на размислување доаѓа во судир со училишниот систем во нашата земја, според кој овој начин на размислување преставува ограниченост. Но дали е навистина така? Хакерот, кога учи нешто, сака да го научи перфектно, а не само површно. А зарем не е површно учењето во гимназиите каде се учи се и сешто, а практично ништо.
Затоа може да се заклучи дека системот во нашата земја ваков каков што е, оди само на штета на хакерот (а и не само на него).
Поубавиот пол воглавно е мртов-ладен во однос на компјутерите и со нив евентуално се запознава на работа. Главна причина за таквата состојба, според студијата, треба де се побара во општо прифатениот став (но не на секого) за местото на девојката и жената во општестовто. Така ретки се оние девојки кои ги натерале своите родители намест „Barbie“ кукла да им купат „Commodore 64“ или барем „ZX Spectrum“. За време на собирањето матријал, социолозите не успеале да стапат во контакт ниту со една хакерка, и покрај тоа што интервјуираните машки припадници на хакерската популација навеле дека од време на време знаат да налетаат на по некоја девојка. Кај нас состојбата е слична.
Лично сметам дека заинтересираноста на девојките е сага засека латентна, но дека постои, и дека еден поинаков пристап на општеството, со еманципација на жената и нејзиниот статус во тоа општество (кој несомнено мора да се изедначи со оној на мажот), ситуацијата ќе се измени.
Компјутерските активности на хакерите не доведуваат до занемарување на нормалните општествени активности. На компјутерските мрежи и BBS-ови (Buletin Board System) дојде до права ренесанса на пишување на писма на други луѓе, како и на разговарање за теми од компјутери, спорт и политика, па до храна, музика, забава и сл. и тоа пред многу поголем аудиториум отколку во обичниот живот.
Разновидноста на хакерските активности можеме да ги согледаме во следниве мошне интересни изјави:
„Страсти (покрај комјутерите): секс, Херберт („Дина“), едрење (по море), пишување, пушење (на добар тутун), Coca-Cola. Сака уште и добар разговор, лазањи, пријателите, бајки, SF (научна фантастика), природа и зафрлени краеви, нови познанства, добри книги, да се смее, да пие кафе од скршена чаша, чај со лимон, да спие (како можев тоа да го заборавам, па тоа е најважно од се), убаво време, креативен неред во соба, чизми, добри моливи, да го возат, својот пекинезер, и ех, ах, својата девојка.“
„Сака убави жени, брзи автомобили, брзи програми и брзи комјутери. Сака и да јаде.“
„Спорт: ронење. Обожава скијање. Сака да игра и тенис (и поктај тоа што појма нема).“
„Хоби му е собирање постери, конзерви и други „преку потребни“ работи, свирење (на клавир и синтисајзер). Ги сака сите видови музика (освен народна). Сака книги („Гордост и предрасуда“, „Џејн Ејр“, „Клетници“, „Други богови“,...).“
Фамилијата е една од ахиловите пети на хакерите. Владее мислење дека штом некој хакер ќе стапи во брак, тој неповратно ја губи способноста за работа. Дали, и ако е така, зошто?
Според некои размислувања, се додека хакерот е без некои поголеми обврски и се додека не се наоѓа во некои стеги, тој најдобро твори. За многумина хакери, бракот е стега, бракот носи големи обврски, така да довчерашниот млад, енергичен човек, омлитавува и ја губи својата способност. Општо е позната една мисла, според која хакерот бира помеѓу бракот и компјутерите. Според истата, овие две работи се неспоиви, односно едното со другото воопшто не оди.
Дали е навистина така, на вас е да процените.
Компјутерите станаа многу распространета алатка, а хакерите дел на секојдневицата, кои на своето хоби и многу веројатно, на својата идна професија, посветуваат поголем дел од своето време и пари. Бидејќи, и за обична употреба на компјутерите, за било која намена, е потребно солидно знаење, а за посериозна работа се бара многу повеќе. Хакерите се многу автономни луѓе: освен првиот компјутер, кој е обично поклон од родителите, останатите се главно самофинансирани.
Хакерите воопшто не спаѓаат во оние кои безрезервно ги прифаќаат сите новини кои ги исфрлува микроелектронската индустрија. Тие сами ги тераат апаратите до граница на изфржливоста, така да нивните оценки за корисноста и квалитетот имаат голема тежина.
Авторите на студијата одат дотаму да дури му предлагаат на германското министерство за внатрешни работи да ја проучи можноста клубовите на компјутераши да ги превземат критичните задачи врзани за ширење на новите медиуми (electronic mail - e-mail, односно електронка пошта, конференциските системи, користењето на јавни бази на податоци), слично како веќе во пракса применетото, ангажирање на еколошки групи со цел заштита на човековата околина.
На оние кои со одбојност и неразбирање гледаат на, за нив туѓиот свет на компјутери, социолозите покажуваат дека нивниот став е безпричински. Како што постојат пасионирани колекционери на поштенски (и други) марки, радио-аматери и хоби-астрономи, клубови обожаватели на овој и оној, така постојат и хакерски групи кои во големо мнозинство работат позитивни работи, а негативни примери има од сите подрачја на животот.
~ Кирил Видимче, Визија бр. 1, 1993 г. РЈК